Куќи во Детроит на продажба

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Баш таму одсекогаш сакав да живеам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не ја разбирам Америка, ај некој нека објасни шо е финтата?
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
945
Поени од реакции
1.196
Не ја разбирам Америка, ај некој нека објасни шо е финтата?
Детроит пред некој ден прогласи банкрот. А со куќиве појма немам што е, сигурно не планираат да го опраат буџетот со продавање на куќи.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Детроит пред некој ден прогласи банкрот. А со куќиве појма немам што е, сигурно не планираат да го опраат буџетот со продавање на куќи.
Зошто прогласи банкрот, од кои причини? Каква структура е населението, ресурси, Бела куќа нели им помага?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949
Зошто прогласи банкрот, од кои причини? Каква структура е населението, ресурси, Бела куќа нели им помага?
зошто би им помогнала белата куќа.ако банкротот е иссцениран од неа?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949
Ама незнам затоа прашувам.
Детроит не е Велес, да затворат нокатекс, порцеланка и топилница и толку...Детроит е светски центар на автомобилската индустрија, каде што има вложено милијарди и милијарди долари, овој банкрот се крчка подолго време, и не верувам дека е случаен. која е позадината во скоро време нема да се знае.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
945
Поени од реакции
1.196
Зошто прогласи банкрот, од кои причини? Каква структура е населението, ресурси, Бела куќа нели им помага?
Намалувањето на популацијата се наведува како главен фактор. Во последните десет години се одселиле 250.000 луѓе. Според мене голем удел имаше и автомобилската криза, бидејќи Детроит е (беше) еден од најголемите центри во автомобилската индустрија. Белата куќа им помогна со тоа што го купи General Motors за да го спаси од банкрот, но очигледно и тоа не помогна. Мичиген како сојузна држава сама треба да се справи со финансискиот проблем на Детроит, а САД мислам дека може да помогне само ако тоа се изгласа во Конгресот (или како и да се вика).
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ама незнам затоа прашувам.
Детроит бил еден од најдобрите индустриски центри, таму била сместена автомобилската индустрија, откако ги имаат преселено фабриките во Кина и во Мексико Форд, ГМ и Крајслер, градот од неколку милиони жители се има намалено на неколку стотици илјади.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нешто ми останало во глава, дека во тој град имаше многу Македонски иселеници, што се случи со нив?
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Господ знае у какви гета се овие куќи, очигледно е дека сопствениците сакаат да се решат од куќите како и даноците кои мора да ги плаќаат секоја година.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Деновиве на многу места читав за оваа „судбина“ на Детроит,
најповеќе ми удри во глава тоа намалување на жителите.
И веднаш си помислив и ова Скопје го чека по 20 години.
Да видиш да не веруваш,сепак памтете и ќе се уверите.
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.761
Поени од реакции
20.472
Нешто ми останало во глава, дека во тој град имаше многу Македонски иселеници, што се случи со нив?
Македонец е главен во тој град, Мајк Илич. Ги поседува бејзбол и хокеј тимовите во Детроит преку неговиот холдинг.
Негови се и пицериит Little Caesars кои постојат од 1959.

Целата економија на градот е зависна од автомобилската индустрија на Америка. GM е еден од главните светски производители на автомобили и автомобилски делови (од што се стабилни направија и во Бунарџик еден погон). 1/4 од населението од Детроит е вработено во јавниот сектор, и тие го сочинуваат првиот голем бран на иселеништво кој почнал пред 20 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom