Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво луѓе, сефте пишувам во подфорумот за животни, дома купивме кученце од расата Малтезер, за два дена ќе има 2 месеци и треба да ја прими 2рата вакцина. Кога го донесовме ептен беше кротко, уплашено, еве веќе помина една недела почна да дивее низ дома, но го заприметив како гризе се што ќе стигне, додека го галиш пробува да те гризне, растрга весници, папучи, буквално на што ќе наиде. Дома е во центар на внимание па никој не го кара. Прашањето ми е дали треба да се поставиме малце построго према него или сето ова е нормално додека е волку мало и со текот на времето ќе се смири, сакам да стекне дисциплина пошто како што знам железото се кова додека е жешко :) ќе се дружиме почесто, ќе прашувам се што ме интересира зашто првпат чувам дома милениче од овој вид :) Поздрав
 
Бидејки темава е општи муабети еве кој не бил на вчерашната изложба на кучиња во Велес да види ако сака ..
http://www.facebook.com/media/set/?set=a.3006897536210.2125843.1375577083&type=3
http://www.facebook.com/media/set/?set=a.3007364587886.2125851.1375577083&type=3

http://a6.sphotos.ak.fbcdn.net/hpho...144742390_1375577083_2296109_1922797121_n.jpg
http://a5.sphotos.ak.fbcdn.net/hpho...07460390281_1375577083_2296387_92905110_n.jpg

И шампионот, дефинитивно најубаво куче што го видов барем :D
http://a2.sphotos.ak.fbcdn.net/hpho...496711189_1375577083_2296445_1323623168_n.jpg
 
Другар мој вчера зема прво место со 9месечна шарпланинка,може си ја видел.Еве ја:
548292_293637527382774_100002095879079_663311_1823877157_n.jpg
 
Сигурно сум го видел ама да запамтам тешко, премногу кучиња имаше пред се шарпланинци .. инаку убаво куче (y)
 
Здраво луѓе, сефте пишувам во подфорумот за животни, дома купивме кученце од расата Малтезер, за два дена ќе има 2 месеци и треба да ја прими 2рата вакцина. Кога го донесовме ептен беше кротко, уплашено, еве веќе помина една недела почна да дивее низ дома, но го заприметив како гризе се што ќе стигне, додека го галиш пробува да те гризне, растрга весници, папучи, буквално на што ќе наиде. Дома е во центар на внимание па никој не го кара. Прашањето ми е дали треба да се поставиме малце построго према него или сето ова е нормално додека е волку мало и со текот на времето ќе се смири, сакам да стекне дисциплина пошто како што знам железото се кова додека е жешко :) ќе се дружиме почесто, ќе прашувам се што ме интересира зашто првпат чувам дома милениче од овој вид :) Поздрав
И ние имаме млад германски шпиц прилично мали остануваат и ние неможеме да го скротиме лудува по дома и лом све прави.Ќошовите на мебелот се лом,а има коска за забите.Почнавме со прскалка таква за стакло да го прскаме(мислам со вода само) кога почне да прави бељи.Па ете се одвикна од гризењето мебел и влечки,ама пошо сака нонстоп да излегува надвор,вратата целата ни е гребнатинки.
 
Бидејки темава е општи муабети еве кој не бил на вчерашната изложба на кучиња во Велес да види ако сака ..
http://www.facebook.com/media/set/?set=a.3006897536210.2125843.1375577083&type=3
http://www.facebook.com/media/set/?set=a.3007364587886.2125851.1375577083&type=3

http://a6.sphotos.ak.fbcdn.net/hpho...144742390_1375577083_2296109_1922797121_n.jpg
http://a5.sphotos.ak.fbcdn.net/hpho...07460390281_1375577083_2296387_92905110_n.jpg

И шампионот, дефинитивно најубаво куче што го видов барем :D
http://a2.sphotos.ak.fbcdn.net/hpho...496711189_1375577083_2296445_1323623168_n.jpg
Па нормално дека ротвајлер ќе биде, не да се јачам ама... :pos::vozbud: шо се убаи убаи си се....:love:
 
Денеска ми го донесоа педигрето, вака како што гледам цела фамилија му се прваци по балканов имаат многу награди добивано :D
 
Дали во Македонија има легло од Унгарска Вижла или Германски Кратковлакнест Птичар? Колку се движат цените за овие кучиња?
 
nekoj da mi kaze nesto protiv krlezi
sega mu e sezona na krlezite,i vcera mu izvadiv 2 na kuceto i sekako ocekuvam uste da zakace :)
vo zemjodelska apteka ima nesto kako sprej i se sprica kuceto ednas nedelno okolu 180den(toa e najeftino,inaku vo vet.bolnica se okolu 400 500den i mi kazaa nekolku vidovi)
inaku ova sto e od zemj.apteka e za povike vidovi bubacki i neznam dali ke bide efikasno

Ампула „Фронтлајн“ или „Протектор“.
Коштаат 350 - 400 денари и заштитуваат од крлежи и болви околу 2 месеци.
Дали во Македонија има легло од Унгарска Вижла или Германски Кратковлакнест Птичар? Колку се движат цените за овие кучиња?

Легло од Унгарска Визла нема во Македонија.
Во МК има само неколку Унгарски Визли и мислам дека се сите мажјаци.
Војо (дечкото што е експерт за рептили) има куче од оваа раса.

Германските кратковлакнести птичари ги има во МК, и можеш да најдеш малечко кутренце за околу 200 евра.
 
Машкиот пинч Снупи, со кој Лулу е моментално во друштво утре ќе го кастрираат. Се надевам дека ќе му се намали агресијата. И онака си беше агресивен и доминантен, но откако откри дека Лулу е женско:pipi: , не се поднесува.
Неможам ни да ја искарам ако направи беља, ќе застане пред неа и ржи, си ја брани девојката :)
 
Здраво луѓе, сефте пишувам во подфорумот за животни, дома купивме кученце од расата Малтезер, за два дена ќе има 2 месеци и треба да ја прими 2рата вакцина. Кога го донесовме ептен беше кротко, уплашено, еве веќе помина една недела почна да дивее низ дома, но го заприметив како гризе се што ќе стигне, додека го галиш пробува да те гризне, растрга весници, папучи, буквално на што ќе наиде. Дома е во центар на внимание па никој не го кара. Прашањето ми е дали треба да се поставиме малце построго према него или сето ова е нормално додека е волку мало и со текот на времето ќе се смири, сакам да стекне дисциплина пошто како што знам железото се кова додека е жешко :) ќе се дружиме почесто, ќе прашувам се што ме интересира зашто првпат чувам дома милениче од овој вид :) Поздрав

Здраво DANTE , добредојде во подфорумот Животни, како што е редот да се претставам, јас сум Модератор на подфорумот Животни и ако имаш некои нејаснотии во врска со кучињата (грижа, исхрана, воспитување ...) и сл. слободно прашај, и јас и останатите членови ќе ти помогнеме и ќе ти дадеме совет.

Гризењето е сосема нормално однесување за 2 месечно кученце, кученцето не прави ништо погрешно, тоа само си се забавува и си игра.
Купете му многу играчки за да се занимава.
Папучи, кондури и слични работи гледајте да не се на дофат на кученцето.
Исто така дозволувајте му постојано да си игра со *неговите* играчки, но немојте да му дозволувате да ве гризе по вашите ракави или да ве тегне по панталоните бидејќи треба да му ставите дознаење дека ракавите и панталоните не се *негови* играчки.
Значи треба да се поставите како АЛФА и несмеете да го размазувате.
Ќе ти препорачам да ја прочиташ темата за Алфа статусот
 
Фала за информацијата, вчера прими втора вакцина и нешто му ги чистеле ушите со хидроген пошто цело време се чешкаше кај ушите. Добар е сега, вчера малце го болеше местото на вакцината ама чим почна пак да трча како улав значи е ок.
Е сеа ме интересира цело време бара да јаде. Му даваме по 40 гр на ден од таа храната Ројал ама бара повеќе, вчера ветеринарката рече да му дадеме малце повеќе ама да не претераме.
Иначе на кој начин да го предупредам дека не прави како што јас сакам?
Да го удрам со весник малце така?
 
^ DANTE

По колку пати на ден му давате да јаде на Малтезерчето ... т.е. днената доза од 40 гр на колку оброци ја распределувате ?

Инаку куче не се воспитува со удирање со весник.
Остај ги тие примитивни размислувања на прости луѓе.
Кучето се воспитува на психолошки начин, а не на насилен начин.
Значи тепање на кученцето со весник - заборави !

Имам еден многу добар пост напишано во врска со тепањето со весник, утре ќе прочепкам по старите страни од темава и ќе ти го постирам.

BTW: Мислењето дека куче се воспитува со тепање со весник е исто толку погрешно колку што е погрешно и мислењето дека „Кучето несмее да се гали / допира додека јаде“ бидејќи ќе те каснело ... If you know what i mean :)
 
Имам хаска (машко) месец и пол, прв пат чувам куче па доколку има некој нешто посебно да ме посоветува или да ми порача нека пише.
Гледам дека има се и сешто пишувано на форумиве, но ме интересира некој да каже од лично искуство а не само копирано од интернет.
 
^ >>ЕкО<<

Како дојде до таков заклучок дека тоа што се пишува по форумите е копирано од интернет, а не е напишано од лично искуство ???

Еве, јас и многу други членови на форумов Кајгана сето тоа што го пишуваме е од лично искуство.
Јас на форумов сите совети што ги давам ми се од лично искуство.

Еве како за почеток, прочитај ги моите постови на форумов Животни, ќе научиш многу корисни совети од мене.
Прочитај ги овие теми: (темите ти ги поставив во линкови за да ти олеснам да не ги бараш низ форумов) :)

- Алфа статус
- Женки / Мажјаци
- Храна за кучиња

BTW: Си избрал погрешна раса и погрешен пол како за прво куче.
Хаските (и сите останати поларни раси) се многу инаетливи и тврдоглави, а тоа што полот на кучето е мажјак дополнително ќе ти ја отежни ситуацијата.
Секој човек што првпат чува куче, многу полесно ќе си помине со женка отколку со мажјак.
Женките многу полесно се помируваат со Алфа сатусот, додека пак со мажјаците ќе ти биде многу потешко да се наметнеш како Алфа.
Веројатно сега се чудиш од колкаво значење е Алфа статуот во семејството, но со тек на време ќе сватиш :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom