Купување преку интернет (генерална дискусија)

Член од
29 ноември 2013
Мислења
11
Поени од реакции
4
За пратки примени по пошта физичките лица се ослободени од давачки при влез доколку вредноста на стоката заедно со трошоците за испорака не надминува 45 евра. Во спротивно се плаќа царина со единствена царинска стапка во висина од 15% од вредноста и ДДВ со стапка од 18%. Во даночната основица се вклучува вредноста на стоката со износот на царината.

Нигде не пишува за тежина на пратката :confused:
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961

Старо е ова , ако имаш среќа нема да ти царинат ништо ако немаш може и за ситница да те царинат , јас имав 2 пара патики и тежеа 1.7кг и ми ги фатија поради тежината инаку кога нарачував по 1 пар си поминуваа без проблем , кога ми ги царинеа им го кажав истото дека до 45 е не се царинат тие ми кажаа дека нема врска цената се плаќа 25% царинска давачка и 18% ддв за обвки.
 
Член од
29 ноември 2013
Мислења
11
Поени од реакции
4
Све забегало!!!
Епа тогаш ако треба и ќе се расправам со нив !!!:mad:
Нека си ја средат веб страната :D

А некој има во брзо време нешто нарачано ...ја минатиот петок направив нарачката и ич не сум стрплива едвај чекам да стигне :vozbud:...ама да не искочи па да касни заради празнициве што има многу нарачки ....:(
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Има ли некој порачувано преку bookdepository.com ?
Ми пишува дека имам проблем со картичката,имам Виза од Стопанска банка и имам порачувано до сеа со неа без проблем.
Во што може да е проблемот? И колку време и треба на парите да ’’легнат’’ на сметката откако ќе уплатиш во банка?
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363

Ако те пренасочува плаќањето да е преку Paypal неможиш да платиш бидеќи не е активен во Македонија, ако те дава директно на картица тогаш пробај стави уште 100-150 денари плус и пробај пак, курсевите не се секаде исти. Ако и тоа не ти успее контактирај ги во Стопанска Банка АД Скопје и прашај таму (можеби немаат договор за работење конкретно со нив пример).
Парите одма легнуваат на сметка.
Немам искуство конкретно со оваа страна, но додавањето на некој денар плус со сигурност тврдам дека кај мене успеало.
 
Имам некои си 100 денари повеќе на сметката. Ова ми го пишува
The card you have provided has been declined by provider, please check your details or try another.
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Имам некои си 100 денари повеќе на сметката. Ова ми го пишува
The card you have provided has been declined by provider, please check your details or try another.
Провери уште еднаш дали ги имаш внесено точно информациите од картичката но чисто сумљам дека е до тоа, можеби имаат проблеми со системот за овластување. Aко не успејш би ти препорачал да им се јавиш во 24часа контакт центар и да ги прашаш таму 02 3100 109.
 
Член од
29 ноември 2013
Мислења
11
Поени од реакции
4
од Стопанска има посебни интернет картички неможеш со обична Виза картичка да нарачаш ...
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.733
Поени од реакции
11.571
Не сум нарачувал до сега никогаш, утре планирам да ги нарачам следниве 2 работи

http://www.aliexpress.com/item/Hot-sale-Original-back-housing-cover-battery-cover-for-HTC-One-X-S720e-G23-Black-White/882821489.html
http://www.aliexpress.com/item/Tyre-Tread-Soft-Silicone-Case-Cover-For-HTC-ONE-X-Black-Screen-Protector-10pcs-lot-Wholesale/1071773159.html

ќе искочат околу 15 евра заедно, прашањето ми беше за царини такви глупости... ќе има некаков проблем или само да нарачам и да чекам? и за колку време од прилика би стигнале? :)
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.165
Поени од реакции
1.393

Би требало за околу 3 недели да стигнат ако не се оддолжи заради претстојните католички празници, нема да има царина, се разбира.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.728
Поени од реакции
2.546
Има ли некој порачувано преку bookdepository.com ?
Ми пишува дека имам проблем со картичката,имам Виза од Стопанска банка и имам порачувано до сеа со неа без проблем.
Во што може да е проблемот? И колку време и треба на парите да ’’легнат’’ на сметката откако ќе уплатиш во банка?
Ја порачав пред недела-две, немаше никаков проблем со плаќањето, си интернет виза картичка баш од стопанска банка.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Ја порачав пред недела-две, немаше никаков проблем со плаќањето, си интернет виза картичка баш од стопанска банка.
Да не е нешто па со книгата проблемот,можеби таа не ја праќаат во Македонија или незнам шо.
Dance with dragons од Џорџ Р.Р.Мартин сакам да ја порачам.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.728
Поени од реакции
2.546
Да не е нешто па со книгата проблемот,можеби таа не ја праќаат во Македонија или незнам шо.
Dance with dragons од Џорџ Р.Р.Мартин сакам да ја порачам.
Ако ти пишува проблем со картичката, тогаш таму е проблемот. Ако не праќаат во Македонија (што не е случај) ќе добиеш токму таква порака.
Провери дали сите податоци се во ред и дали имаш доволно пари на картичката. И пробај повторно, можеби баш во тој момент имало некоја пречка во комуникацијата со процесинг центарот.
 
Член од
20 јуни 2012
Мислења
147
Поени од реакции
40
Дали знае некој дали уште важи законот дека под 45 евра не треба да ти царинат пратка ?
и ако знае некој каде може да се најде во pdf или точно кој во член од законот за царина е тоа
Ми треба информацијава што е можно побрзо
 
Член од
17 септември 2013
Мислења
192
Поени од реакции
50
Дечки ако се порача телефон од нет се плаќа само ддв 18% или и данок 5%?
И дали се плаќа шпедиција ако те пратат на царина?
Кои се давачките за телефон, на различни места различно пишува, со луѓе што сум правем муабет некои платиле само 18 ддв некои и царина + шпедиција и збунет сум.
Некој што порачал да каже.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom