Култура на превенција,наместо култура на лекување на проблемите

Член од
10 јуни 2012
Мислења
129
Поени од реакции
23
Посл долго размислување и пратење на голем број од филантропските акции на личности како:Џорџ Сорос ,Бил Гејтс,Ворен Бафет ,Опра Винфри... дојдов до заклучок дека во светот многу малку се работи на превенирање на општествените проблеми,а премногу на нивното моментално решавање и ,,лекување".Најблиску до моите сфаќања за ,,правилниот'' модел на хуманитарни и филантропски акции се акциите на Сорос и неговата фондација ,,Отворено општество''.Според мене треба да се развива културата на превенција на општествените проблеми наспроти моделот на ,,лекување'' на општествените проблеми.Сите сме свесни дека образовниот систем кај нас не е на потребното ниво,а минималниот број на акции за промоција на информалното образование нема многу да помогне доколку е насочен кон погрешна целна група на луѓе.За да се превенира оваа ,,неинформираност и необразованост која е особено истакната во однос на финансиите" треба да се развие нивото на застапеност на информалното образование достапно за младите и свеста за потребата од информално образование.Не е доволно само да се инвестира во информално образование кое би го прифатиле малкумина,потребно е да се развие свеста за информалното образование (кое е заслужно за најголем дел од нашето знаење ) кај младите уште од помала возраст за тие подоцна активно да го користат.Како друг проблем е најчесто посочена невработеноста и сиромаштијата во светот.Не е доволно само да се донираат пари за отворање на јавни кујни и директни донации до економски загрозените семејства,потребно е да се развие кај нив свеста за потребата од образование(формално,информално и неформално),да се вклучат активно во општествените акции,да им се овозможи полесен пристап и контакт кон компаниите каде подоцна би се вработиле,да се воведе стажантска работа итн...
Свесни сме дека голем дел од акциите ги преземаме кога пред нас ќе се отвори некој проблем и ние сакаме да го решиме.Но,сметам дека нашата цел како хумани луѓе треба да ја гледаме во превенирањето на овие состојби и подигањето на општествената свест.
Имам идеја за организирање на акција која би имала за цел да ја истакне потребата од квалитетно информално образование кај најмладите,потребата од квалитетно формално образование,разбирање на општествените проблематики,подигање на свеста кај граѓаните за општествените проблеми...Овде не се работи за вообичаена хуманитарна акција која има за цел краткорочно да реши некој проблем ,туку за акција која е насочена кон тоа да ја посочи важноста на некој проблем и потребата на превенција кон понатамошниот развој на тој проблем.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom