Кратово - Историски град кој прераснува во туристичка атракција

Член од
18 април 2010
Мислења
2.647
Поени од реакции
3.548
Пред неколку години ова изгледаше како депонија, а сега видете како изгледа, вели средовечен жител на Кратово.

Од депонија и запуштен простор, ѓубре расфрлано на сите страни, речното корито во Кратово прераснува во туристичка атракција. Деценискиот проблем во градот - нечистотијата во реката се претвора во локација каде и туристите и кратовчани ќе поминуваат убави моменти.

Повозрасните жители се гордеат дека покрај мостовите, кулите и староградската архитектура кои се симбол на градот имаат и модерно шеталиште.

Не само уредување на речното корито, според градоначалнитот на Кратово последните години многу е подобрена инфраструктурата во градот.

Речното корито на Кратовска река планирано е да биде уредено по целото течение на реката низ централното градско подрачје во должина од неколку километри.

Александар Динев

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/kratovo-istoriski-grad-koj-prerasnuva-vo-turistichka-atrakcija

Е ова е врвот!
Речното корито им носи туристи.:vozbud:
А и „шеталиштето“ што е модерно.:ija:

Ама ајде.Барем е изградено.
 
Член од
7 декември 2010
Мислења
151
Поени од реакции
39
па сигурно имаат добар градоначалник шо се грижи за градчево а не како другите ..... иначе супер е
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.144
Поени од реакции
18.168
Се надевам дека ќе го заживеат градот ,вака или онака.За општ развој на цела земја е битен и локалниот развој,особено во помаливе гратчиња.
 
A

Auditore

Гостин
Со мене учи едно пријателче од Кратово, и ја потврди веста, Кратово е посредено од кога било, ама тоа за туристите дефинитивно го негираше, како и да е, добро е да се заживеат маливе гратчиња.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
абе што сакате повеќе без багери и салтанаци ,само со “десет прсте“....
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Дали тоа јас прочитав „шеталиште“? :nesvest: Кај црно шеталиште, кај овие бакрачи.
Од Кратово сум, и да, подобрен е изгледот на градот и не, не привлекува туристи. Кои црни туристи ќе дојдат за нашево шеталиште :pos: Милион други работи има да се видат во Кратово. И премногу е мало тоа средено речно корито, ни приближно до неколку километри.
Како и да е, вака секако дека подобро изгледа реката, а и градчето ни е посредено, да не се жалиме :pipi:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.740
Поени од реакции
9.864

И треба старите куќи да ги стават под заштита и хитно да се реновираат..Има Кратово огромен потенцијал,треба повеќе само сместувачки капацитети и организираност
 
Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Ако збориме стриктно за градот, има добар, меѓутоа не и некој преголем туристички потенцијал.
Единствено штета што премногу малку се инвестира во Куклица. Дефинитивно, досега премногу лошо искористена природна туристичка атракција. И тие туристи што по некое чудо успеале да слушнат за местото... немаат асален пат за да стигнат безбедно, немаат место каде да преноќат, а не дај боже помислат дека има било какво осветлување и да отидат да ги посетат куклите кога ќе се затемни.
 
Сосема точно. Всушност, одамна немам појдено до Куклица, слушнав дека бил (на)правен патот, ама сепак, нема преноќевалишта или осветлување (колку јас сум запознаен).
А, има и други работи да се видат, освен мостовите, кулите и старите куќи. Ако ви текнува на рекламата за онаа на аеродром кога вика БОМБА, кога едно време ги даваа во Запознај ја Македонија, таа реклама е наменета за вулканските бомби, едни од ретките во светот, ама за нив верувам пола Кратово нема слушнато, ми е страв да прашам за подалеку.
Како и да, градот умира, вака или така, се помалку жители има.
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Стварно Кратово бил најстар град на Балканот?
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Лично многу го сакам Кратово, за мене тоа е најубавиот град у Македонија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom