Кој ја создал кирилицата?

Дискусија во форумот 'Образование' започната од The Mummy, 20 јуни 2008.

  1. The Mummy

    The Mummy The world is not enough

    Член од:
    3 мај 2006
    Мислења:
    5.418
    Допаѓања:
    175
    Повторувајќи го материјалот по македонски за матура наидов на информација која ме доведе во забуна.

    Цел живот учиме дека Св.Кирил и Методиј ја создале првата словенска азбука - глаголицата, а нивниот ученик Климент во чест на својот учител подоцна модифицираната азбука ја нарекол кирилица. Така учел дедо ми во 1940 - те год, така учел татко ми во 1970 - те, така сум учел јас во основно, па дури и во 1 или 2год средно.

    Но сега наеднаш во материјалот за матура стои, а и имам чуено на ТВ дека кирилицата е создадена во Преславската школа во Бугарија. Според новите истражувања Климент не ја создал кирилицата, бидејќи имал респект кон својот учител и во својата Охридска книжевна школа ја практикувал глаголицата.

    Значи до лани се учеше дека во чест на учителот ја направил кирилицата, а сега заради споменот на учителот не можел да ја направи.

    Значи прашањето всушност не ми е кој е вистинскиот создавач на кирилицата, бидејќи секако ние не можеме со сигурност да тврдиме, туку како можат вака да си играат професорите, историчарите, културните дејци итн? Сфаќам да било едно учење во 19 век, а денес друго. Ама во 2006 год да учиш едно, а 2 год подоцна сосема друго според мене е апсурд.

    Што мислите вие за оваа ситуација, има ли некакво чаре?
  2. the Consigliere

    the Consigliere не читам дугачки постови

    Член од:
    17 јуни 2007
    Мислења:
    5.599
    Допаѓања:
    243
    sekoj si go tera svoeto.....vo prasanjata za istorija so gi imame za matura odgovarjki gi so profesorkata zaklucivme deka pravilen odgovor bi bilo deka toa e sv.kliment.....

    a vo skriptata za matura po makedonski pisuva deka taa e sozdadena vo preslavska skola vo bugarija.......

    e sea, dali kje trgnes po istoricarite ili po jazicarite toa e tvoj problem.....ama koga kje dojde nekoj stranec tuka i kje se rasprasuva i naide na dva razlicni odgovori nema da ima dobra slika za nas........
  3. Докторот

    Докторот DOMINUS

    Член од:
    4 јануари 2008
    Мислења:
    613
    Допаѓања:
    6
    Кирилицата постои уште од Римско време.... Ниту Климент, ниту Преславска школа ја создале....
    А тоа што си играат, тоа е политика бе дечко, нешто како: еве сега, Климент од Охрид ја измислил азбуката на која пишуваме, ние ги описменивме Словените итн., ама тоа не е точно, па сега се модифицира вистината, во склад со новите археолошки откритија....
  4. killerlOOp

    killerlOOp

    Член од:
    24 октомври 2007
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    ајдееееееееееееееее... што се нема да чуеш!!!!:nesum::uvo:
  5. Тањушка

    Тањушка pretty mama

    Член од:
    17 јануари 2006
    Мислења:
    366
    Допаѓања:
    28
    Ниеден сериозен јазичар нема децидно изјавено дека кирилицата ја создал Св. Климент, туку секогаш се велело дека постојат некои претпоставки дека кирилицата ја создал токму тој. Значи, претпоставка, а не факт. А тоа што никој не чита внимателно, вклучувајќи ги тука и моите почитувани колешки/ги-македонистки, тоа е веќе друг муабет. Инаку, јас отсекогаш памтам дека сум учела дека можеби кирилицата ја составил Св.Климент. Ама сум учела темелно и не сум прескокнувала редови. И навистина, кога се знае дека Св. Климент, Црноризец Храбар и останатите ученици толку ревносно се бореле за зачувување на светоста на делата на нивните учители, нема логика дека би направиле некаква модификација на глаголицата.

    Но сето ова, ни случајно не ја намалува големината на Свети Климент :toe:.
  6. Galactikos

    Galactikos

    Член од:
    23 декември 2007
    Мислења:
    2.208
    Допаѓања:
    34
    Токму и јас кога повторував за државна матура наидов на овој податок. Поточно кога имавме подготвителна настава на Европскиот Факултет токму за предметот Македонски, стана збор за тоа. па професорката или колешката како сакате, што предаваше, рече дека Климент во никој случај не ја реформирал глаголицата и да создал Кирилицата. Како доказ служат книгите кој тој ги пишувал токму на глаголица, и дека во тоа време бил познат како најголем бранител или чувар на делото на својот учител и дека во неговата Охридска школа се учело строго на галголица.
    А за кирилицата рече дека нејзин реформатор е Константин Брегалнички кој се смета дека бил од групата ученици на св. Кирил и Методиј. Сакал да ја упрости глаголицата, да биде полесна за народот. и дека некои негови дела се пишувани на кирилица.
  7. The Mummy

    The Mummy The world is not enough

    Член од:
    3 мај 2006
    Мислења:
    5.418
    Допаѓања:
    175
    Се ова е во ред ама зашто не го кажале порано? Зашто со децении се учело дека Климент е создавач на кирилицата.

    Во учебници како што памтам пишувало дека Климент ја создал кирилицата, можеби не стоело децидно ама сепак се земал како создавач. Дури и да е така никаде ја немало по учебници Преславската школа во која сега наводно е направена кирилицата.
    Секако тоа не ја намалува неговата големина ама сепак најдобро е да си бидат јасни и разграничени работите.
  8. Misirkov

    Misirkov Модератор

    Член од:
    17 март 2005
    Мислења:
    11.505
    Допаѓања:
    1.431
    Има две мислења:

    1. Првото е дека кирилицата ја создал или ја адаптирал св. Кирил, за време на својата покрстувачка и просветотелска дејност во Брегалничката област каде што брат му Методија бил стратег.

    2. Но има претпоставка дека цели 200 години порано, Кирил Кападокиски кој што работел во Сирија и Египет, го создал кириличното писмо, но тоа останало со локално значење затоа што не било прифатено од официјалната црква.

    Според д-р. Емил Георгиев, кирилицата била создадена од Кирил Кападокиски пред глаголицата и ги содржела во себе семитските знаци Ш, Ц, и Ч.

    Истоиве овие знаци бидејќи не се грчки и не го разбудиле незадоволството на римо-кароличката црква под чија јурисдикција се наоѓала Македонија, св. Кирил Солунски ги земал во глаголицата и ги стилизирал спрема формата на другите глголски букви.

    Тоа се двете верзии во науката.
  9. Famous Last W

    Famous Last W I LoV3 YoU..

    Член од:
    24 август 2007
    Мислења:
    1.526
    Допаѓања:
    4
    Јас знам дека Св.Кирил ја создал кирилицата..
  10. The Mummy

    The Mummy The world is not enough

    Член од:
    3 мај 2006
    Мислења:
    5.418
    Допаѓања:
    175
    Епа погрешно си научил. Кирил ја создал глаголицата, а кирилицата не е негово дело.
  11. Докторот

    Докторот DOMINUS

    Член од:
    4 јануари 2008
    Мислења:
    613
    Допаѓања:
    6
    Има теории дека и Кирил не ја создал глаголицата туку дека таа е создадена многу порано, ама и тоа не се учи во училиштата.... како и многу други рабоит кои се опишани до половина или погрешно.... така да тоа што го пишува во учебниците, особено во некои “релативни“ науки како историјата треба да се учи само за да се каже кога наставникот/професорот ќе те испрашува!
  12. еци^^^

    еци^^^ Walking the line of nature's palm

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    2.948
    Допаѓања:
    55
    Па и се што учиме е во рамките на релативноста.

    За глаголицата, од секогаш мојот професор ни кажуваше дека Св. Климент не може да биде нејзин создател, заради горенаведените од вас причини. А за понатаму, никогаш не сме се продлабочиле.
  13. elena_e

    elena_e

    Член од:
    20 мај 2008
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    41
    Luge ic ne se potpirajte na toa sto go pisuva vo ucebnicite, tolku kontradikcii ima vo niv, edna godina ucis edno, narednata godina toa se pobiva... Sepak vo obrazovanieto ne e preporaclivo mnogu da se mesa politikata, pa zatoa si ucime deka Sv.Kiril ja napisal Glagolicata, a podocna negoviot najdobar ucenik Sv.Kliment ja uprostil i ja narekol Kirilica, vo cest na Kirli, i prodolzil so prosvetitelskata dejnost. Moze eden den nekoj i ke ja dokaze celata vistina za nasata azbuka, a nie dotogas mozeme da polemizirame kolku sakame. Sepak, i toa sto e napisano na Internet ne mora da e tocno, poveketo vakvi tekstovi se pojavuvaat na privatni blogovi.

    A, da... i mene me zbuni toa so priracnikot za matura... cudna nekoja rabota.. :D
  14. Васил

    Васил

    Член од:
    8 мај 2005
    Мислења:
    488
    Допаѓања:
    52
    Мисирков, ти историјата за какво ја имаш? Методиј е бил византијски, а не б'лгарски службеник и като так'в не е мог'л да се појави на Брегалница. Методиј е бил стратег на темата Опсикон (Opsikon) в сегашната азиатска Турција, в Мала Азија.
  15. Cayman

    Cayman

    Член од:
    1 јули 2008
    Мислења:
    165
    Допаѓања:
    18
    abe jas pravev muabet so eden magister po istorija, i on mi vika deka kirilicata ne e sozdadena vo srednovekovieto, tuku taa e samo eden vid prodolzenie na antickata azbuka. Toa go kaza od pricina sto toj ne veruva deka eden covek bi sozdal pismo, koe ke bide brzo prifateno od site sloveni, i ke odi da krsteva so negova pomoz vo hazarskata, moravskata i drugite misii.

Сподели преку: