Кој ја донесе Македонија на просјачки стап?

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Тоа проблемот со менатлитеот ми е многу добро познат и уште одамна јас „лаам“ за тоа но некои сеуште се убедени дека проблемот е само и најмлнгу кај политичарите без разлика од коај партија. Бидејќи не се само политичарите корумпирани, туку ние ко народ сме корумпирани.
Нашите политичари не се од Марс паднати, потекнуваат од Скопје, Куманово, Битола, Штип, Пробиштип, Охрид, тетово ......Значи каков народ такви политичари
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
сдс како наследник на комунистите треба да биде укината со закон.
Постоењето на таква ретроградна партија е во спротивност со било која заложба за промена, одење кон ЕУ и Нато.
Не може партија која сака да се врати југославија и поредокот кој оди со неа, да и биде дозволено понатамошно дејствување.

Партија која од почетокот ја саботира независна Македонија, чии преставници каде и да одат трубат против Македонија, најмногу зошто не ја чувствуваат како своја држава. Нивни држави се Србија, Австрија, Бугарија ( да, нека не ви е чудно, пола сдс бизнисмени се со бугарски пасош), Германија, Канада, Бразил итн.

Нивната инфилтрираност во судскиот систем, обвинителството, не дозволува да бидат осудени и да лежат во затвор.
Грото од финансиерите, грото од оние кои се на највисоки функции во сдс и претходно на високи државни функции треба да лежат и тоа побајаги.
Нема иднина за Македонија, никаква, се додека сите со било каква врска со сдс не се осудат, прогонат, избркаат од секоја дупка каде се кријат.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Значи каков народ такви политичари
Е ќе си го прашам дали е така...

Оваа изречица ја имаат измислено самите политичари за нивните глупости народот полесно да им ги прифати.

Оваа држава има куп вистински интелектуалци, професионалци, луѓе вредни, чесни и работливи кои воопшто не се заинтересирани за активно вклучување во политичките води. Едноставно, си ја гледаат својата работа, манипулацијата со народот не им е опсесија.
 
Па кај се тие интелектуалци?
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Па кај се тие интелектуалци?
Оваа држава има куп вистински интелектуалци, професионалци, луѓе вредни, чесни и работливи кои воопшто не се заинтересирани за активно вклучување во политичките води. Едноставно, си ја гледаат својата работа, манипулацијата со народот не им е опсесија.
Се скриле во болдираниот дел.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
И значи водењето на државата, односно политиката останува на останатиот дел од народот.
Интелектуалците и професионалците се незаинтересирани да се вклучат во партиските организации. Ова е последица на сето тоа што се случуваше во изминатиот период. Нема свежа крв, само стари волци, и по некоја лисица.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Нема баш некој простор за интелектуалци.
Кога ќе го слушнеш шема или шекеринска, ќе ти се одмили и политика и држава и се.
Кога ќе го слушнеш бранко и животот може да си го ставиш во прашање.
Ќе се запраша човек, со што сум заслужил да бидам во држава која им дозволува на такви луѓе да бидат некакви фактори.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Нема баш некој простор за интелектуалци.
Кога ќе го слушнеш шема или шекеринска, ќе ти се одмили и политика и држава и се.
Кога ќе го слушнеш бранко и животот може да си го ставиш во прашање.
Ќе се запраша човек, со што сум заслужил да бидам во држава која им дозволува на такви луѓе да бидат некакви фактори.
Taка де, замисли ситуација, некој мозок со потенцијали го наговараат некако да пристапи во некоја од партиите, и таму некое лигаво полтронче кое цел живот го подјебавале во маало, во школо и кое некако (со пушење) успеало да стане некој месен партиски фактор му дрви курац на состаноци...вака ке праиме...така ке праиме...во интерес на нашата партија.

Ќе губи некој време и нерви. Ќе отиде може еднаш од љубопитност и ќе се откаже веднаш кога ќе види со какви си има работа.
 
JASMIN

Шехерезада
Член од
10 април 2006
Мислења
480
Поени од реакции
19
Мистичен, кој вели дека интелигенцијата треба да се вклучи во политика, ќе ги навреди политичарите:)
Сериозно е тоа:)
И сериозен проблем е незаинтересираноста на интелигенцијата.
Тоа значи, што сакаат нека прават, дај некако да се снајдам до први.
Па за нивниот живот се работи, не за некој од Тунгузија.
А кој друг ќе критикува и ќе ’’контролира’’ ако не тие?
Тутунарите?
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Tоа значи и друго - дека политиката свесно ја потиснува интелегенцијата, за да биде оставена на раат :)
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
18
Поени од реакции
1
Најголемата грешка на владите на ВМРО (и на претходната и на сегашната) е во нивното претерување во собирањето на даноците. Во основа е во ред собирањето на даноците, но не потоа идиотски тие пари да се трошат за изградби на музеи, крстови и чуда. Во основа фискалната политика би требала да биде насочена кон собирање онолку колку што треба, ако се собира повеќе, се намалуваат даноците. А не да смета Владата дека е способна подобро да ги алоцира соберените пари.
Дури и Владата на Љубчо Ѓеорѓиевски беше критикувана за остварување на суфицит во буџетот. Уште од КОМУЊАРИТЕ требаше да научиме дека Државата најлошо ги троши парите.
Веќе и Србија го намали ДДВ-то на 10%. Сите одат напред само ние сами си ја поткаструваме економијата заради водење популистичка политика (зголемени плати на администрација).
Кој ќе ми ја зголеми мене платата во приватен сектор. Удри ме мене по џебот за некој полтрон од администрација да земе повисока плата.
Требаше сите административци да ги избркаат на улица 1991 година.
Во држава со 250000 вработени, 120000 од нив се во администрација. Тие се најголемата кочница на нашиот развој.
И затоа секогаш сите се замараат со политика и со избори и слични зафрканции. Секое второ работно место е под државна капа. Затоа има едноумие или двоумие и раст на неителигенцијата во нашата држава. прашањето е егзистенцијално и затоа сите до КРВ се борат за партиските интереси. (бидејќи се однесуваат на нивниот опстанок или како што еден мој пријател вели `Преживување, а не живеење`)
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Нема баш некој простор за интелектуалци.
Кога ќе го слушнеш шема или шекеринска, ќе ти се одмили и политика и држава и се.
Кога ќе го слушнеш бранко и животот може да си го ставиш во прашање.
Ќе се запраша човек, со што сум заслужил да бидам во држава која им дозволува на такви луѓе да бидат некакви фактори.
Па продолжи бре, Кога го слушаш Груевски мевлем за уши, или кога го слушаш Тачи бог да чува, Бучиклиски веќе е досаден ...... у пм, оној портпаролот на МВР ружен како покана за војска итн
 
Член од
23 јуни 2006
Мислења
39
Поени од реакции
9
OneAndOnly da mi go pusis kurot ti na mene zaedno so Branko, Sekerinska i Buckovski
 
Kajgana Shop

На врв Bottom