Кој е најдобриот совет кој би му го дале на своето дете?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да се биде родител воопшто не е лесна задача. Напротив, да се биде родител е една од најтешките улоги кои човекот ги има во текот на неговиот живот.
Непроспиени ноќи, болести, хранење, облекување итн., се само дел од тоа што значи да се биде родител. Сепак, сите се согласуваат дека добивањето дете комплетно го менува животот.

Кога ќе порасне детето, веќе родителот повеќе се посветува на воспитувањето, да му помогне на детето “да тргне по добар пат“ и да стане добар човек. Некои успеваат во тоа, некои не.

Кога би имале дете или кога ќе имате дете, што мислите која е најважната лекција која треба да ја научи и кон што ќе го насочувате?
Кој е најдобриот совет или најдобрите совети кои би му ги дале на своето дете?

Дали можеби ќе пренесете совети што вашите родители ви ги давале на вас?

Може и да се направи паралела со вашите родители, кој е најдобриот совет кој сте го добиле од нив?

Вие кои веќе сте родители исто може да се вклучите во темава и да одговорите кој е најдобриот совет што сте му го дале на своето дете и дали успешно ви оди советувањето и воспитувањето на децата во однос на нивниот карактер.
 
Член од
20 јануари 2014
Мислења
24
Поени од реакции
13
Пуши, пиј, дрогирај се ама синко на ладен бетон НИ КА КО! :D
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Не верувај на никого.
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Биди свој и прави што ти е волја, ама со исав. Алтернативно може и со усул па нека бира :D
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Ќе му речам дека не е се во парите, има нешто и во златото.
 

%naked%

born to be wild
Член од
28 мај 2013
Мислења
550
Поени од реакции
1.480
Не се дрогирај и не се еби за пари.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Не можам да одговорам за работа за која немам никакво искуство. Не сум бил родител, не знам како е тоа, имам родители, ги гледам и можам да кажам нешто во нивно име, нешто слично налик нивното, но дали истото ќе биде и мое, целосно поддржано, да помини време, да го склепам детето, да го роди жената, па да го советувам.

Еве поконкретно во една област да се изразам. Знам дека главен пресврт во желбата за моето учење беше една реакција на татко ми. Мајка ми постојано дури бев помал, седеше со мене, ме испрашуваше, домашна пишувавме, да речам учествуваше во моите школски активности. Татко ми само рече, остај го детето само да работи, нетуку му се мешај и не го сили. Добро паметам дека после таквиот чекор јас имав поголем мотив, дали тро од тро сфатив дека морам сам да ги извршувам тие работи, дека сам одговарам ако истите ги занемарам и неуспешно ги исполнам и дека срамот е лично мој, па од тогаш строго сам ги збркував тие работи.
Не го гледам ова како совет, туку како реакција која изигра клучна улога во таа област.
Тек понатаму моите доаѓаа по еднаш во годината на родителски, сам ги извествував за сите работи и со сигурност ги рајатисав од онаа улога каде детето обично се поставува под строг надзор околу оваа работа. На факултет појма немаат што се случува, само им кажувам то и то.
Како резултат на сето ова сега имаат син наркоман кој слуша пост панк музика (не сум озбилен за последново :P)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom