Кој е крив за скопскиот отпад?

Кој е виновен за скопскиот смет?


  • Вкупно гласачи
    53
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
А1 Телевизија напиша:
И скопјани не се задоволни од работата на Костовски.
„Многу очекував од него, гласав за него, меѓутоа досега ништо не покажал, не сум задоволна. Катастрофа, секаде има ѓубре. Во Радишани само дупки, не можеш да поминеш. Исто и во Центар, купишта ѓубре на сите страни“, рекоа скопјани.
Костовски денеска не одговори на овие прашања. Се пофали и избега од новинарите без да каже како мисли да ги реши горливите проблеми на скопјани.
Кој според вас е виновен што Скопје не личи на метропола? Дали е ексклузивно градоначалникот и локалните власти или целокупната граѓанска инфраструктура којашто може да се пофали со се помала и помала свест?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.184
Поени од реакции
34.407
Сите се виновни, ама нормално дека поголемиот дел од вината паѓа на властите. Треба да го спастрат градот, па нека воведат казни. Ќе подразмислиш дали да фрлиш отпад кај што не му е местото ако има казни за тоа и ако навистина се спроведуваат на дело.

И граѓаните сигурно не се виновни за дупките по улиците, лошото осветлување, кучињата скитници....
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Acid напиша:
Сите се виновни, ама нормално дека поголемиот дел од вината паѓа на властите. Треба да го спастрат градот, па нека воведат казни. Ќе подразмислиш дали да фрлиш отпад кај што не му е местото ако има казни за тоа и ако навистина се спроведуваат на дело.
Само граѓаните се криви И НИКОЈ ДРУГ!!!! Како може властите или било кој друг да е крив што ти фрлаш ѓубре кај ќе стигнеш???

Проста ситуација: Одиш по улица, јадеш хамбургер, го дојадуваш и ја фрлаш хартијата на улица. --> Кој е крив, властите зошто нема казни или ти зошто си го фрлил ѓубрето на улица?

Да ве прашам, вие фрлате ѓубре кај ќе стигнете зошто нема казни за тоа???

П.С.
Асид, не се однесува на тебе....на сите се однесува.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.184
Поени од реакции
34.407
Хехе, епа „културата” во Македонија се вродува со казни и ќотек.
 
Член од
10 јуни 2005
Мислења
3.399
Поени од реакции
19
не само во Македонија...секаде низ светот се плаќаат прилично дебели казни за такви престапи....
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Кога бев пред 10-тина години во еден град што се наоѓаво Азија и се вика Сингапур, ке паднев во несвест кога видов каква е хигиената таму. Можеш слободно да си седнеш на тротоар, да си ставиш долу 1/4 леб со 100грама посебна, да сипеш солца и да си ја макаш со патлиџанче, без да ти падне на ум дека нешто ќе ти се случи заради нехигиената затоа што ја нема.Заправо го има само спротивното - ХИГИЕНА!...само што, нормално, после чинот на конзумирање храна на градските површини треба остатоците да ги отстраниш и депонираш на за таа намена одредено место, затоа што колку што се сеќавам, казна са фрлен отпадок на улица изнесуваше 100 Сингапурски $, па ти повели фрли. Нема пардон, нема опомена туку полицаецот веднаш никнува како од земја со блокчето в рака, и нема кинење белешка, нема ке платам кога ке имам, туку ако не платиш веднаш, комбето е тука за секунда. За комуналните хигиенски сервиси ич немам намера да зборувам како таму функционираат, не треба ни да се мисли воопшто на таа тема:)-Е да, ама тоа таму така функционира.

-Кај нас главен проблем е менталитетот и на градските власти и на самите граѓани(од кои впрочем представниците на градските власти потекнуваат).Кога и едните и другите ке ја унапредат својата свест за здраво, чисто и квалитетно урбано живеење, тогаш ке можеме да очекуваме подобрување на тоа поле. До отгаш ни останува да пишуваме и читаме вакви текстови секаде наоколу прашувајки се каде лежи зајакот и кога ке го кренеме за да го отепаме. :)

http://photos.rsiaa.org/gallery/d/45...2e3495f47b92


Не можам никако да ја сместам фотката во постов, но кликнете на линков, верувајте има што да видите, нема да ви се верува :) -Фотката е токму од Сингапур и е снимена во подоцните вечерни часови додека градските служби сеуште не го собрале сметот!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Абе...кога ние ќе шетнеме негде на страна, па дури и во Грција, пикавците си ги чуваме во рака кога ќе ни догори цигарата пушејќи по улица и ја фрламе на место предвидено за тоа. Ама, кога сме си дома...ихаа...

Казни му се мајката.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Site do eden!
Nie gragjanite sto frlame i prljame, ali i vlastite sto retko skoro, nikogas ne go cistat gradot
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
11
Acid напиша:
Ќе подобјасниш што сакаше да кажеш?
екзекли, и ја сакав да го(ја) прашам Кој?


Но мор драгз фор мина!!!
 
Член од
7 април 2005
Мислења
174
Поени од реакции
0
Чекам еднаш на Петровец да ми дојде багажот и гледам пола скандинавски војници што беа во авионот запалиле цигари. Таман се спремив да им подвикнам на шведски и да ги прашам дали и дома така би се однесувале, кога забележав дека и нашиве сите запалиле цигарите...

Мистичен напиша:
Абе...кога ние ќе шетнеме негде на страна, па дури и во Грција, пикавците си ги чуваме во рака кога ќе ни догори цигарата пушејќи по улица и ја фрламе на место предвидено за тоа. Ама, кога сме си дома...ихаа...

Казни му се мајката.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Сите до еден. Граѓаните што немаат основна култура, а властите што не знаат да ја постават истата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom