Еве една можна и многу веројатна верзија..
Боби Кенеди и CIA постојано организираат (неуспешни) атентати врз Кастро и праќаат диверзантски групи во Куба. Кастро во еден од последните говори пред атентатот на Џон Кенеди ги предупредува САД да престанат со такви непријателски активности. БК врбува еден од кубанските револуционерни команданти да го убие Кастро со отровен проектил сместен во пенкало, но за негова несреќа (а и на брат му), командантот е двоен агент, и не го извршува убиството (a.k.a. нов неуспешен атентат). Кастро дознава, му пука филм, им наредува на главните на кубанската тајна служба да спремат соодветен одговор.
По некое време Кубанците го врбуваат Освалд, Американец кој има живеено во СССР, има жена Русинка, и отворено настапува против американската политика спрема Куба; човек кој пробал да се инфилтрира во организацијата на кубанските бегалци во Америка, но бил откриен кога го виделе како дели летоци против истата таа организација. Патува во Мексико и Куба каде има средби со кубански офицери и тајни агенти, преку кои и ја добива задачата да го убие Кенеди.
Недела-две пред атентатот шета низ Далас и ги одбира најповолните локации од каде би можел да пука, па се пријавува за работа во неколку компании кои имале канцеларии на патот каде што требало да помине Кенеди. На 22 ноември 1963 истрелува 3 куршуми за 6 секунди (2 во Кенеди, од кои првиот го погодува и Гувернерот на Тексас, а вториот му ја разнесува главата на Претседателот). После пред новинарите изјавува дека е невин, дека не го убил Кенеди, иако е фатен откако подоцна убил и полицаец кој пробал да го сопре. Во март истата година пробал да го убие пензионираниот американски генерал Walker поради неговиот анти-кубански став, ама не успеал.
На 24ти ноември 1963 J. Edgar Hoover (шефот на FBI и веројатно најмоќниот човек во САД во тоа време) дава наредба да се обвини Освалд за убиството на Кенеди, за што побрзо да се затвори случајот. Истиот ден на пат кон затворот, Jack Ruby (поврзан со криминалното подземје на Далас) го застрелува Освалд од растојание од пола метар, по што е уапсен, а Освалд умира во истата болница во која Кенеди бил прогласен за мртов два дена претходно.
Целата работа е набрзо заташкана, истрагата на FBI е затворена со образложение дека Освалд работел сам, по свои убедувања, и покрај тоа што имало еден тон нови докази и трагови (писма, документи, сведоци..). Главната причина за предвременото затворање на истрагата е што Хувер и останатите главни фаци дознале кој бил навистина позади атентатот, но го прикриле. Ако излезеле во јавност со тие информации, немаше денес ни да дискутираме, ни да постоиме, зошто одговорот на САД кон овој непријателски чин на Куба би бил објавување војна и нуклеарен напад, на што би возвратил Советскиот Сојуз (нешто што едвај било избегнато една година претходно).
И ден денес архивите на американските, мексиканските и кубанските тајни служби се полни со документи поврзани со атентатот, и ден денес има живи сведоци на настаните (дури и такви директно поврзани со нив), ама се` е off-limits.
Инаку..
The Commission also looked into other matters beside who killed the President and criticized weaknesses in security, which has resulted in greatly increased security whenever the President travels. The unpublished supporting documents for the Warren Commission Report are due to be released by 2017.
И така..