Кој беше по инвестиции во Катар

Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39

Македонската делегација во Катар броела 24 членови. На чело со претседателот, Бранко Црвенковски, во официјалната делегација отпатувале и седум членови од неговиот кабинет, двајца претставници од Министерството за надворешни работи и двајца претставници од Владата. Придружбата ја сочинувале еден член од претседателскиот кабинет, еден преведувач, тројца обезбедувачи, тројца новинари, еден камерман и еден фоторепортер, изјавија за Нетпрес од Министерството за надворешни работи.
Официјална делегација:
Бранко Црвенковски - Претседател на РМ
Аднан Ќахил - министер без ресор во Владата на РМ
Наташа Савова - Салковска - генерален секретар во Кабинетот на претседателот Ферид Мухиќ - советник во Кабинетот на претседателот
Гоце Петрески - советник во Кабинетот на претседателот
Зоран Иванов - советник за односи со јавност на претседателот
Зоран Јованов - член на Кабинетот на претседателот
Дарко Костадиновски - асистент на советникот за надворешна политика на претседателот
Тања Томиќ - асистент на советникот за надворешна политика на претседателот
Маја Илиевска - асистент на советникот за односи со јавност на претседателот
Јошко Станковиќ - вршител на работи при МНР
Бојана Спасовска - од Директорат за меѓународно право при МНР
Емиф Кајин - советник на министерот без ресор, Аднан Ќахил


Во придружба на официјалната делегација:
Благица Колевска - претставник на протоколот на претседателот
Никола Сталевски - преведувач
Никола Чутревски - обезбедување
Зоран Ристевски - обезбедување
Кире Лазаревски - обезбедување
Лидија Чакар - новинар од МРТВ
Дејан Ацевски - камерман Неда Димова Прокиќ - новинар од МИА
Борис Грданосвки - фоторепортер
Виктор Доневски - новинар од ТВ Канал 5

Нет Прес
Претседателот Црвенковски јавно го покажа подарокот од емирот на Катар

Претседателот Бранко Црвенковски од емирот на Катар, Хамад бин Калифа ал-Тани, добил украсен часовник. Часовникот, кој денеска им беше презентиран на новинарите, е во кутија на која е обележано “Држава Катар“ и е украсен со два елени. Од кабинетот на претседателот велат дека цената на подарокот не ја знаат, но со самото тоа што станува збор за подарок од емирот, има вредност.
“Часовникот ќе остане во претседателскиот кабинет и во сопственост на државата“, велат од кабинетот на Црвенковски.
Од таму не негираат дека некои членови на делегацијата можеби добиле рачни часовници и според нив, доколку се утврдело дека вредат повеќе од 100 евра, тие ќе останат во просториите на собранието како државно наследство.




Нет Прес
 

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Ако најбитното од постева бил часовникот, навистина вредело да се прошета до Катар.:nesvest:

Браво за Б.Ц.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Па Б.Ц. немал саат,а Гвујо сигурно има,оти тој јавно се откажа од посетата во интерес на претседателот.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom