Која смена сте во училиште?

Која смена сте во училиште?

  • Прва смена

    Гласови: 28 20,4%
  • Втора смена

    Гласови: 10 7,3%
  • Наизменично (И прва, и втора)

    Гласови: 99 72,3%

  • Вкупно гласачи
    137
Статус
Затворена за нови мислења.

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Која смена сте во училиште? Јас учам во гимназијата Јане Сандански (Струмица) и две недели сме прва смена, две недели сме втора смена,и некако многу ми е глупо таман ќе се навикнеш на втора смена после пак прва треба да стануваш сабајле.. или обратно.Пишете вие која смена сте,која смена мислете дека е подобра итн.. :)
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
328
Поени од реакции
8
Епа јас учам во гимназија “Св.Климент Охридски“ во Охрид, и сум наизменично со смениве, а утре т.е. денес сум од сабајле. А за која е подобра, па кога ќе размислам подобро, ниедна не е добра, од една страна едната е добра, од друга страна другата. На пример, кога си од сабајле, се враќаш до 2 сатот, и после го имаш цел ден, што е добро, а лошо е тоа што треба рано да се станува. За втора смена добро е што не треба да стануваш рано, ама денот ти е преполовен, и неможе максимално да се искористи.
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Lele , temata ...... ФУЧЕЕЕЕ !!! :pos2:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.338
Поени од реакции
46.462
Најдобро е било што само да не ти се мења,тие што се нон стоп прва се навикнати на тоа и не им смета будење рано,мене најлошо ми беше понеделникот од втора смена на прва смена не знаев за себе до 7ми час..
Повеќе сакав втора смена пошто си наспан најаден кафе си испил и си тргаш натенане а не келеши кога ке ги чуев ““Прва смена е боље цел ден е пред тебе’’ да бе кур мој и така спијам до 19 кога ке се вратам ко да не сум ни бил прва исто hihi
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Најдобро трета смена да измислат хехе :pos::pos::pos:
Стварно нема смисла наизменично многу е глупо треба секогаш или прва или втора..
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.711
Поени од реакции
5.357
темава вриштит :shok::shok::shok:
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Ако не ви се допаѓа бришете ја, јас би сакал да знам во другите училишта како е со смениве.. :toe:
 
Б

БејбиГрл

Гостин
:nesvest:
Знам дека постови со само едно смајли не треба да се отаваат али темава....
А секоја недела(или за кој како) коа ќе му се менува смената ќе треба да пише????:pos2:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.121
Поени од реакции
830
Темава нека се преформулира од страна на модераторот во дискусија за училишните смени. SrRulz имал идеја, само малку првиот пост не му е добро составен.

Инаку јас и во основно и во средно имав 2 смени и не ми се допаѓаа ни едната ни другата. Сакав да постои некаква златна средина, да речеме 10:00-15:00* или слично. Вака од сабајле ми беше многу рано, после кога доаѓав дома, легнував да спијам, и се будев дури во 18:00-19:00, па учење, и така ми одеше цел ден, а пак втора смена станував во 12:00 некогаш :pos: И после кога ќе се вратев од школо во 19:00, пак денот ми отишол.

* Што не значи дека сега ми одговара :pos: Предавањата на факултет ни се обично овој термин, ама тоа е веќе друга приказна.
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Прва смена константно. Од четврто одделние па се навака немам осетено како е да станеш во 10 часот, онака убаво наспиен, на мира да си се напиеш кафенце, да апнеш нешто. Онака смирено, бавно да ги направам сите работи кои се прават вообичаено насабајле, и среќно(уствари онолку колку шо може некој да е среќен што иде во школо) да си тргнеш по пат кон школото.
Не велам дека втората смена е подобра(бар не сеуште :) ), бидејќи враќањето доцна воопшто не го сметам за убаво искористување на денот, но мислам дека кога детето е основно или гимназија менувањето на смени е неизбежно, но проблемот е со времетраењето на измените.
Според мене, треба да се менуваат смените бар на 1 месец, или повеќе. На пример 1/2 од прво полугодие сабајле, а потоа 1/2 поручек. Исто и со второ полугодие. Времетраењето на смените е доволно кратко за ученикот да има расипан биоритам, постојано да се жали за ненаспаност, и кај некои случаи да резултира со главоболки. Сепак, во највеќе гимназии имам слушнато дека се менуваат еднаш на две недели што е апсурдно.
Инаку која смена е подобра? Па јас би ја одбрал втората(мада ова само од спомени). Мислам дека истиот ден после школо, имаш на избор што сакаш да правиш, под услов да си легнеш рано(на пример 10 часот). Сабајле сепак нема да спиеш многу, и ќе си учиш додека почнат училишните часови. Но сепак е лошо доколку одиш на некои други активности во попладневните часови, кои ќе мораш да ги пропушташ.
:toe:
 

mile_panikaaa

Нормален
Член од
28 април 2008
Мислења
348
Поени од реакции
9
Сега сум прва смена.А претходните два месеца бев ТРЕТА смена е тоа е ужас вечерња школа не е равно.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Ние сме 1 месец прва 1 месец втора смена.Од денес до јуни сум 2 смена.Бљааак мразам 2 смена.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Секој пат кога ќе ви се смени смената ќе пишувате дека сте обратната смена од предходно...темава е исто како темите од стилот на: на која страна спиеш?
одговор: ако заспијам на лева после се вртам на десна а може и да се разбудам на лева пак
не гледам некаква дискусија или разменување на мислења..
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.399
Поени од реакции
37
Малеее после сам на школо у 7 :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom