Која е причината зошто не го напуштите домот на родителите?

  • Креатор на темата Intex
  • Време на започнување
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Бидејки ме фати мрза да ве цитирам вака ке кажам кратко и јасно.

Луге бе,свакате ли дека не е лесно да се осамостоиш преку нок?ај ми ја кажете вие предноста која ке ја имаш доколку заминеш од дома а која е предноста доколку продолжиш да живееш сам оставен на себе и да се снајдеш?ете ке цитирам една членка погоре.Подобро ке ги дадам парите на своите родители отколку да плакам за кирија.
И не велам дека кога ке створиш семејство нема да се осамостоиш,баш напротив тогаш треба да се осамостоиш а да ескивираш од ручекот не спомнав никаде ама вие запознаени ли сте со тоа колкав процент на невработени личности постојат?сакаат да се осамостојат ама не можат и затоа бараат помош од социјално заради состојбата во која се наогат.
Спомнувате дека познавате многу кои успеале да се осамостојат но затоа и јас познавам многу кои тргнале по лош пат сакајки да им покажат на своите родители дека можат да успеат а погрешиле во тоа.
Ајде доколку мислете дека е толку лесно да се осамостоите како мислете да дојдете до стан ако планирате да живеете некаде на страна?За да земеш стан ке ти биде потребна сигурна работа,добра плата,а знаејки каква е состојбата на невработеноста во нашата земја малку потешко ке дојде до тоа.Кој ке ти гарантира тебе дека ке најдеш работа на твојата професија или како работник на машина.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
@РубинРед

Очигледно не се разбираме. Сите ја знаеме лошата финансиска ситуација во земјава, меѓутоа муабетот е што можеш да бидеш самостоен и во склоп на својот дом и во склоп на своето семејство, за такво осамостојување зборам јас. А за тоа да си заминеш од домот, е за тоа во некоја далечна ем финансиски добро подмачкана иднина. ;)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Не дека не сакам, али кога незнам едни ебени јајца да си испржам, некои макарони и шпагети да сфарам, или било што друго... со мачкање паштети на леб ќе изумрам за два месеци.
Прво е тоа, друго е финансискиот дел. Океј ќе најдеш работа, али прашање е колку ќе добиеш на крајот на месецот и дали тоа ќе биде доволно за да ги помириш сите трошоци за струја, вода, интернет...? И плус на почетокот пари за станот.

За да ги напуштам после средно т.е. на 18 години малце тешко, но сепак тогаш идеш на Факс... иако не си целосно осамостоен, ама пак треба да си направиш распоред кај ќе ги трошиш ресурсите. Е од кога ќе се навикнеш донекаде на тоа и ќе го полоиш “тестот“, после факултет може да си се осамостоиш. Тогаш ќе имаш многу поголеми шанси за подобра работа и поголема плата и доволно пари за да живееш еден ебен живот.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
@РубинРед

Очигледно не се разбираме. Сите ја знаеме лошата финансиска ситуација во земјава, меѓутоа муабетот е што можеш да бидеш самостоен и во склоп на својот дом и во склоп на своето семејство, за такво осамостојување зборам јас. А за тоа да си заминеш од домот, е за тоа во некоја далечна ем финансиски добро подмачкана иднина. ;)
Добро,до некаде си во право делка можеш да се осамостоиш и додека си во куката на твоите родители,вработен си, си земаш плата и не чекаш од твоите родители да ти дадат за кафенце.Ама можам да ги дадам и парите заработени на своите родители и со тоа да придонесам.Ама за пример го зедов и животот да живееш настрана од твоите родители.Некој мисли дека е лесно.Се лажат самите себеси дека ке успеат.Грајвдигер како што кажа ако не знам да си направам самиот јадење и ако живеам на леб и паштета ке умрам за два месеца.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Пример:
Вработен си,живееш со твоите во еднособен стан,каде ти е приватноста?
Во ред е да се помага на своите,сите го прават тоа,ама некогаш треба да се гледа и на својот живот,на својата приватност,на самодовербата и слично.На што личи,маж 35 години да живее со мајка му?
 
Така е треба да се помага на своите родители,но за пример го зедов живеањето на страна самиот во стан...за стан кажав што ке ти биде потребно.Сигурна работа,убава плата,ама знаеме како тече невработеноста во Македонија нели.Пак ке повторам.Кој ке ти гарантира тебе дека ке најдеш работа на својата професија или ке завршиш како кројачка на машина.Лугето едвај за леб се снаогаат а камоли да најдеш пари за стан ко да кошта еден Орбит.
Со моите родители се уште живееме во куката каде што живеат и баба ми и дедо ми...само на долниот спрат.А зошто?Зошто неговата фирма се растури после 15 години работење а сега рмба во Италија на пеколно сонце за да заработи за нас да имаме.
А некој овде ми вели ке земам стан и ке живеам удобен живот ко да е лесно тоа.Подобро ке доизградам уште една соба каква таква.
И не личи на ништо тоа што 35 годишен со својот родител ама се зависи какви услови ке имаш ти за самостоен живот:toe:
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246

Па добро, секогаш може да се најде некаква работа, на почеток не мора да биде некоја од твојата професија, може да биде било каква работа што овозможува преживување. Освен тоа младите денеска немаат никакви пари настрана а сакаат да се осамостојуваат, а факт е дека од родендени, матури, Нови Години, се зимаат добри пари од роднини. Друго, откако млад човек ќе напуни 18 години, способен е за работа бар 2 месеци од годината во лето и може да заработи свои пари кои ќе ги заштеди исто така за понатаму. Трето, може доколку се потруди добро за време на годината, да извади студентска стипендија што гледам дека е 3600 ден, голема цифра за која вреди вложување.

Младиот човек може да е трудољубив и да си има план за осамостојување, но главниот проблем можат да бидат родителите кои не сакаат да се осамостои нивното дете, туку злобно се обидуваат да остане мало, зависно дете.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
^ Wow, што се деси со спамов? :)

Не дека не сакам, али кога незнам едни ебени јајца да си испржам, некои макарони и шпагети да сфарам, или било што друго... со мачкање паштети на леб ќе изумрам за два месеци.
Како ќе нааучиш тогаш? еднаш мора и тоа да се направи.

И срамота, ја пржев јајца и правев макарони и све што е тестенина, па и (ладни) салати на 15 години, незнам како може толакви паразити да сте, ај манџа да треба да правиш ама јајца бе? читам и не ми се верува, сериозно!
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Младиот човек може да е трудољубив и да си има план за осамостојување, но главниот проблем можат да бидат родителите кои не сакаат да се осамостои нивното дете, туку злобно се обидуваат да остане мало, зависно дете.
Добро,тоа е една од причините покрај економските проблеми.Родителите секогаш мислат дека детето ке им биде галениче и дека немаат шанси да се приспособат на нова средина.Не дека сум против осамостојување но сепак друго е кога си со родител а друго е кога си сам.Секако тоа треба да ти биде потребно во текот на целиот живот да се снајдеш и да живееш.

--- надополнето ---

Па добро, секогаш може да се најде некаква работа, на почеток не мора да биде некоја од твојата професија, може да биде било каква работа што овозможува преживување. Освен тоа младите денеска немаат никакви пари настрана а сакаат да се осамостојуваат, а факт е дека од родендени, матури, Нови Години, се зимаат добри пари од роднини. Друго, откако млад човек ќе напуни 18 години, способен е за работа бар 2 месеци од годината во лето и може да заработи свои пари кои ќе ги заштеди исто така за понатаму. Трето, може доколку се потруди добро за време на годината, да извади студентска стипендија што гледам дека е 3600 ден, голема цифра за која вреди вложување.
Зависи како ке се погодат парите добиени на тоа дете.Ке ги троше за непотребни работи место да ги штеде зошто можеби ке им треба за понатаму.Знаејки ги денешните млади да имаат 5 денарка во џеб ке отидат и ке ги потрошат во продавница а камоли да имаат поголема сума во својот џеб веднаш ке отидат во некоја кафеана за да ги потрошат.
И да во право си штом велиш дека може да се најде секогаш каква таква работа,но знаејки дека си завршил виша школа зошто да работиш како келнер/ка или на машина за 3000 денари не е исто нели.Или пак да чекаш смена на власт па да те повикаат.Си учел 4 и кусур години зависно од тоа за колку време си завршил за да некој неписмен човек го зазеде твоето место за кое си вложил голем труд за да дојдеш до него.

--- надополнето ---

^ Wow, што се деси со спамов? :)

Како ќе нааучиш тогаш? еднаш мора и тоа да се направи.

И срамота, ја пржев јајца и правев макарони и све што е тестенина, па и (ладни) салати на 15 години, незнам како може толакви паразити да сте, ај манџа да треба да правиш ама јајца бе? читам и не ми се верува, сериозно!
Епа пријателе никој не се родил учен нели:back:
Првиот пат ке ти загоре јадењето,ке ставиш повеке сол,масло/оцет и ке згрешиш ама за нареден пат ке имаш веке научено што како треба да се стави.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Добро,тоа е една од причините покрај економските проблеми.Родителите секогаш мислат дека детето ке им биде галениче и дека немаат шанси да се приспособат на нова средина.Не дека сум против осамостојување но сепак друго е кога си со родител а друго е кога си сам.Секако тоа треба да ти биде потребно во текот на целиот живот да се снајдеш и да живееш.

--- надополнето ---

Зависи како ке се погодат парите добиени на тоа дете.Ке ги троше за непотребни работи место да ги штеде зошто можеби ке им треба за понатаму.Знаејки ги денешните млади да имаат 5 денарка во џеб ке отидат и ке ги потрошат во продавница а камоли да имаат поголема сума во својот џеб веднаш ке отидат во некоја кафеана за да ги потрошат.
И да во право си штом велиш дека може да се најде секогаш каква таква работа,но знаејки дека си завршил виша школа зошто да работиш како келнер/ка или на машина за 3000 денари не е исто нели.Или пак да чекаш смена на власт па да те повикаат.Си учел 4 и кусур години зависно од тоа за колку време си завршил за да некој неписмен човек го зазеде твоето место за кое си вложил голем труд за да дојдеш до него.
--- надополнето ---

Епа пријателе никој не се родил учен нели:back:
Првиот пат ке ти загоре јадењето,ке ставиш повеке сол,масло/оцет и ке згрешиш ама за нареден пат ке имаш веке научено што како треба да се стави.

Значи ако резимираме, најголеми причини за останување со своите се
1. Финансиски проблеми
2. Влијание (воспитание) од родителите.

А за болдираното...може цела тема да се отвори :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Епа пријателе никој не се родил учен нели:back:
Првиот пат ке ти загоре јадењето,ке ставиш повеке сол,масло/оцет и ке згрешиш ама за нареден пат ке имаш веке научено што како треба да се стави.
Проблемот е што него уствари треба да му загори ме сваќаш? :)

Значи ако резимираме, најголеми причини за останување со своите се
1. Финансиски проблеми
2. Влијание на родителите.
Само финансиски, другото зависи од личноста и силината на карактерот, ако јас сакам да живеам сам никој неможе да ме спречи.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Проблемот е што него уствари треба да му загори ме сваќаш? :)

[/B]
Te сфакам убаво

--- надополнето ---

Значи ако резимираме, најголеми причини за останување со своите се
1. Финансиски проблеми
2. Влијание (воспитание) од родителите.
Сега за сега мислам дека се тие причините,ако мислиш дека има други кажи ги:smir:
Иако економските причини се најглавнот проблем.Секако од моја гледна точка е тоа.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Проблемот е што него уствари треба да му загори ме сваќаш? :)

Само финансиски, другото зависи од личноста и силината на карактерот, ако јас сакам да живеам сам никој неможе да ме спречи.
За болдираното...баш на тоа мислев, воспитанието на родителите многу влијае врз силината на личноста и начинот на кој ги гледа работите.
Ако го научат се да чека на готово, се да му биде изџвакано...не очекувај од некој таков да оди да живее сам или да донесува одлуки самостојно, таков ќе си остане засекогаш.
Денес има и премногу примери за тоа.

--- надополнето ---

Сега за сега мислам дека се тие причините,ако мислиш дека има други кажи ги:smir:
Иако економските причини се најглавнот проблем.Секако од моја гледна точка е тоа.
Се согласувам со тебе, затоа и ги набројав вака како точки, иако како причина би ги додал и евентуалните здравствени проблеми,
дали кај младиот човек или кај некој од родителите (уште повеќе ако има само еден родител па мора да се грижи за него)...
Сепак ако гледаме по проценти...да, финансиските проблеми во Македонија се убедливо најголемиот проблем, не само за осамостојување, туку и за многу други работи.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
За болдираното...баш на тоа мислев, воспитанието на родителите многу влијае врз силината на личноста и начинот на кој ги гледа работите.
Ако го научат се да чека на готово, се да му биде изџвакано...не очекувај од некој таков да оди да живее сам или да донесува одлуки самостојно, таков ќе си остане засекогаш.
Денес има и премногу примери за тоа.

Предходно во темава имаше постови со кои се тврдеше дека наводно родителите не им дозволувале на децата да се иселат, на тоа целев. Во таков случај не е прашање на карактерна особина на детето него на самите родители.
 
Член од
1 мај 2008
Мислења
300
Поени од реакции
8
Кратко и јасно , пошто ПАРИ се нема ..
да се има сите би заминале без разлика дали имаат еден или два спрата на располагање , и дали мајките им готват убаво или не.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom