Кошаркарска репрезентација на Македонија

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.172
Поени од реакции
15.982
Заврши кошаркарската бајка, ни се растури репрезентацијата :(
Наместо Врба да развива млади таленти во Македонија, он ќе иде да работи во Италија...
Жално
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Страшна работа како во кус период се распадна репрезентацијата. Не гледам причина зошто и Бо би останал ...
 
M

MrzaRules

Гостин
Абе алооо, кај видовте дека ја напушта репрезентацијата еве негова изјава, објавена од Игор Трпески
"И кога ми беше најтешко никогаш не ја оставив репрезентацијата, а сега уште помалку. Останувам и натаму со Македонската репрезентација."

Јасно кажано, да нема забуни!
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.872
Поени од реакции
7.295
Igor Trpeski
За да нема дилеми.

Текстови, соопштенија итн, итн ...

Врба Стефанов НЕ ЈА НАПУШТА КОШАРКАРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ...



- И кога ми беше најтешко никогаш не ја оставив репрезентацијата, а сега уште помалку. Останувам и натаму со Македонската репрезентација.

Јасно и гласно.
 

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Сега си иде или не? Ај нека се одлучи некој

ПИСМО ОД ДИРЕКТОРОТ НА КОШАРКАРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА, ВРБИЦА СТЕФАНОВ
По повод моето заминување за Италија, би сакал јасно и недвосмислено да ја информирам македонската јавност за причините за овој мој, претходно добро промислен потег. Ја напуштив Македонија, но не и моите вистински пријатели во Федерацијата, кои се моето второ семејство.

Подолго време размислував пред да заминам од мојата родна земја, бидејќи тука се моите најблиски, тие кои биле тука за мене во најубавите, но и во најтешките моменти. Не беше лесно да се одлучам на овој потег, кој е испровоциран единствено од лични бизнис причини, кои воопшто не се поврзани со моето спортско функционирање во Македонија. Луѓето од Федерацијата, со кои имам одлична комуникација, свесни за моментот во кој доаѓа оваа моја одлука, уште еднаш максимално ме поддржаа и за тоа сум им навистина благодарен.

Продолжувам да работам во Римини, во кампот на една од најдобрите младински школи во Европа и тоа е голем чекор напред за мене, но секогаш ќе бидам максимално посветен на извршување на моите обврски во репрезентацијата на Македонија, кои никогаш не беа доведени во прашање. Комуникација со луѓето од Федерацијата ја задржуваме на највисоко ниво, сконцентрирани само на она што претстои - ЕП во Словенија. Контактите со тимот, со сите играчи, со целиот стручен штаб и сите кои го опкружуваат, никогаш не биле спорни, ниту пак ќе бидат. Секогаш ќе бидам достапен за пријателите, за оние кои секогаш беа достапни за мене.

Националниот дрес е светост, гордост. Додека го прифаќаме како таков, сите вклучени во репрезентативниот тим, а тука ја гледам и македонската јавност, која има огромна заслуга во сите наши, заеднички успеси, насоката е само напред. Се гледаме во Словенија.
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Точно 1 година од најголемата победа некогаш на Македонија... како се славеше тогаш eхеее. Кога помина толку време упм :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom