Конечно УЈП со контроли во Тетово, Чаир, Сарај и Куманово

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.132
Поени од реакции
4.824
Пустош направиле и во Гостивар, Дебар и Студеничани, секако со специјалци. Причината за ангажирање на специјалцие е недефинирана, пошто никогаш досега немале проблеми да затворат десетина дуќани одеднаш.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.304
Поени од реакции
4.703
Нешто многу слаба ти е меморијата, па да те потсетам. Кога застанавте во одбрана на хашките злосторници сите до еден, што беше тоа? Или сакаш да кажеш дека тоа не беа злосторства, туку добродетелства?
А и за овие осомничените во случајот Монструм. Да не сакаш да кажеш дека досиејата во полиција и претходните кривични пријави ги добиле поради одгледување компири и продавање јагоди на раскрсница?
Kако знаеш дека сите до еден застаналево во одбрана?

Јас знам дека нема таков нормален албанец кој би се сложувал за било какво злосторство над цивили, ниту Она била организација настроена против македонскиот јазик, да беше ќе имаше стотици жртви цивили.

Албанците едноставно веруваат дека државата ги мести, не веруваат во институции.
Секако дека има вистински криминалци кои се надеват да добиваат подршка од населението баш поради ваквата недоверба, ама државата не помага овие да се разликуваат, поради многу причини.

Не викам во никој случај дека Она не сторела злосторства, мене не ми требаат криминалци и болноумови да шетаат слободни, уште помалку да водат држава.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.305
Поени од реакции
79.002
Не викам во никој случај дека Она не сторела злосторства, мене не ми требаат криминалци и болноумови да шетаат слободни, уште помалку да водат држава.
... а сепак сметаш дека случаите на воени злосторства од Хаг, нашата власт, наспроти препораките од Советот на Европа, ги реши правилно.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Ау стварно?
Не сум знаел. Да не се у затвор случајно Бранко и неговиот директорски слој кој нѐ опељуши до коска тогаш?
Е па Штерјо фершпед го уништија,Трифун,Пенов се повлекоа од политика,а Велија остана да јаде гомна па го снајде тоа што го бараше,неопределен престој во КПД Идризово
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.924
Поени од реакции
12.417
Пустош направиле и во Гостивар, Дебар и Студеничани, секако со специјалци. Причината за ангажирање на специјалцие е недефинирана, пошто никогаш досега немале проблеми да затворат десетина дуќани одеднаш.
Еве и Охрид наводно има контроли со специјалци па нема на сите ударни вести.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.175
Поени од реакции
15.986
Пустош направиле и во Гостивар, Дебар и Студеничани, секако со специјалци. Причината за ангажирање на специјалцие е недефинирана, пошто никогаш досега немале проблеми да затворат десетина дуќани одеднаш.
Ова кажи им го на инспекторите што влегле у некоја рандом чајџилница у Речица.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Еве и Охрид наводно има контроли со специјалци па нема на сите ударни вести.
И прашањето за милион долари:
З‘ш колите ги паркирет во полициски паркинг и дел им е без ознаки? :sneaky:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Kако знаеш дека сите до еден застаналево во одбрана?
Пуно јас верувам во ова изјава дека не сите Албанци подржуват злосторници и сигурен сум дека има и такви кои сакат оние кои извршиле злосторство да завршат таму каде што требат. Но впечатокот е дека терористичките и криминалните структури сеуште го имат главниот збор кај Албанците така да они го формират јавното мнение кај македонските Албанци. Затоа мислам дека државата треба токму по таквите структури да удри за да може обичниот „мал„ македонски Албанец да дојде до израз. Мислам дека и во војната беше така, општо познато е дека огромен процент на македонските Албанци не ги подржуваа косоварите во иницирањето на конфликт во Македонија,.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.649
Поени од реакции
81.699
Пустош направиле и во Гостивар, Дебар и Студеничани, секако со специјалци. Причината за ангажирање на специјалцие е недефинирана, пошто никогаш досега немале проблеми да затворат десетина дуќани одеднаш.
Пфф, направиле пустош бе... како го кажа ова, алал ти вера. Тие што не работеле според закон, нормално дека ќе им биде "пустош", зошто досега никој не се пожалил од оние што работат легално?

И ова со специјалциве, на секој пост веќе станува досадно. Што направиле специјалците? Има некој проблем за тоа што биле присутни со тие од УЈП ? Дали повредиле некого од сопствениците на дуќаните, или пак локалното население ? Ете Емка погоре пиша дека и во Охрид се врши контрола со специјалци

Јадење трици на големо, овие од Алсат па какви срцепатални вести кажуваат, демек народот таму доживувал трауми кога ги гледале полицајците... ма немој молим те, место да се чуствуваат побезбедно кога ќе видат униформирано лице, тие паничат како зомбиња да виделе... па добро, сега кога ќе видиш од друга перспектива, нормално е да паничат, да не ги снајде и нив истото, дека не им е чист гзот. Да имаа чиста совест, немаше така да постапуваат...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Пустош направиле и во Гостивар, Дебар и Студеничани, секако со специјалци. Причината за ангажирање на специјалцие е недефинирана, пошто никогаш досега немале проблеми да затворат десетина дуќани одеднаш.
Инспекторите синоќа спроведоа голема акција во Охрид

Среда, 1



Голема акција спроведоа синоќа во Охрид, Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција со асистенција на Министерството за внатрешни работи.


Како што дознаваме биле контролирани угостителски локали, продавници, бутици и други објекти во охридската чаршија.

Според првични и непотврдени информации, биле затворени и неколку дуќани.

Вакви инспекциски акции изминатите денови беа спроведени во неколку градови во земјава, меѓу кои и во Струга. Во контролираните 53 објекти во Струга, Тетово, Радовиш, Скопје и Куманово неправилности во фискализацијата биле утврдени кај 29 објекти. Во Гостивар и Дебар пак, биле затврени педесеттина објекти.


Извор:Супер радио
http://spektra.com.mk/lokalni/inspektorite-sinoca-sprovedoa-golema-akcija-vo-ohrid

Со други зборови во Гостивар и Дебар веројатно не постои дуќан кој плаќа даноци.
Незнам зошто на македонските Албанци им е толку тешко да признаат дека повеќето од нив не плаќале и немат намера да плаќат даноци и давачки на државата. Има безброј примери на чело со Арачиново каде што не се плаќа ни струја а за другите комуналии да не правиме муабет. Затоа контроли треба многу почесто за да се навикнат, како што се навикнале со години никој да не ги контролира и да функционират како огромни гета без никаква контрола тогаш ќе се навикнат и на инспекции кои се секојдневие за останатите делови од државата. Подршка за овие акции и се надевам дека и во иднина ќе продолжат.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.132
Поени од реакции
4.824
Вечерва во: Чегране, Градец, Форино, Камењане, Боговиња...

Како не ги изненадија еднаш барем со некој проект за развој.

Не разбирам на кој начин го најдоа во мапа селото Смојмирово со 765 жители македонци за да им изградат повеќенаменско игралиште ?
Ново парно греење.
Да биде парадоксот поголем, во Смојмирово се запишаа само 3 првачиња.


Или во село Истибања, изградба на повеќенаменско училиште, градинка, реконструкција на училиште , дневен центар итн. (зборувам за проекти на Владата).
Село со 8 првачиња.


Зошто не ги изненадија учениците од селото Сливник ? Со ново училиште , со проект за вода и канализација, некој асвалтен пат, да не збориме за тениски терени.
Село со дури 20 првачиња.
Ама албанци се овие.


Зошто не ги изнанадија селаните од Калишта, па да им дадат 30.000 евра за реновирање на школото, туку дозволија тие самите да го реновираат ?

Оваа држава не е еднаква кон сите.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
ФОТО: Врие полиција во тетовско Боговиње





Управата за јавни приходи не се откажува од намерата да изврши контрола во сите објекти на цела територијана Македонија. Инспекторите вечерва се во Боговиње, Камењане и Челопек. Инспекторите заедно со полициска придружба вечерва ги чешлаат трговските објекти во овој дел на Македонија. Се проверува дализдаваат фискални сметки и дали ги почитуваат законите.
http://www.press24.mk/node/128320

Во Боговиње нема да имало казни туку барат некој ако издава фискални да го наградат :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665
Оваа држава не е еднаква кон сите.
Прашањата ти се легитимни, ама адресата погрешна. Ние не можеме да ти дадеме одговор. После 2001ва, а особено после 2006-8, партијата на Албанците што освоила најмногу гласови (а тоа во пракса е и ќе биде ДУИ) се наметнува како „легитимен претставник на Албанците“. И тоа си фукционира со години.

Затоа, со прашањава најдобро да се обратиш до Речица.
 
?

..........

Гостин
Вечерва во: Чегране, Градец, Форино, Камењане, Боговиња...

Како не ги изненадија еднаш барем со некој проект за развој.

Не разбирам на кој начин го најдоа во мапа селото Смојмирово со 765 жители македонци за да им изградат повеќенаменско игралиште ?
Ново парно греење.
Да биде парадоксот поголем, во Смојмирово се запишаа само 3 првачиња.


Или во село Истибања, изградба на повеќенаменско училиште, градинка, реконструкција на училиште , дневен центар итн. (зборувам за проекти на Владата).
Село со 8 првачиња.


Зошто не ги изненадија учениците од селото Сливник ? Со ново училиште , со проект за вода и канализација, некој асвалтен пат, да не збориме за тениски терени.
Село со дури 20 првачиња.
Ама албанци се овие.


Зошто не ги изнанадија селаните од Калишта, па да им дадат 30.000 евра за реновирање на школото, туку дозволија тие самите да го реновираат ?

Оваа држава не е еднаква кон сите.
Во 2001 жителите на селото Смојмирово застанале во одбрана на државата, а жителите на Сливник застанале на страна на терористите против државата, затоа сега државата ги наградува оние кои ја бранат, а ги остава во калта оние кои работат против неа...

Јасно ли ти е сега?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom