Колумни и колумнисти

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ваква тема фали на подфорумов. Како голем вљубеник во колумнизмот ја отворам темава за да можеме да дебатираме за колумнисти кои ги респектирате и колумни кои ви оставиле впечаток. Во суштина темава во старт знам дека ќе има носталгичарски поглед кон времето кога Трендо се уште пишуваше колумни, но не е на одмет да споменеме и неколку други колумнисти кои вредат да се читаат. Можеби ќе откриеме и некој нов колумнист кој е квалитетен,а ќе ставиме знак предупредување пред некој кој не вреди да се чита.

Лично за мене светото тројство од оваа област се Трендо, Горан Михајловски (уредник во Вест и автор на колумната Сакам да кажам) и Братислав Димитров кој сега повторно се активира и почна да пишува колумни откако подолго време не пишуваше. Некогаш и професорот Ферид Мухиќ го читав, но сега не сум наишла на ништо негово. Човекот има прекрасен стил на пишување.

А вие? Чии колумни ги читате?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ми недостига Трендо,денес и Влатко Ѓорчев е колумнист.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ми недостига Трендо,денес и Влатко Ѓорчев е колумнист.
Me too, и она историско ДАБОМЕ, кое го ставаше во секоја колумна.
Носталгичарски му ги читам стариве колумни. И оние што се напишани пред десет години, важат и денес. Или времето застанало или Трендо е видовит..:)))
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Па Трендо стандард и Јасна Котеска ја читав порано, одамна и таа нема ништо ново.
Сега само Венко го следам, другиве послабо.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ех Трендо, Трендо... :( Го обожавам, неговиот специфичен смисол за хумор ги правеше неговите колумни уникатни и ден денес кога ги читам ми се прекрасни и едноставно не можат да ми се здосадат. Не ги следам многу останатите, затоа што се се сведува на плукање, без никакво достоинство и хумор. Скоро сите колумни личат една на друга, никој не остава сопствен печат, освен можеби Горан Михајловски од Вест. Он е единствен кој прилично редовно го читам и сметам дека е супер, затоа што одлично држи баланс, а и употребува некои изрази кои се крај и знаат да ме изнасмеат. Братислав Димитров ми е многу носталгичен, ама добри описи дава, кога го читам се осеќам ко јас да сум го преживеала тоа фамозно корзо, иако се разбира сум од многу помладите генерации.
Рокенрола ко да сум направила копи пејст од твоето мислење, ама навистина за мене тоа се тројца луѓе кои пишува(ле)ат вистински колумни, а не ко денес секој стана колумнист и свашта пишува без трошка оригиналност и креативност. За жал. :(
 
А

Антоние

Гостин
Професорот Марјановиќ (Џорџе) на времето пишуваше една од најинтересните колумни во Македонија. Многу колумнисти се обидуваа и се обидуваат да го копираат тој стил (тука спаѓа и неговиот колега Фрчко), меѓутоа таква колумна не може некој друг да напише. Исто така колумните на Марјановиќ се доказ дека човек е најобјективен и најинтересен кога е (или барем претендира да биде) неутрален.

Ако гледаме во врвовите на развојот на неговите колумни, јасно се гледа дека најдобрите колумни ги пишуваше до пред да влезе во политичките води. Нели формира партија "Лига на демократија" ако добро се сеќавам, и одтогаш се повеќе вртеше накај политика и препуцавања. Мислам дека може уште да се читаат неговите колумни на интернет. Можете да ги најдете во архивата на дневник, како и сите останати други.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ех Трендо, Трендо... :( Го обожавам, неговиот специфичен смисол за хумор ги правеше неговите колумни уникатни и ден денес кога ги читам ми се прекрасни и едноставно не можат да ми се здосадат. Не ги следам многу останатите, затоа што се се сведува на плукање, без никакво достоинство и хумор. Скоро сите колумни личат една на друга, никој не остава сопствен печат, освен можеби Горан Михајловски од Вест. Он е единствен кој прилично редовно го читам и сметам дека е супер, затоа што одлично држи баланс, а и употребува некои изрази кои се крај и знаат да ме изнасмеат. Братислав Димитров ми е многу носталгичен, ама добри описи дава, кога го читам се осеќам ко јас да сум го преживеала тоа фамозно корзо, иако се разбира сум од многу помладите генерации.
Рокенрола ко да сум направила копи пејст од твоето мислење, ама навистина за мене тоа се тројца луѓе кои пишува(ле)ат вистински колумни, а не ко денес секој стана колумнист и свашта пишува без трошка оригиналност и креативност. За жал. :(
Крејзи имаме ист вкус по ова прашање..:)
Инаку он топик да ја постирам една од моите омилени колумни на Трендо. Колку пати и да ја читам се смеам. Хир ви гоу...

Тачка е сува лепота

Да беше денес Тито жив, ќе гледаше БТР. Додека Јованка доконо би си ја местела пунџата и - од пред огледалото во ходник - би му звоцала да намали со тоа пурите, шизикот натенане ќе си правеше мерак на фреквенцијата на легендарната скопска телевизија. И веројатно немаше да додржи па ќе пуштеше СМС порака со следнава содржина: 'ве сакам сите и ако може од здравко цолиц весеље се шири на све стране'. Ах, да! На крајот на пораката, за да не го познаеме, ќе го ставеше задолжителното: 'ве молам, нека постои', со што ефикасно ќе се маскираше во регуларен БТР гледач кој има обичај редовно да моли за екстра секундажа на својата порака, веројатно сметајќи на читачките способности на лицето на кое му се обраќа. Па се доаѓа до стандардна сентенца од типот: 'поздрав до кум јоцо и да бричи петел што не дое. нека постои'.
Не верувам дека од Триглав до Мрзенци постои место каде што подоследно се спроведува титовиот хипи концепт за братство и единство од оваа смс-музичка емисија на фасцинантната БТР. Тука живее една виртуелна комуна составена од различни народи, народности, касти, професии, табиети... од сите вери и невери. На кое друго балканско место можете да прочитате исказ со космополитски набој сличен на овој: 'поздрав од љуљзим и пуштете нешто бугарско'? За ваквата турбо мултикултурност сведочат и имињата кои и даваат барокна раскошност на целата прикаска. Ве молам, запознајте се со нашите Мевлуде, Мирусе, Вилсон, Миракли, Тарзан, Њомза, Бесмирче (хихихи, Бесмирче!), внукот Егзон и дедо Вебат кој мора да е некаков опак веб дизајнер од дедо пошто беше напишан на латиница, со даблју! А богами има и цели друштва со совршени ономатички комбинации, како што е веселата дружина составена од 'неро, шеро, ајна, биљка, себастијан и були'!?
Обединети од заедничката склоност кон чкарт музика а опремени со мобилни телефони, тие тука живеат ведро и распеано, безгрижно трошејќи ги своите потрошувачки кредити на поволни рати од по пет денари плус ддв. Добро, и овде може да се налета на жесток хејт спич, но дури и тој овде звучи некако бенигно. Неписменоста некогаш умее да го разоружа олошот. Како во случајот на носителот на пораката: 'Позравам. Миле. Китик. Од Ајредин. И. Абдил. Ллавови. Од. Арациновн. Мајко. Вијебам. Циганско'. Или, како човек да му фаќа за кусур на типот кој неправедното и ничим изазвано смс ембарго го пробива со антифашистички крик: 'Засто не ја пустис пораката бре хитлер матер?!'
Даклем, и на други наши телевизии има вакви емисии но сите тие по некое време жанровски се стабилизираат, сведувајќи се најчесто на предвидливи тинејџ дрндања од типот: ја сакам мими од трето три, никола карев закон, милан шампион, лацио буљаши....Наспроти ова, на БТР имаме лудило кое се шири во сите правци! Тука имате таква тематска и лингвистичка шареноликост која руши секаков обид за систематизација. Пеки, неколкудневно зјапање може да ви открие дел од стандардните ритуали, како што се муабетите за филмот кој се пушта по емисијата. 'Кој филм и кога, ве молам' е најчестата изразна форма на оваа љубопитност. Некои упорно бараат порно, некои трезвено се определуваат за хорор, еден го бараше 'оној со Нико, со возот' а посебно издашна беше полемиката околу филмот 'Грофот Монте Кристо' кого некои фанови го прекрстија во Монте Хриско!
Музичките желби се движат во радиус од Линкин Парк до арапска музика. Цеца се држи многу добро, Азис исто така а фреквентни се и Јашар, Синан Сакиќ, Сако Полумента, Кеба и Зорица Брунцлик која одвреме навреме ни се појавува во форма на Зорица Бруслич!? Топ хитови се 'Дуду' од Таркан, 'Циганин сам ал најлепши', 'Видовдан' и уште дузина други кои зависат од емотивното салдо на авторите: добро расположените најчесто ја бараат 'Плава Циганко' а оние кои се даун одат со хардкор варијанти на кафански блуз.
Тука се и стандардните љубовни пораки ('јас златко рибарот казувам јавно дека ја сакам оливера од хиподром со песна од сабан саулиц') љубовни дилеми ('ане те сакам ама и мацка си ја сакам!'), бизнис понуди ('козни цизми на големо само 5 евра'), честитање веселби ('среќна запивка'), пријателски совети ('Васе продолжи со диетата'), а постојат и интересени информативни содржини ('поздрав до Ејуп командантот декан на педагошки факултет' -???), хаику нежности ('Лирија е мојот живот сосе децата') како и вратоломни комбинации ('цестито име на попот стефан и дај пустете вецер некое порно')! Мене омилени цитати ми се оние најнеписмените како што е 'косакам.азис.дајте.одковор.цао' или мистериозните како 'кој ќе ми каже каков број е 933?' а ги обожавам оние кои ме тераат на стари години да земам спреј и да го ишарам градов со графити. Најголемо искушение од ваков тип имав со смс паролата: 'ТАЧКА Е СУВА ЛЕПОТА!'
Граматика, синтакса, интерпункција... се е подложено на темелна ревизија! Каноните на Конески се реконструираат со радикалност на која своевремено не се осмелуваше ни лингвист од форматот на Саше Фактор Икс. Празното место меѓу зборовите изгледа предизвикува масовна алергија ( мисе спие, тесакам, бабами...). Овој проблем некои го+ решаваат + со+ ставање+ плусови но најчесто се прибегнува кон. употреба.на. семоќните.точки. Од буквите најголеми жртви се забележани кај буквата 'в' која на БТР изчезна од некои свои природни територии. Но, благодарејќи на ваквиот дил, ги добивме новите ентитети како што се: 'набафка', 'дечкофци', 'шфалерки' како и сеприсутниот 'поздраф' при што, овој последниов, некогаш се подвргнува на дополнителна рационализација по што се добива концизниот термин 'ПОЗРАФ'!
Но, не се залажувајте! Овој бтр-смс јазик само навидум е лесен за учење. Да видиме, значи: за 'внук' е лесно. 'Фнук', така е. Но, како гласи множината? Фнуци? Е, тука сте се заебале! Фнуците се само привремено, провизорно решение. На крајот на метаморфозата, внуците прераснуваат во - 'фнузи'!!! Жифми шфалерка! Кога видов како една баба 'ги поздравља фнузите', тачно почнав да се тркалам по дома, халуциногено замислувајќи си дека сум несвршен глагол кој ита во прегратка на изведена именка! Да и живеат фнузите и да даде Господ да си дочека и прафнузи!
Аха, ќеф ми направија и оние силни пораки во кои ме поздравувате и ме потсетувате на ветувањето од минатиот пат. Посебно ме трогнаа оние 'трендо закон', 'трендо цар'... пошто ме ставија рамо до рамо со Миле Китиќ, Аца Лукас и останатите персоналитети на кои во вакви прилики редовно им се припишува слична правно - аристократска важност. Па, што да ви кажам?
Вепоздрављам сите. Вемолам нека постои!
Извор: Он нет.
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
во последно време почнав да го следам Филип Петровски, ми се допаѓа неговиот реален осврт на моменталната ситуација во државава, како и на моменти умерено арогантените ставови во однос на тоа.... секако сето тоа го прифаќам на свој начин, и одбирам во што ќе верувам....
и да, трендо :)

@walker girl - каде го следиш венко? ако можеш прати ми линк
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Моментално сум навлечен на Александар Хемон, од нашиве ги следам скоро сите колумнисти од Дневник, Утрински и Нова Македонија. Фрчко знае да испровоцира, Жаре е апла дупеувлакач, Ѓорчев е рефлексија на вистински Македонец (глуп, егоистичен и дркач), Дончев / Венко се убер досадни и без став, Букаро не е лош само уште да имаше интигритет малку од малку, Димитров е добар за во шаховски клубови и на геријатрија, Ванковска е добра само што е суетна премногу и јебем ли и НАТО во секоја колумна мора да го спомне, Мухиќ е супер само да не е мрзлив и да посвети малку повеќе време на колумна. Ако заборавив некој да го спомнам нека ми прости. Да бе Пендароски ќе го заборавев, Стево е солиден затоа што е единствен кој обработува геополитички теми од светски карактер и дава некоја анализа ама кога ќе го споредам со западнине колумнисти ми е премногу боза. Сашо е исто така солиден

Ич не ми текнува како се викаше во Фокус стариот колумнистот, познат новинар е ама моментално сум блокиран, јебем ли га тој беше одличен
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Еј зашто така за Братислав Димитров бе? Јас имам 21 година па си го сакам. Многу добра симболика знае да направи на работите. Мирни колумни пишува, време носталгични за време кое не сум постоел но сепак ми се допаѓа сето тоа како го пишува.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
А јас мислев некој ќе ја потспомне Мирка...:)
Фин аналитичар е и Мирка, само што почна да зазема страна, а тоа и те како се чувствува во текстот. Инаку е една од ретките жени во Македонија која знае да срочи политичка колумна.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.126
Поени од реакции
835
Колумни во класична смисла на зборот не читам, ако сретнам во весник обично се водам од насловот и ако ме интересира ќе ја прочитам.
Повеќе преферирам да следам блогерџии на Интернет (па и тоа се еден вид колумнисти, зарем не? :)), се разбира од области кои ме интересираат и после ги читам и коментарите на истите бидејќи и тие во голема мера ме интересираат.
 
S

Sagan

Гостин
Еден збор- илјада слики - еден одговор
Мирка Велиновска
Нова Македонија

Што е работава со Мирка? Доктор `и забранил да гледа сМРТ и Шител?

Никола Груевски почнува да пимпла како Трајковски. Не го разреши Бесими иако мораше. Ете го сега во Брисел каде што, наводно, заедно со министерот за надворешни работи ја претставува Македонија врз која се помоча со помош на двајца американски државни снајперисти. Предложи закон за бранителите чиј статус не е решен само затоа што сите активни политичари во Македонија од родот тацноносачи кротко се согласија војната во 2001-та да ја третираат како партија пеинтбол



Министерот за одбрана Фатмир Бесими по повод 13 август, во официјално својство и во придружба на армиски лица отиде во селото Слупчане да им се поклони на паднатите борци на ОНА. Го направи тоа додека врховниот командант тераше ифтар во Турција, а шефот на Владата се одмораше исто така во Турција. По скандалот уследи стандардната политичка игричка во копродукција на американската амбасада плус Филип Рикер и омилените им „борци за човекови права“, а во која македонските државни претставници секогаш добиваат улога на држачи на тацни. Мојот проблем во целава пиздарија не се ниту учките ниту „келнериве“, а уште помалку сурушите, односно воајерите од СДСМ. Мој проблем е што сите тие изгледа си мислат дека Македонија и Македонците се на тацна.

Многу грешат!

Ќе почнам од Ѓорге Иванов, кого ќе го прашам како врховен командант дали е сигурен дека во АРМ постои синџир на команда и, аналогно, дали е сигурен дека, во не дај боже случај како што беше 2001-та, војската ќе функционира ефикасно и беспрекорно. Може ли тој да е сигурен дека неговите врховни наредби ќе бидат испочитувани и спроведени ако министер е некаков Бесими, а офицер некојси Талал Џафери или командант Бреза? Или ајде да отидам чекор понапред во претпоставките, па за секој случај да си прашам: Размислува ли тој за ситуација кога некој Рикер можеби утре ќе ги насаска „култивираните“ учки дека сега му е мајката да ја реализираат идејата за „Илирида“, зашто сега имаат уставно инсталирана албанска паравојска во сите структури на АРМ? Немој пак некој да ми каже дека сеам дефетизам и песимизам! Вакви срања се случуваат. А во Македонија особено често откако политичарите дозволија преку криминален рамковен договор, без никаков темел во домашното и меѓународното право, во државата да се вгради тешка фабричка грешка што 24/7 штанца неупотреблив шкарт за кој не постои доволно голема Дрисла да се складира.

Никола Груевски нема што да го прашувам, ами ќе го потсетам, бидејќи тој, нели, ја промовираше онаа „една слика - илјада збора“. Првата слика е сврзана со покојниот Борис Трајковски. Тој во почетокот на косовската агресија врз Македонија извршена со сесрдна американско-европска логистика се занесуваше дека е полнокрвен шеф на суверена држава и на учките од Липково им упати ултиматум дека, ако не ја напуштеле браната, ќе дејствувала армијата. Кога учките не го исполнија ултиматумот, одлучниот Борис го упати вториот ултиматум, овој пат со пофлексибилен рок од 48 часа, по кои, нели, тој ќе ѝ дадел наредба на армијата да дејствува. Нормално, учките не му удрија рецка, па цврстиот врховен командант и третпат демонстрира одлучност ем цврстина, така што во третиот ултиматум налутено и строго им нареди на „востаниците“ да се повлечат најдоцна за 72 часа.

Е, потоа, кога ни тргна, не застанавме со спасувањето на Македонија до денешен ден. Видиш ти како ДПА и ДУИ си наддаваат на тендерот распишан од Собранието за тоа кој ќе ја направи Македонија поалбанска и поучкаста. Просто човек гледа како пратениците на ДУИ и ДПА во следната етапа на остварување на „духот на рамковниот договор“ си ја замислуваат Македонија како жолта куќа во која тие на Македонците, со американска поддршка, легитимно ќе им ги вадат органите без анестезија. Демек, ќе ги колат на ангро, а касапите ќе ги овековечат низ булевари, улици и школи. Добро де, ќе му дадат некое сокаче и ќе им ги остават сите органи на нивните сојузници од СДСМ плус Тито Петковски. Ама само на оние во највисокиот врв! Без Мисовски!

Значи, да го потсетам: Борис Трајковски, по неговите славни ултиматуми, никој не го рецкаше. Пред крајот на мандатот, кога тој се надеваше на втор, не го профермаа ни неговата партија, ни неговите моќни меѓународни пријатели, ни народот. Рејтингот му беше одвај 3 отсто. Плус-минус маргина за грешка од 3 отсто. Значи чиста нула. Потоа, како непотребно сметало и опасен сведок, го отепаа оние што му ги даваа советите. И посмртно, преку срамен медиумски 24/7 пресинг, му го креваа рејтингот прогласувајќи го крајно дегутантно и цинично за „голем човек“ и „светски калибар“.

Потсетувањето на оваа секвенца има за цел да му укаже на Никола Груевски дека
почнува да пимпла како Трајковски. Не го разреши Бесими иако мораше. Ете го сега во Брисел, каде што, наводно, заедно со министерот за надворешни работи ја претставува Македонија врз која се помоча со помош на двајца американски државни снајперисти. Предложи закон за бранителите чиј статус не е решен само затоа што сите активни политичари во Македонија од родот тацноносачи кротко се согласија војната во 2001-та да ја третираат како партија пеинтбол. Во таков случај „нормално“ е што учките што ги извршија масакрите во Вејце, Карпалак, Љуботенски Бачила..., кои киднапираа, силуваа, резбареа врз живи луѓе се чувствуваат охрабрено да продолжат со ширењето на етничката кауза на Ермира. Тие се амнестирани, наградени, вработени, исплатени, привилегирани и уважувани, а оние што ја носеа официјалната армиска и полициска униформа се шиканирани, навредувани, криминализирани, обезвреднети - дотука бидува! Груевски како реакција на дрска провокација се одлучи да дејствува. Рече дека ќе си стои на зборот зашто не му е потребна власт по секоја цена. Ама, гледам, нешто се тегне работава како мрсул. Владата функционирала непречено. Никола и Али ќе се сретнеле. Предлог-законот е во процедура, а процедурата блокирана. Во меѓувреме тргнаа шепотењата во доверба дека „меѓународната“ не сакала вонредни избори, сакала коалицијата да опстане, а за возврат ќе нѐ честела со датум за преговори со ЕУ овој декември. Паралелно, Бранко Црвенковски почна интензивно да гостува по медиумиве и во платена пропагандна програма и на пресовите на Бичиклиски. Демек, човекот учествувал во организиран шверц. Заедно со Фрчкоски. Така рекол шверцерот Маѓаш. И што е тука ново?
Сите го знаат тоа. Пред Маѓаш тоа ни го кажа Петрит Аме. И црногорски Монитор. И извештаите на НАТО, УНПРОФОР и многу други. Народот затоа неповратно ги има отпишано и него и СДСМ. Но дечкиве од ВМРО-ДПМНЕ изгледа не знаат дека по секоја ваква експлицитна слика, нормалниот човечки ум си проектира уште една слика проследена со илјада збора - онаа за државата и функционалноста на нејзините институции. Значи, што мајка прават полицијата, обвинителството и другите фактори што не дојдоа до ниедна странска сметка, не дојдоа до ниеден валиден доказ и сведок за дотичниве да ги стави во бајбок со правосилна судска одлука? Не само за шверц туку и за подривање на државата, за антиуставно дејствување, за загрозување на општата безбедност и слично. Па, патем, во свеста ќе му искрсне сликата за петкратното ѕверско убиство на децата кај железарското езерце и многу, многу прашални зборови за молкот што го покри овој настан. Дури и Пол Волерс, кој ни се закани дека одблиску ќе ја набљудувал правдата, си молкна. Што е? И тука ли проработи стратегиското партнерство на сметка на Македонија и Македонците? Дали учките, вахабитите, алкаедистите се кријат во Бонд стил и се под директна заштита на Америка? Дали демократско Косово, чија независност под закана ја признаа нашите политичари, си продолжува да биде јатак и камп за обука на сите мафијаши, психопати и убијци со знаење на големите спонзори за потребите на нивните мали војнички?

Пред рејтингот на Груевски да почне да се движи надолу, сакам да го потсетам дека Македонците како искуствени скептици тешко му ги дадоа срцето и довербата. Но откако му поверуваа и го фиксираа на врвот, тој мора да внимава своите зборови сто отсто да ги исполнува. Без изговори. Нема повеќе оправдувања! Од ова последно ветување тој не смее да отстапи. Тамам Господ бог да му вети утре прием во НАТО. Таков морков не смее да залапа, оти со него во пакет доаѓа и стапот. Со такво глупаво залапување ние еднаш овозможивме територијална поделба по воената линија на разграничување од 5 јули 2001 (ја исцртавме Илирида), а добивме безначајно признавање на САД под нашето уставно име со „мала“ фуснота дека САД и натаму силно ќе ја притискаат Македонија да си го смени името и ветување до Грција дека во истиот момент и САД ќе си ја повлечат претходната одлука.

Значи, кого го боли уво за датум за преговори со унија што не знае утре ни што ќе биде ни каква ќе биде, ако цената е уште една капитулација на државата Македонија?

Автор: Mирка Велиновска
 

Kajgana Shop

На врв Bottom