Колку сте високи колку сте тешки? Проблеми, ситуации?

Член од
29 јули 2010
Мислења
68
Поени од реакции
4
Незнам сеа темава дали има врска со „ЗДРАВЈЕ“, но мене ме интересира дали можам сеуште да растам во висина иако имам 16,5 години, затоа што мислам дека сум низок со моите 170cm. Дали можеби има некои посебни вежби кои можат да ми помогнат и дали исхраната има улога во ова?? Помагајтее! :toe:
 

its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Drugo e sve geni i mislam deka visinata ne bi trebalo da ti pretstavuva problem. 170 i ne e do tolku nisko stoznam. Inace imas sansi da rastes zavisi koja visina ti se drugite clenovi od semejstvoto. Nekoi rastat do kaj 23-4 godini, nekoi do 15-6.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Јас помислив којти знае какви проблеми ...оно што било работата....добар си ти со 170 го шиеш Меси за 1цм :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
170 и мислиш дека си низок? Па еве ме мене со 21 година скоро и под 170 па не сум "болен" па да барам совети во тема здравје. Сфашта...
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Незнам сеа темава дали има врска со „ЗДРАВЈЕ“, но мене ме интересира дали можам сеуште да растам во висина иако имам 16,5 години, затоа што мислам дека сум низок со моите 170cm. Дали можеби има некои посебни вежби кои можат да ми помогнат и дали исхраната има улога во ова?? Помагајтее! :toe:
Баскет и пливање се спортови кои помагаат при правилно развивање на телото, особено пливањето, а од баскетот доста луѓе се имаат извишено. Така да јас би ти препорачал да се занимаваш со еден од овие два спорта.
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
10
Редовно спортување, особено кошарка и одење често на планина - плаинарење.

касни - порасни:jaj:
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Имаш 170 сантима, еј па ти ќе можеш да се возиш на вториот спрат на новите кинески автобуси. Биди среќен со тоа, многумина нема да можат да си го дозволат тоа задоволство. ;)
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
ебате проблемот, имал 16,5 години...170 цм бил висок. А колку сакаш 2,00м да бидеш ?
Ти друже имаш друг проблем, висината не ти е проблем.

Освен ако не ти е потребна за некој спорт како ракомет, кошарка и сл.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Високите луѓе имаат проблем со висина, ниските немаат :icon_lol: без шали стварно имаат здравствени проблеми повисоките, имав една другарка од што нагло порасна имаше проблеми со срцето не и испумпуваше доволно крв, е сега за машко стандардите за лепота се тие иначе од здравствен аспект ниските луѓе се подолговечни:)
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Незнам сеа темава дали има врска со „ЗДРАВЈЕ“, но мене ме интересира дали можам сеуште да растам во висина иако имам 16,5 години, затоа што мислам дека сум низок со моите 170cm. Дали можеби има некои посебни вежби кои можат да ми помогнат и дали исхраната има улога во ова?? Помагајтее! :toe:
нема такви вежби... но, на твоја возраст можно е да пораснеш уште некој сантим (мада е исто можно и да не пораснеш)
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Друже суепр ти е висината, има некои и под 170 a постари од тебе, немаш проблем.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Дел од овде сте тешки нелуѓе, или објаснете му на детето или тргајте се од темава а не да ми се правите паметни со сила тука -.- Еве и за мене претставува висината проблем, имам 20 години и сум 174-5 отприлика, ама 80% што ги знам се над 180 и си имам направено еден комплекс во клавата дека сум низок -.-
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
И јас сам ниска па си неам комплекси, се викам малите скорпии поотровни се.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Јас сум 198.
Не гледам причина да се гордеам што сум ептен висок.

1) 80% од Македонките се 168 високи
2) Ако си висок како мене ќе имаш редовно низок притисок :))
3) Често нема да те собира секаде. Еве во кинеските автобуси ќе виткам кичма на вториот спрат :))

Како и да е, темата е повеќе за психологија отколку ...здравје :)
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
69
Поени од реакции
8
Незнам сеа темава дали има врска со „ЗДРАВЈЕ“, но мене ме интересира дали можам сеуште да растам во висина иако имам 16,5 години, затоа што мислам дека сум низок со моите 170cm.

Да за во здравје е, и да можеш да растеш сеуште. :)


Дали можеби има некои посебни вежби кои можат да ми помогнат
Има вежби за истегнување:


Клик за секое поединечно.

Исхраната исто така има голема улога во растењето. На твоето тело повеќе му требаат протеини, витамини и минерали отколку јаглехидрати и масти. Протеините се основните компоненти на сите живи клетки и содржат многу супстанции, како што се ензимите, хормони за растење, и антитела кои се неопходни за правилно функционирање на организмот.
Најправилен режим на исхрана за внесување на протеини ќе го добиеш преку храна која содржи најсоодветна дистрибуција на амино киселини како што се: риба, јајца, млеко и мешунки( пример грав )..
Оваа храна ги содржи повеќе од 20 амино киселини, вклучувајќи ги осумте есенцијални амино киселини кои не се синтетизираат во твоето тело. Затоа замени ги оризот, лебот, хамбургерот со: риба, јајца, обезмастено млеко..
Најважниот минерал е калциумот. Немој да консумираш кафе, безалкохолни пијалоци со рафиниран шеќер, концентриран засладувач, премногу сол, масти, алкохол и цигари.
Замени ги со гореспоменатите: јајца, мешунки, животински црн дроб, многу овошје, зеленчук, обезмастено млеко, млечни производи и морски плодови.

Спиењето исто така е еден од факторите за раст. Тоа ја регулира способноста на твоето тело да се развива природно. Затоа и сме повисоки во утринските часови отколку во текот на ноќта.
За време на спиењето 'рбетниот столб е во релаксирана состојба и се шири.
Се надевам дека колку - толку, ти помогнав. Со среќа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom