Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 15.730
- Поени од реакции
- 35.236
Ами се што набројуваш тука е проблем и во западните земји, ако живееш (не да ренташ како студент некоја дупка за 500-600 евра), оти и таму за асална недвижност пола плата ќе ти отиде на сметки и кирија. Ако не јадеш фест фуд туку на поасални места, и таму треба да работиш со денови само за трошокот за храна.Во која држава можиш да си дозволиш сите горенаведени работи и плус исплаќање на недвижност ?
Освен ако татко ти не е Доналд Трамп
Пристоен живот јас подразбирам
* покрив на главата, без разлика дали е моја сопственост или плаќам кирија
* да не мора да се тресам кога ќе влезам во маркет дека лебот поскапил,
* да не мора да штедам цела година за да одам еднаш на одмор до Халкидики,
*да не мора да се пишам по бутици за партали увезени од кинески пазар во Турција, а
*да можам да си дозволам барем неколку пати во месецот ручек, пиво, кафе со пријателите,
*да имам сопствено возило не искршена крнтија за која ќе треба секој месец да трчам по мајстори,
* да ми следуваат здравствени услуги за кои сум плаќала осигурување а не да треба да се раскинам од пари давање по приватни клиники,
*Да ДИШАМ ЧИСТ ВОЗДУХ а не канцер
* Да не мора да му давам под рака пари на некој си лешинар кој имал среќа да е на фотелја а нема две чисти во главата, за да извадам некој документ на шалтер
Не барам луксуз, барам пристоен живот кој тука во Македонија одамна го нема
Никој не рече дека во странство цветаат рози, ама за разлика од Македонија платата ми стига за се и посреќна сум, измеќар ќе бидам и во сопствената држава а како тргна политиката и во нашата земја сме туѓинци, така да го одбирам помалото зло
Здравството е можеби подобро, ама затоа ќе чекаш 10 саати на ургентен и нема да писнеш (иако во мкд за ова викаат медиуми), и на запад ако не сакаш да те оперира Гупта кој едвај го зборува јазикот и има некоја сумлива диплома од универзитет кој го нема на гугл мапс, ќе си платиш на приватно (денот на болница е 5-10к), а операции верувај ми не сакаш ни да знаеш.
Чистиот воздух може сеуште да го третираме како реална причина и оправдана за да се замине. Неделивост при казнување е второто, непотизмот делумно оти и тука се изврани како свински црева (само треба да се опуштат малку за да ја видиш големата слика), можностите оти се големи држави, инаку се друго ти е горе-доле исто ѓубре само спакувано со панделка.
П.С кај беше толку на одмор па да се мочаш врз Халкидики?
Не бе друже, и во Македонија обичен работник може да ги уплати сите тие работи кои ги набројав, само си бара работа и трчање. Имам братучед работи со клими и е прилично отворен кога разговараме за приходи, секој месец му се движи од 1500-3500 евра нето приход (правиме маубет само една плата). Имам другари кои работат со занаетчиски работи (ламинат, паркет, плочки, малтарење), однапред се резервирани за наредни 6 месеци.Во муабетов, ти си тој што не е реален, извини што упаѓам вака. Освен ИТ инижињери и политичари кој друг може да приушти било каков капитал како стан, куќа, сеедно дали во МК или Германија, Австралија?
Сите што не се политичари, доктори или ИТ(или инжињери, високо обрзаовани, стручен кадар) ниеден друг неможе да приушти таков капитал, така да полека со тоа измеќарски живот. 80% од луѓето по твоја дефиниција ќе се измеќари.
И секако дека е подобро да исплаќаш на Ханс затоа што живееш во средена држава, кај што плаќаш здравствено и за истото не се секираш ако завршиш во болница, знаеш дека ќе добиеш третман наместо да умреш на маса во Македонија заради корупција и партиски вработувања. Не секој може да се лечи приватно или да има приватно осигурување.
Прашањето е дали сака некој да засука ракави и да работи, или сите сакаат да се писари (од тоа што гледам јас е второто, која мајка изгубила дете, ќе го најде по мкд универзитети, додека учевме едвај 15-30% беа добри ученици и фаќаа книга, а на факултет отидоа 103%).
Измеќарски е де, ако пресметаш претходни генерации биле буржоазија за денес, оди прашај колку денови работеле баба ти или прабаба ти и пак изградиле куќи и изгледале по 5 деца. Денес оп-трт ако била една плата, немој да е повеќе од едно дете оти готово пропадна бродот, стан бил скап во Германија ама ќе се купело со Германска плата во Скопје - од старт труло, ако навистина си ги цениш своите услуги и системот те третира како што треба, треба да си дозволиш кров над глава таму. Или станиш пензионер и ќе одиш во посиромашна земја оти не стигала таму (100% западните земји ти се оваа приказна, џабе ги дискутираме само пензионерите во мкд).
Не знам колку си завршил да се ебаваш со здравство, ама е далеку од тоа што ти го прикажуваат. За кај вас таму имам роднини што работат како доктори, и имам слушано секакви приказни и од таму, подобро можеби од мкд, но далеку од совршено како што го замислувате. Еве тука кај мене имаат упм недостаток од доктори, па и за најобична работа ќе завршиш да чекаш 10 саати само да те погледне некој, а да не правиме муабет за сериозни работи. Да, кога ќе дојдеш на ред се спремни и опремени, ама има сите ѓупци попови да ти се видат дотогаш.
Има работи кои навистина се лоши во мкд и треба да се подобруваат, ама да се воспеваат толку западните системи кои пак те третираат како измеќар (да, колку и да не ви се допаѓа тоа е зборот, одиш, им рмбаш како коњ и во цел живот не заработуваш за да имаш своја куќа, нешто што го имале нашите пред 50 години и мислиш кај да заминеш кога ќе фатиш пензија), не е ниту фер, ниту исправно.