Колку музиката ви ги буди сеќавањата?

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Мислам дека секоја можна песна ми е поврзана со случка од минатото... Буквално секоја песна ми буди спомени, кога драги кога депресирачки
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Уф, премногу:vozbud:
Секоја песна ме враќа назад, кон нешто што ми се случило во минатото.А тие чувства што се навраќаат не се секогаш убави...
 

GirliciouS

ιт αιn'т eαѕy вeιng gιrl...
Член од
19 ноември 2008
Мислења
72
Поени од реакции
1
Исто исто :) Секој спомен од минатото ми е поврзан со песна..без разлика дали е добар или лош
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
11
Поени од реакции
0
Pa sigurno deka muzikata te vrajka vo poranesnite vreminja, duri nekoja pesna koga ke ja slusnam me podsejka na bivsata ili na drugi raboti nee bitno
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
946
Поени од реакции
21
ТОШЕ ПРОЕСКИ АЛБУМ: СИНОТ БОЖЈИ
Секоја песна од овој албум ме враќа наназад..Секој стих.. И добро и лошо..Се во едно..
 

Acctic

Диџеј во подем :)
Член од
8 јануари 2009
Мислења
97
Поени од реакции
6
Чуџука ако се секавате на песнава ме потсека на една бивша.:baeh:
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
богами.. јас како музикофил човек шо 24/7 е со музика.. кога ке пуштам да речеме The Way I Am.. секогаш ме подсеќа на еден период од животот шо беше борба за опстанок... или на пример некои траки со јаки лирики ме враќаат на одредени делови од животот...
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Многу. Има песни што кога ќе ги слушнам во глава ми се враќа одредена случка од минатото која била/е многу значајна и таа песна се вртела баш во тој момент. Затоа некои песни што порано често сум ги слушала денес не ги поднесувам, а има некои што порано не ми биле којзнае што ама поради тоа што ме потсетуваат на некого или нешто ги слушам и ден денес за да се сеќавам...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725






Овие 5 албуми се 5 дневници од моите 5 различни животи.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Mногу! 70 проценти од моето музичко познавање се темели на заслугата од еден единствен човек кој ми беше братучед а пред некое време си замина од каде никој не се вратил. Често пати знам да си пуштам бендови кои сме ги слушале заедно, било кога живеев во стан до мојата 10 година, било после тоа откако се преселив во куќа, било во старата Апореа, било кај него дома. Во 90тите многу добро ја паметам речиси секоја касетка и нејзина паковка, надворешен изглед и внатрешна боја. Потоа следуваше периодот каде цедињата беа во шема и тогаш фрлав по некој денар во ретките музички продавници низ Прилепов. Со нетов малку се изгуби шмекот, во стилот собираш 200 денари и купуваш цеденце со 13 песни кои обавезно ќе ги слушаш две три недели без престан. Сега во денот по 2-3 бенда, онака манџиски ги поминувам, па тек ако ептен ми се погоди во вкусот, истиот да се задржи и до 3-4 дена.
 
S

StormRage

Гостин
Секогаш, скоро се што правам го поврзувам со музика. Секој ден, секое време и најмногу се нервирам кога неможам да си го рокнам гласот, или кога го неам сараундот од дома :/ . Сеќавања се многу, потешко ќе се сетам на некој момент со кого сум бил него која песна свирела :)
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
167
Поени од реакции
135
I don't care about stuff that is gone.
Музиката нема таква длабочина а-у шо прави да ве потсети на минатото, едноставно постоењето си го темелам на сега, сега и сега, навраќање на минатото со музика, на работи кои не постојат, и за кои џабе би трошел ментални активности и би го трошел телото - јок.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Уф уф.. за многу моменти у минатото имам по некоја песна која била карактеристична за тој период :love:
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Музиката како музика тоа ми е од една страна како воздухот, без музика не можам бидејќи таа преставувал основен дел од моето секојдневие, таа ми дига, ме спушта, ми дава, но не ми одзима. Има доста песни кои ми ги будат сеќавањата дали тоа било првото танго кое го имам изиграно, дали некоја песна која сум ја пеел на роденден, или пак на свадба, било која песна или околу 50% од музиката која ја слушам си има некое значење во мојот живот. Севкупно кажано обожавам да слушам музика, ги обожавам тие моменти кога ќе си пронајдам некоја песна која ме врзува со некој дел од минатото како на пример денеска што пронајдов некои песни кои ме потсетија на преубавите денови кога бранев за два прекрасни големи клуба кои оставија впечаток во мојот живот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom