Колку далеку би оделе за вашите соништа?

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Сите имаат сонови! Но секој различно се бори за нив.

Прашањето е... вие колку сте спремни да одите далеку за вашите сонови. Некои симболично ќе речaт дека би оделе на крајот на светот за да ги остварат своите соништа. Што значи тоа ,,крајот на светот,,? Што остачува?
Дали би ги дале сите пари и се материјално да го остварите вашиот сон?
Дали би ја смениле религијата за тоа?
Дали би го продале вашето тело?
Би ги продале буквално некој од вашето семество за да го остватите сонот?

Што би направиле вие за да го остварите вашиот сон?
Колку далеку би оделе за вашиот сон?

се извинуем ако има иста или слична тема на оваја. колку што моев барав и не најдов.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Патот до моите соништа најверојатно не е многу мазен, но немам намера да одам по скратени патчиња. Сакам да го остварам она за кое сонувам, но на начин кој е согласен со моите принципи и вредности во животот, а тоа е да си останам чиста, никогаш да не погазам или повредам друг. Ако треба ќе чекам дупло подолго за да се оствари она за кое што дишам, но ако добијам нешто, сакам да го добијам и остварам и внатрешно да бидам исполнета.
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Колку далеку би оделе за вашиот сон?
Би отишол до Струмица и назад ко ништо :pos:

Прашањето е едноставно Што би жртвувале за да го добиете тоа што го сакате?
Би можел да жртвувам од мојот комфор, како прво и најосновно.
Абе накратко ќе мораш да ставиш на вага. Мораш да разгледаш која активност носи повеќе бенефит. Таа што носи помалку ја жртвуваш за другата
 
D

dh00|

Гостин
пошо имам стварно неостварливи соништа....не би одела далеку,а ни блиску:pos::helou:
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Би отишол до Струмица и назад ко ништо :pos:

Прашањето е едноставно Што би жртвувале за да го добиете тоа што го сакате?
Би можел да жртвувам од мојот комфор, како прво и најосновно.
Абе накратко ќе мораш да ставиш на вага. Мораш да разгледаш која активност носи повеќе бенефит. Таа што носи помалку ја жртвуваш за другата
За ѓабе не се вели...
Ако сакаш да го оствариш својот сон тогаш мора да се откажеш од се останато.
Вистина е тоа? :/

пошо имам стварно неостварливи соништа....не би одела далеку,а ни блиску:pos::helou:
Секој има сон. Човек без сон не е човек.
Сите имаме цел. За нешто за што живеме.
Но до каде ,,би оделе,, за да го оствариме тоа?
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Во принцип, се’ би зависело од тоа колку се големи шансите да го остварам тој сон. Под ова се подразбира - дали е реален и возможен за мене и во кругот на моите очекувања и можности (финансиски или било други какви).
Е сега, не можам јас да барам да имам палата голема колку Белата Куќа, да немам скршен денар определено време, а притоа да немам голема заработка. Тогаш ни во најмала рака не би го продавала своето тело, не би крадела или нешто слично. Значи одам до определена граница, зацртана линија која во можност на реалноста ги граничи моите способности и можности.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Се работи за моите соништа, моите животни цели... А кога се работи за нив, без двоумење (симболично кажано :)), би одел до крајот на светот! Што значи тоа за мене, прашуваш? Би одел до степен кога знам дека повеќе немам со што и како да придонесам до нивната реализација, но и тогаш не би се откажал... Едноставно, ќе барам алтернативни начини за истото, и нема да бирам средства за тоа, а најмалку ќе се откажам... Зашто како што кажав, се работи за моите соништа, односно моите животни цели.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Соништата се лоша работа.
Сонување, значи дека посакуваш нешто невозможно, нешто недостижно.
Има разлика од „Соништа“ до „Животни цели“.
Животните цели, на другата рака [оn the other hand], се она вистинското, она за кое треба да се бориме. За нив сум спремна да ја поминам секоја граница, но не и за соништата. Најчесто, соништата си остануваат како такви, невозможни.
 

lidu6

искусен форумџија
Член од
8 јуни 2008
Мислења
181
Поени од реакции
8
Незнам колку далеку би отишла, ама знам дека-ако сакаш да си ги оствариш(возможните) соништа треба време, трапение, желба и труд...:back:
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
а колку далеку би отишле за да имаме убав живот? :)...

тоа е целата поента у темава ваљда..
колку би се труделе ние за да постигнеме нешто шо од нас ке направи луге, за после да можеме да си ги дозволиме ’“соништата“.
Јас лично сум спремен на се, ке направам се што е во моја моќ за да го постигнам тоа што сум си го зацртал уште од коа знам за себе, можда не се одеднаш ама полека но сигурно ке стигнам до целта, нормално ако некоја сообраќајка, гром, неизлечива болест, и слични незгоди не ме попречат во истото:)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
248
Поени од реакции
13
Не би одела далеку за да ги „остварам“ моите соништа, бидејќи тие се најчесто ептен тешки за исполнување. Бидејќи сум личност која тешко се одвикнува од тоа што го има, не би дала многу за исполнување на соништата. Сите соништа се минливи. Повеќе би сакала да сум ова што сум, со тоа што го имам сега и овде, отколку да бидам нешто друго, без ништо свое, кое живее во некој сон кој всушност може да се претвори во кошмар.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.408
Поени од реакции
22.001
Незнам колку далеку би отишла, ама знам дека-ако сакаш да си ги оствариш(возможните) соништа треба време, трапение, желба и труд...:back:

Добро кажано..И ако немаме соништа незнам зишто би живееле..
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
[zEUs];2708651 напиша:
За ѓабе не се вели...
Ако сакаш да го оствариш својот сон тогаш мора да се откажеш од се останато.
Вистина е тоа? :/
Па, мораш да прифатиш дека не можеш се да имаш. Имаш две раце, во нив не собира се. Оттука, мораш да одредиш што ти е важно, а што ти е помалку важно. Вери симпл.:smir:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Како што рече ПараноиК, има разлика помеѓу соништата и животната цел.
За соништата никогаш нема да се потрудам да ги остварам,затоа што за мене се нереални и можда не се тие она што јас навистина го посакувам, а за животната цел ќе одам според можностите или што би рекла една народна поговорка: пушти си ја чергата колку што ти е долга ногата.

е сеа за прашањава:
[zEUs];2708594 напиша:
Дали би ги дале сите пари и се материјално да го остварите вашиот сон?
Дали би ја смениле религијата за тоа?
Дали би го продале вашето тело?
Би ги продале буквално некој од вашето семество за да го остватите сонот?
1. Не би ги дала, никогаш не одам на ризик. Никој нема да ми гарантира дека 100% ќе биде онака како што сум замислила, шансите би биле 50:50
2.Никогаш, во никој случај не би менала религија. Тоа е предавство пред се кон моето семејство.
3.Не се откажувам ниту од семејството. Отсекогаш сум била личност што ги ставам на прво место другите, отколку себе. Но,како и да е... семејството се грижело за мене, ме растело, ме изградило како некоја личност, а сега јас да се откажувам од семејството заради еден мој сон? Не, тоа ми преминува веќе во себичност и неблагодарност.

Но како и да е, никогаш не одам предалеку, никогаш не сум упорна во нешто и при најмал пад веднаш би се откажала.
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
Како што рече ПараноиК, има разлика помеѓу соништата и животната цел.
За соништата никогаш нема да се потрудам да ги остварам,затоа што за мене се нереални и можда не се тие она што јас навистина го посакувам, а за животната цел ќе одам според можностите или што би рекла една народна поговорка: пушти си ја чергата колку што ти е долга ногата.

е сеа за прашањава:

1. Не би ги дала, никогаш не одам на ризик. Никој нема да ми гарантира дека 100% ќе биде онака како што сум замислила, шансите би биле 50:50
2.Никогаш, во никој случај не би менала религија. Тоа е предавство пред се кон моето семејство.
3.Не се откажувам ниту од семејството. Отсекогаш сум била личност што ги ставам на прво место другите, отколку себе. Но,како и да е... семејството се грижело за мене, ме растело, ме изградило како некоја личност, а сега јас да се откажувам од семејството заради еден мој сон? Не, тоа ми преминува веќе во себичност и неблагодарност.

Но како и да е, никогаш не одам предалеку, никогаш не сум упорна во нешто и при најмал пад веднаш би се откажала.
Религијата не е традиција па од генарација на генерација да се шири...тоа ти е лично верување на тоа како сме дошле во овој свет, зошто итн... и да смениш религија не би било предавство освен ако религијата не ја сфаќаш како традиција

ОН ТопиК:Па нема човек кој што нема соништа...животна цел=соништа...барем така по мое мислење ... соништата нај често ме инспирираат да постигнам нешто во мојот живот... и ако се многу тешко скоро невозможни да се реализираат .сепак трудењето да се реазлириаат не прави подобар од тоа што сме биле .те еден чекор по напред или по блиску кон соништата...и да се си има граници ..нема да сонувам дека цел свет е мој и сега цел живот да се трудам околу тоа :tapp: соништа за подобар живот.. среќно семејство.. итн
 

Kajgana Shop

На врв Bottom