Да, се согласувам, ситуацијата е малце змија или магаре, да купиш кола која што често ја има ради ниската цена ама и нискиот квалитет ама побргу да се снајдеш за делови ама затоа и почесто, или кола за која побавно ќе наоѓаш делови ама затоа и поретко.
Добро е што ја спомна Киата како лично искуство затоа што е одличен пример. Во 90ти и прва декада на 2000ти беше скроз многу ретка кај нас, а солидно напреднуваше со квалитет и за мене дојде на ниво на одличен може и најдобар цена/квалитет баланс (мој број 1 критериум кога размислувам на тема купување на коли) и кога би купувал кола на ново ова би ми бил прв бренд на разгледување. Барем до пред короната, сега се отиде у курац. Како љубител на SUVиња мене Спортажот ми беше она што викаат енглезите дрим кар, овој претходниот модел. За 18000 евра 7 години гаранција и еден тон опрема, си викав не знам колку милиони да имам во банка таа ќе си ја земев. Сега така мислам, може ако имам милиони ќе мислам поинаку ама не верувам
. Во таа класа на SUVиња само Дачија Дастер беше поевтина ама со неспоредливо пониско ниво на опрема, гаранција, дизајн и квалитет. Останатите SUVиња ем беа значително поскапи, ем во некои случаеви дури и со помала опрема и гаранција од Спортажот, а сепак поскапи. И очигледно не сум бил сам, гледаат луѓето што плаќаат и колку добиваат, а со тоа и се преплави пазарот и ги гледам сигурно по 20 на ден што од друга страна ќе повлече и делови и побрза логистика за истите.
И точно тоа е поентата што уствари сакам да ја доловам. Ако не мрднеш од истата точка нема да има и развивање на индустријата, ќе испушташ добри зделки и ќе останевме сите со југовците и 101 кецовите и ќе си викавме нема ништо друго на пазарот поарно земи си кола барем знаеш дека ќе најдеш и делови и мајстор. И така стагнира се, не само автомобилската индустрија туку и целото општество. Целата технологија што ја имаме денес е поради тоа што се превземале ризици да се мрдне од истата статична точка.
Е ама главната квака 22 во случајот е што за да се деси тренд некој прв треба да повлече, а никој не сака прв да повлече затоа што треба да биде прв и за секој евентуален проблем треба да чека за делови. Пат позиција што би рекле шахистите. Сите би го јавале бранот, ама сите сакаат некој друг прв да го тестира бранот.
А еве и оф топик да си го ставам дрим карот Спортажот во боја Blue Flame, ама Black Eddition верзијата. Беше 2000 евра поскапа од стандардниот модел и кошташе 20000 евра ама барем за мене вредеше за тие пари. И да, и многу пари да имам таа кола ќе ја возев
.