Ковертирањето на сметките ќе ја поскапи водата во Скопје

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
VEST, 8-феб-2007

Од ЈП "Водовод и канализација" велат дека ковертирањето на сметките со сигурност :uvo: ќе повлече зголемување на цената на водата бидејќи со сегашната цена едвај успеваат да ги испечатат сегашните отворени сметки:uvo: .
"Има две варијанти за ковертирање на сметките. Едната е да најмиме фирма која нашите сметки ќе ги става во коверти и за тоа плаќаме, а другата е ние да набавиме таква опрема и ковертирањето да го правиме сами. И едната и другата варијанта чинат многу пари, а кога на тоа ќе се додаде дека треба да го менуваме целиот софтвер за да изработуваме нов вид сметки, бидејќи сегашните не одговараат за ставање во коверт, јасно е дека мора да ја покачиме цената на водата за да го направиме овој чекор" :kesa: , изјави Стојанка Ташовска, директор на сектор за сметководство, финансии и комерција во скопски "Водовод".

НЕМА ГРЕШКА :tv: , УШТЕ ЕДНО АЛИБИ И ПРИЧИНА ЗА ПОГОЛЕМИ СМЕТКИ, ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ, УЧЕТЕ ОД КУМАНОВЦИ И БИДЕТЕ ФЕР СПРЕМА СВОИТЕ ГРАЃАНИ!!!!

Извир, Дневник

Поштари ќе ги заменат инкасаторите

За да се зголеми наплатата, кумановци од овој месец сметките за вода ќе ги добиваат по пошта, а ќе ги плаќаат во наплатните центри на ЈП „Водовод“, во банките и во пошта.

- Со тоа се очекува да бидат елиминирани финансиските злоупотреби од инкасаторите, кои во иднина само ќе ги читаат водомерите. Бројот на инкасаторите од 22 двојно ќе се намали, а според новата систематизација, 11 инкасатори ќе бидат распоредени на други работни места - соопштува в.д. директорот Виктор Божиновски.

Според него, реформите се спроведуваат поради утврдените недоследности во работата на инкасаторите, кои не ја почитувале обврската парите од наплатените сметки да ги доставуваат како дневен пазар, како и поради реакциите од граѓаните заради неточно и ненавремено читање на водомерите. Инкасаторите не ја почитувале обврската и ненаплатените сметки да ги враќаат во претпријатието. Сето тоа негативно влијаело врз финансиската состојба на претпријатието, бидејќи вкупната наплата била само 46 отсто, од кои од домаќинствата е само 34 отсто.

Со новата систематизација се предвидува спојување на сродните служби во „Водовод“ кои досега се покажале нефункционални.

- Можно е систематизацијата да предизвика незадоволство и реакции кај дел од вработените, но таа е неминовна бидејќи во буџетскиот дел се намалува фондот за платите што ЈП досега го одвојуваше за плати и надоместоци. Со новиот начин се подобрува и квалитетот на работата и на пружањето услуги на корисниците - објаснува Божиновски.

Во „Водовод“ има 202 вработени, највисоката плата е 26 илјади денари, а најниската е 7.000 денари.
 
D

Delux

Гостин
Можеби така би било до некаде правилно,но исправно би било процентот да биде многу низок...а и фирмата која ќе ги обработува ковертите ќе фати добар тендер,со добра заработувачка
 

јахутерминал

impressed by gay people
Член од
26 јануари 2007
Мислења
778
Поени од реакции
7
Епа сега тоа е, ако наплаќаат за коверти народот ќе се буни овака покачи ја струјата и таман ќе биде.
 
Член од
20 мај 2009
Мислења
16
Поени од реакции
12
da da super tender e faten... Duna gi pakuva, a direktorot na Duna so direktorot na Vodovod gz i gaki... taka funkcioniraat biznisite kaj nas
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
da da super tender e faten... Duna gi pakuva, a direktorot na Duna so direktorot na Vodovod gz i gaki... taka funkcioniraat biznisite kaj nas
Да,ама пликата станаа составен дел на портокаловата преродба,како порано на “Бранковистите“.:pos2:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Од ЈП "Водовод и канализација" велат дека ковертирањето на сметките со сигурност :uvo: ќе повлече зголемување на цената на водатаедвај успеваат да ги испечатат сегашните отворени сметки .....:uvo:
Leeleeee lazenje...bez usul....:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom