Јас лично сметам дека клонирано човечко суштество не постои. Едноставно, технологијата во овој момент не е доволно усовршена. При процесот на клонирање се создава потполно идентична единка на индивидуа која веќе постои. ...Јас сум против клонирање.. а вие?
Колку е можно (според вас) навистина некаде да постои клониран човек? Зошто толку многу клонирањето повлекува етички прашања? Зар не си поиграа луѓето со Господ кога се роди првото бебе од епрувета?:icon_mad:
Клонирани луѓе постојат, а се „произведени“ во неколку земји во светот (САД, Британија, Кина). Целите процеси се одвиваат во строги услови, а за резултатите уште долго ќе се молчи. Технологијата во моментов е целосно усовршена, а се чека само на одобрување од етичките бордови.
Со клонирањето се создава само единка која е генетски иста на ДНА донорот, a не и единка иста по карактер и психички особини.
Човековите телесни кетки имаат 46 различни хромозоми.
За разлика од нив, човечките полови клетки (јајце клетката и сперматозоидот, содржат по 23) Со нивно соединување, повторно се создава клетка која е различна по генетика и од двата родители (или поточно, по 50% иста со таа на двата родитела), која со мултиплицирање го оформува фетусот.
Разликата кај клонирањето е што од јајцеклетката се отстранува јадрото (носителот на ДНК и на хромозомите, а од донорот на генетски материјал, се зема обична телесна клетка со сите 46 хромозоми. Од клетката се внесува само јадрото во јајце-клетката со отстрането јадро и под дејство на електричен шок, се иницира процес како и при традиционалниот развој на фетус. Вака „оплодената“ јајце-клетка се вметнува во матката на сурогат мајка.
Прашањето за етичност во оваа постапка, според мене, не е реално. Не се работи за прашање на етиката, туку владее општ страв- што доколку се донесат лоши закони за клонирањето, па некои злонамерници тоа го искористат за продуцирање на војска и слични злоупотреби.
Клонирањето треба да се легализира бидејќи на светот постојат многу милиони луѓе кои неможат да имаат потомство ниту со ин-витро, па ова им е единствен начин. Според мене, доколку се легализира оваа постапка за човечкиот род, традиционалниот начин на размножување ќе стане втор по значење за одржувањето на видот, бидејќи секој ќе сака да има потомок кој 100%, барем генетски, ќе биде како својот претходник, што би значело дека една иста генетска структура ќе опстојува неодредено време.