- Член од
- 5 септември 2009
- Мислења
- 3.528
- Поени од реакции
- 619
Затоа јас си одам на 1 место за јадење и 1 место за кафе кај што одам да пијам кафе ми носат одма само што ќе стигнам затоа што стално исто пијам и не чекам ич
Многу слично на еден исфрустриран келнер од Плаза дел Торос. Инаку оваа плавата исто понекогаш е и во Плаза, пошо е истиот газда на двете.Во Мекдоналдс секогаш ама секогаш се културни, насмеани и услужливи, за тоа тој ресторан впрочем и е познат, една од неговите главни карактеристики. Исто така и услугата во Џино, Енрико и сл. е перфектна.
Ама оние од Пјаца Либерта спроти ЈБТ се на Господ бељата. Дека учев во ЈБТ средно и еднаш неделно најмалку таму бевме, само една келнерка од кај нив е културна, поцрна девојка и уште еден помлад дечко кој мислам дека им е главен на персоналот. Тие двајца и кога се расправаат со останатите и ќе ги викнеш одма насмевка ставаат на нив. Другите се кои од кои. Едни двајца постојано се опседнати со кладилници, вртат на телетекстот секои 15 секунди во просек, не гледаат ако креваш рака, ако ги викнеш ти праќа поглед како да си му убил фамилија и ти ја треска чашата од маса. Еднаш се учеше во сабота и дојдовме во сабота на кафе и едниот од тие кладилничарите какви фаци ни правеше ко ние да сме му биле криви што е во сабота во 9 на работа.
Од женските има една плава што никогаш не се смее и префрлува очи кога ќе и порачаш нешто, а не дај Боже вода да и порачаш, ќе ти ја донесе топла со едно топче мраз, таква вода подобро не пиј, на 200 метри фонтана имаш од тука.
Да се надоврзам, бившото Пипл сега се вика Remezzo, сум бил во поново време и сум презадоволен, баш пријателски се однесуваатМногу слично на еден исфрустриран келнер од Плаза дел Торос. Инаку оваа плавата исто понекогаш е и во Плаза, пошо е истиот газда на двете.
Од местава кај што сум бил низ Скопје, најубаво услужен, онака најпријателски, било во поранешно Пипл позади Пјаца (не знам сега како се вика). Таму скоро секогаш имаше различни келнери, ама сите беа расположени, ведри, насмеани...
дај им 20 денари бакшишНикаде нема добри келнери. Џабе им е. Се вработиле како келнери а не сакаат да те услужуваат. Ќе им нарачаш уште една чаша вода и го гледаш со брадата до под спуштена се влечка до шанкот, како да си го пратил на смртна казна. Ти доаѓа по 2000 години и 4 месеци со чашата вода, која е толку топла што моеш за бричење да ја користиш. Мраз добиваш само од убитачниот поглед од келнерот поради тоа злодело што си го направил што си нарачал вода. Иначе тактики за да бидат со тебе поуслужливи нема. Ако си построг - уште полошо, те мразат. Ако си пофин - ееее братче извини зафатен бев, еве ја водата. Единствено се брзи коа им завршува смената коа треба да ти ја донесат сметката.
Нека напушти работа ако е таква ситуацијата... Зошто да работи и да не добива ништо, кога може да не работи и пак да не добива ништо. Бар нема да шири негативна енергија и да прави луѓето што се муштерии да се чувствуваат ко да го збрцале со вилушка.ако газдата му дава 200 денари дневница или пак го лаже и ич не му дава зошто тогаш да се мачи да биде услужлив.. Мој другар работеше цел месец и газдата уште пари му нема дадено како сакаш да имаат мотивација за работа? Според мене газдите си играат играчки со луѓето.. Нека му даде процент од прометот па ќе видиш дали нема да биде услужлив..
Во исто време додека го носи еспресото, во анцерот може да стави и вода ; )Помислив темата е нешто у стил “Леле, сте ги виделе ли келнерите низ локалите, колку јаки типци се...“ а оно било за послугата
Шегата на страна, девојките и дечките кои го работат ова во голем дел се почетници, непрофесионални, во борба за некој денар, луѓе со проблеми како и сите ние, па може да им се погоди и лош ден.
Работа цел ден на нога не е лесно, посебно за грбот и вените... затоа имам разбирање и кога не ми носат вода со еспресото или не ја донесуваат ако им речам.