Крем супа од домати
Состојки:
1 литар томатело ( јас користев две тегли домашни мелени домати )
1 зелена пиперка
1 главица кромид
3 чешниња лук
3 моркови ( големи )
Околу пола пашканат
1 лажичка шеќер
Многу магдонос
Чили, маслиново, сол
Се пржи зеленчукот, се додаваат доматите и се вари додека се добие густина. Се додаваат зачините и магдоносот, се блендира со рачен пасатор, се додека не се добие хомогена крем смеса. Се достава еден филџан вода и се вари на скроз тивко уште 2-3 минути.
Многу е повкусна одошто лошата слика.
Ја правам еднаш неделно ама не сум ја сликала пак. Да размрдаме темава.