Карфур предизвика пад на цените и ја раздвижи конкуренцијата, колку време ќе траат ниските цени?

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Карфур предизвика пад на цените во Скопје и ја раздвижи конкуренцијата, колку време ќе траат ниските цени?

Пониските цени во новиот хипермаркет поттикнаа некои маркети во Скопје да ги намалат цените на одредени производи
Деспина Траjковска

И вториот ден по отворањето на хипермаркетот „Карфур“ реки народ со натоварени ќеси излегуваа од новиот трговски центар. Други, пак, со нетрпение очекуваа да влезат бидејќи поради големата навалица, влезот во хипермаркетот беше регулиран со обезбедување, кое вчера на секои дваесетина минути пропушташе групи потрошувачи.

Гледано од страна, човек да се запраша толку ли е евтино, што е тоа што го има таму, а го нема во другите маркети? И, додека во „Карфур“ врвулици од народ се разминуваа по рафтовите, во другите поголеми маркети во Скопје атмосферата беше неспоредливо поразлично. Но, сепак, далеку од вообичаената. Во некои од нив, сведочат одредени дистрибутери, речиси и да немало потреба од надополнување со роба, што инаку им било вообичаена секојдневна активност. Во „Карфур“, пак, одредени рафтови се празнеа за час, дотур на стока на некои производи се вршеше на секои дваесетина минути, се' течеше како на филмска лента. Но, тоа не беше случај и на касите, кои втор ден по ред дали од турборабота или од други причини, на моменти се блокираа. Потрошувачите што вчера ги затекнавме пред „Скопје сити мол“ излегуваа натоварени со најмалку 7-8 кеси од „Карфур“. Секој од нив имаше различно искуство и впечаток.

Некој дошол да пазари од љубопитност, некој да провери дали навистина некои производи буквално се со преполовена цена во однос на другите на пазарот, а други само за да ги споредат цените со другите големи маркети во градот. Дел од оние што пазареа рекоа дека дошле дури од Сопиште, имаше граѓани и од Скопје Север. Сепак, вчера најбројни беа пензионерите, некои поради ниските пензии, а начуле дека во „Карфур“ е евтино, други, пак, само од љубопитност, и онака градскиот превоз вчера им беше бесплатен.

Но, сите тие граѓани констатираа дека францускиот синџир маркети го раздвижи пазарот. Конкурентните маркети (не)очекувано почнаа со слични акции и тоа на сродни производи кои во „Карфур“ овие два дена се по багателни цени. Останатите скопски маркети „удрија“ на рекламирање, одредени производи преку ноќ почнаа да ги продаваат по цени двојно, па и тројно пониски од вообичаените. Купувачите што случајно се затекнаа во овие маркети, а не знаеја за намалувањата, земаа по неколку парчиња од еден ист производ, бидејќи, како што велат, не се знае кога повторно ќе начекаат така ниски цени.

Сепак, некои маркети продолжија само со вообичаените викенд или неколкудневни акции на одредени производи со верување дека „треската“ што ја предизвика „Карфур“ ќе трае кусо, само неколку дена. А, дали е така, ќе покаже времето. Но, факт е дека на Скопје му требаше хипермаркет од ваков тип и тоа токму во време кога перманентно се бележи пад на потрошувачката моќ на граѓаните како резултат на секојдневниот раст на цените.

Извор: http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=13341F06FC651A439820CDF2BD9ECBDE


Мајка ми вчера беше од љубопитност да види што како и кажа дека цените се намалени, така шеќер од 850 gr. кој во обична продававница е околу 50 ден. ваму бил 29 ден. но имало еден трик колку повеќе земаш и ќе доплатиш. Ниски цени имало на скоро се, додека најевтиното пиво било 19 ден. ( не знам какво ), а оризот негде околу 30/35 ден. за 900 gr.. Ако останат вака цените, навистина се исплати-но кај нас се убаво кратко трае..Се надевам дека нема на крај да испадне само маркетиншки трик.
 
М

Мартин`

Гостин
Повеќе вработувања, пониски цени, поголема конкуренција / поголема плата за вработените = одлично :) немора шеќерот од 50 на 29 да го продаваат и понатаму но и да биде 40-45 е одлично.. на секој или повеќе производ/и 4-5 денари не е мала работа.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Повеќе вработувања, пониски цени, поголема конкуренција / поголема плата за вработените = одлично :) немора шеќерот од 50 на 29 да го продаваат и понатаму но и да биде 40-45 е одлично.. на секој производ 4-5 денари не е мала работа.
Во меѓувреме реагираа и од Tinex, но само понудата важи за Скопје. Граѓаните од другите градови реагираат...
http://www.facebook.com/pages/TINEX/290396751009786
 
М

Мартин`

Гостин
И во Велес во туш маркетите (Словенец мислам е газда) има/ше викенд попуст од 10% на секоја сметка направена што и не е баш мала работа на 3000 сметка имаш 300 денари заштедување.. само незнам дали е засекогаш или одреден период.
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Се извинувам за оф топик, али ова carrefour само за храна е?
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Повеќе вработувања, пониски цени, поголема конкуренција / поголема плата за вработените = одлично :) немора шеќерот од 50 на 29 да го продаваат и понатаму но и да биде 40-45 е одлично.. на секој или повеќе производ/и 4-5 денари не е мала работа.
Во Скопје 50 денари е шеќерот?
 
Член од
11 август 2008
Мислења
112
Поени од реакции
14
Повеќе вработувања, пониски цени, поголема конкуренција / поголема плата за вработените = одлично :) немора шеќерот од 50 на 29 да го продаваат и понатаму но и да биде 40-45 е одлично.. на секој или повеќе производ/и 4-5 денари не е мала работа.
Друже во сегашниве пазарни услови ова ниво на цени може да биде одржливо на краток рок, сметај го ова како еден промотивен период со цел да се позиционира на пазарот гореспомнатиот бренд, а потоа се ќе си биде по старо дури и може да биде поскап од конкуренцијата, што се однесува до вработените внатре работат како црнци во две смени за 9500 денари месечно со прекувремени саати за кои уште на интервјуто за работа им беше кажано да не очекуваат надоместок туку да бидат ЕНТУЗИЈАСТИ во работата, ова е само давање можност на гладната маса народ како нас да види три дена чудо во кој три дена се покажа дека еден обичен тоалет хартија ни привлекува внимание, за време на глад и гз папир ќе почнеме да јадеме:)
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.872
Поени од реакции
7.295
Се извинувам за оф топик, али ова carrefour само за храна е?
Carrefourot не е само за храна,бар низ другиве држави што сум бил,има се и сешто во него,од телевизор и компјутер до вентилатор и вештачки цвеќиња:D тука сеуште не сум влегол и не верувам дека ќе влезам дур редот е повеќе од 2 метра.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Хаха најбројни биле пензионерите кои начуле за ниските цени :ROFLMAO:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
А бе не мора дупло да ги поефтинуваат цените, доволно е и за 20% да бидат поефтини од другите, за да се раздвижи конкуренцијата.
Но лошото е што ако се постојано се форсира ниска цена, пропорционално и ке се снижи квалитетот на производот, бидејки од некаде ке треба да се скрати. За да се добие ефтин производ треба ефтни да се суровините од кој е произведен производот.
Главната грижа не треба да ни бидат ниските цени, треба да форсираме квалитет на производите. Отстранување на пестициди, шетни материи од месните производи и квалитетот на храната за домашните животни кои потоа ние ги јадеме, потоа млека во прашаци, адитиви во бели пецива, хибридни овошја и сл. Од технологијата треба да произведуваме поефикасни производи, кои трошат помалку енергија, кои не ја оштетуваат околината, а преку околината да не не оштетуваат нас луѓето и останатиот жив свет, уреди кои ке имаат помало штетно зрачење и тн.
Ние како држава ако го зголемиме производството и главна цел на секоја фирма е да произведе квалитетен производ мислам дека многу повеќе ке ни се зголемат платите т.е стандардот него ако главната цел на фирмите е да создадат ефтин производ.
Пример: Сите ние најмногу сакаме да јадеме Милка чоколада, без разлика што таа е најскапата чоколада на рафтовите во маркетите. Зошто?
Значи се треба да се насочиме кон квалитет, не кон квантитет. Исто така и квантитетот на производство е директно поврзан со цената. Што повеќе количински една фирма произведува, тоа по исплатливо и е да ја намали цената на производот, затоа што има голем обрт на пари. И тоа е главниот проблем кога ке кажеме големите риби ги јадат малите.
Пример, поради преголемо форсирање на ниска цена за производ, денес постојат автомобили кои на ново се продаваат за 5-6000 евра. Ама колку се безбедни, т.е колку квалитетно се изработени?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
И во Велес во туш маркетите (Словенец мислам е газда) има/ше викенд попуст од 10% на секоја сметка направена што и не е баш мала работа на 3000 сметка имаш 300 денари заштедување.. само незнам дали е засекогаш или одреден период.
И секој вторник за пензионерите има 10% попуст во Туш.
--- надополнето: 6 октомври 2012 во 12:41 ---
Истиот трик колку повеќе земеш да доплатиш ја има и во туш
пр еден прозивод за 70 вториот за 15.
Инаку не ми се бендисува ова намалување на два призводи нека стават акција попуст на 30 производи за 2 дена не секој ден да има вакви гужви од пензионери кои се скржави за 10 ден и само чекаат нешто да се поефтини. :tapp:

И ако е точно дека вработените им работат за 9500 ден на ваква гужва е срамота за разлика од други продавници кои ужуваат немаат муштерии а зимаат исто плата.
Треба да зимаат најмалку 250 евра што е ова гужва како во Њујорк. :facepalm:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
U Tinex demek imale popust od 3-5 oktomvri na nekoi proizvodi, vlagam u Zebrea toj Tinex da si zeam nesto za pat, luge cekaat za tamu nekoi proizvodi so rekle ke ima popust, ovie vrabotenive im vikaat ama nemame nova pratka stignato, ni se potrosi robata, uste od vcera cekame :pos:Sami se zakopuvaat.

Bravo za gospodin gospodin Tinex. (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom