Канада ја призна Македонија под уставно име

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
А зошто велите фала?! Небаре ни даваат нешто на поклон. Може само да им се каже Браво! - што конечно се вразумиле и го избрале правиот момент да го сторат тоа, чисто да не имаат репрекусии врз себе.
Грција одамна ја изгуби „битката“ со името. Денес сме во води на сигурно пловење и земјите кои преостанаа само чекаат осеки за да не ги задеси некоја плима на домашен терен - оттука претпазливоста, ставовите одамна се јасни, и Грција дипломатски одамна на сите им е смешна. Остатокот е во наши раце, со други зборови, само да не направиме некој нов кикс како Тајван, па повторно да се успори процесот, кој тешко дека ќе се сопре, за жал на Грците кои ќе мора да најдат начин да се извадат од гомната во кои самите се ставија. Земајќи ја во предвид гарабитноста на проблемот кои сами го создадоа, чисто затоа што им беше потребен мотив за „патриотско“ перење мозок за политички поени, сега им е клучот за оддржување на власт. Храбриот Грк кој ќе реши да ја сопре и заврши небулозата, би го земал ризикот кој го зема еден Ицак Рабин. Тоа мора да се разбере, барем политички, пред да ги плукаме со зборови како цигани и сл. Политиката е опасна игра, и не смее да се заснова на квази-интереси. За жал тие, (како и голем дел од нашите) ми стои дека тоа ќе го научат на потешкиот начин. Бар се надевам!
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Па редно време беше,нели сме Франкофонска држава,па кога Французите не не признаваат добар потег од КАнада...како и да ви благодарам,уште едне плус за нас :vozbud:...слушам Грците ќе прателе протесна нота
:bip:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Па редно време беше,нели сме Франкофонска држава,па кога Французите не не признаваат добар потег од КАнада...како и да ви благодарам,уште едне плус за нас :vozbud:...слушам Грците ќе прателе протесна нота
:bip:
Да ама во протесната нота ќе пишува само едка не им се допаѓа потегот на Канада, повеќе не им држи да им протестираат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom