Календар за девојки

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Календарот за девојки генерира 6 корисни графикони врз основа на внесените податоци за менструалниот циклус.

Ги означува:лутеалната фаза или менструација
сигурни денови за секс
плодност
овулација
зачнување на машко дете
зачнување на женско дете

Потребно е да внесете три податоци за вашиот менструален циклус и тоа:Дата на последната менструација (првиот ден од последната менструација)
Должина на циклусот (број на денови помеѓу два менструални циклуса)
Менструација (број на менструални денови)

Еве го линкот : http://www.crnobelo.com/kalendar-za-devojki.html


Во овој контекст баш ме интересира колку од вас девојките водите ваков календар и дали воопшто водите некоја евиденција за вашиот менструален циклус? Дали е веродостоен тој начин на прибележување на “оние“ денови и колку ви помогнал во сексуалниот живот? :smir:
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
баш истиов календар го имам од пред некој месец и гледав на него интересно ми е тоа кои денови се прават машко а кои женско дете незнам колку се точни овие работи а вообичаено не водам белешки никогаш за тоа и секогаш ми доаѓа порано некој ден така да не паничам многу
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Многу корисна и убава работа. Водам ваков календар од секогаш. Порано, дури и онака ,,сељачки" во тетратка си пишував, сега се осовременив малце:). Убава тема.
Инаку, ова е корисно за планирање на месечниот период(за на одмор да речеме), за планирање или непланирање бременост, како и за самоконтрола дали циклусот ти е нормален.
 
Член од
24 јули 2008
Мислења
75
Поени од реакции
3
Ова е стварно добро, најинтересно ми е тоа за машко и женско дете, си бираш што сакаш а?:salut:
 

Marionka_z

Omnia mea mecum porto
Член од
16 јануари 2009
Мислења
208
Поени од реакции
29
Не водам ваков календар, ама си водам евиденција, кога сум добила, кога ми поминало...и тоа од почеток, откако прв пат добив, не знам стекнав некоја таква навика. Не заради плодни-неплодни денови, туку чисто заради самата себе, да знам од прилика на колку време ми иде, како се менува циклусот, итн, итн... Во секој случај, практична работа од многу аспекти.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
баш истиов календар го имам од пред некој месец и гледав на него интересно ми е тоа кои денови се прават машко а кои женско дете незнам колку се точни овие работи а вообичаено не водам белешки никогаш за тоа и секогаш ми доаѓа порано некој ден така да не паничам многу
Апсолутно неточно бидејки полот на детето не зависи од овулацијата туку од тоа кој сперматозоид ке ти се погоди.Значи мажкото одлучува не женското, а денот и часот воопшто не влијае врз полот.
Јас водам евиденција, само не како овој календар, поедноставен е мојот.
Ги бележам само плодните денови и очекуваниот датум на почеток на циклусот.Веродостојноста е релативна.Поверодостоен е ако циклусот е редовен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom