Како функционира еден фудбалски клуб?

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Еве една интересна тема за споделување сознанија.
Што мислите, што се е потребно за да функционира еден голем клуб, како Милан, Интер, Челзи, Манчестер...
Еве дел од вработените во еден голем фудбалски клуб, и кои се нивните задолженија:

Менаџер/Тренер - Прво да ги разграничиме поимите менаџер и тренер. Секој тренер не е менаџер. Тренер на клубот може да биде секој човек, макар и да нема никакви познавања од фудбалот. Менаџер се станува после помината обука за менаџери, со која се стекнува лиценца за менаџер. На пример, Герет Саутгејт од Мидлсбро е тренер, а не менаџер.
Работа на менаџерот/тренерот е да ја одбере стартната постава, да осмисли поединечна тактика за секој играч, како и колективна, назначува капитен, одбира формација и се друго во текот од натпреварот. Затоа, за успехот на еден тим, од големо значење е да има добар стратег.

Асистент на менаџерот/тренерот - Како што кажува називот, негова работа е да му помага на „шефот“ околу неговата работа. Најчесто тој ја презема должноста да дава изјави за пресот. Ако од било која причина менаџерот/тренерот е онеспособен да ја врши својата работа, асистентот ја презема привремено неговата работа.

Тренер за голмани - После општиот тренинг (за сите играчи), останува на теренот само со голманот, па му помага да ги усоврши рефлексите, поставување на жив ѕид при слободен удар, проценка на пенали и слично. Исто се грижи првиот голман да биде секогаш фит и подготвен за натпревар.

Скаут - Оваа е една од поинтересните професии во фудбалот. Клубот избира стручни лица, со огромно познавање за фудбалот и начинот на игра на клубот, за да бараат млади и перспективни играчи во други клубови, најчесто во понеразвиените земји и лиги. Скаутингот може да има и клучна улога во градењето на клубот, како што на пример Барселона во иднина ќе ја гради играта врз Бојан и Дос Сантос, деца скаутирани кога биле мали, денес излезени од младинската школа на Барселона.

Набљудувач на натпревари - Звучи чудно за професија, но постои. Човек задолжен да го набљудува натпреварот многу внимателно, да ги најде недостатоците на тимот, па кога ќе ги пренесе на „шефот“, да се поправат. Специјализиран само да наоѓа грешки, а не предности. Некои големи клубови работат и без ваков персонал.

Тренер на резервите - Иако резервите добиваат ист општ тренинг како првиот тим, тренерот на резервите им помага околу тоа да се секогаш во 110% форма, за да го спасат тимот кога е во криза. Обично овој човек има познавање од психологија, па им помага на играчите да го одржат моралот на високо ниво, иако со месеци ја греат клупата наместо да играат.

Физиотерапевт - Тоа е човекот кој се грижи за играчот да остане на терен, иако е повреден. Со спрејови или инјекција на полувреме ја ублажува болката кај играчот. Знае да закрпи аркада или нос ако е потребно, да врати исчашен зглоб и слично.

Клупски доктор - Еден од најдобро платените во стурчниот штаб на тимот. Негова работа е да се грижи за повреден играч кога е надвор од теренот. Одредување терапија за побрзо враќање на теренот, вежби и слични работи. Обично знаат повреда која би требало да трае три месеци, да ја средат за месец.

Шеф на младинска школа - Младинска школа функционира слично како првиот тим, но далеку поаматерски. Играчите живеат во клубски хостел, имаат полесни тренинзи и многу често, со добар шеф, израснуваат во вистински фудбал-мајстори. Нормално, постојат и младински лиги.


Ако некој има нешто да дополни или исправи, слободно. :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Ова во „нормалните“ клубови по светот.
Во Македонија одат работиве вака:

1. Претседател: Фараон
2. Директор: Бог и батина, тежок подлизурко на Претседателот
3. Секретар: Измеќар на првите двајца
4. Шеф на стручен штаб: Демек прави екипа според кажувањето на Претседателот. Ако не го слуша, лета
5. Помошен тренер: Шпиун на Претседателот

И така натаму...
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Ова во „нормалните“ клубови по светот.
Во Македонија одат работиве вака:

1. Претседател: Фараон
2. Директор: Бог и батина, тежок подлизурко на Претседателот
3. Секретар: Измеќар на првите двајца
4. Шеф на стручен штаб: Демек прави екипа според кажувањето на Претседателот. Ако не го слуша, лета
5. Помошен тренер: Шпиун на Претседателот

И така натаму...
За жал, баш поради ова ни е вакво првенството и репрезентацијата. Кај нас ако немаш врски и ако не лижеш гз кај раководството, не те ставаат на функција и да те бива.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Струмикс, да те надополнам.

Над претседателот има еден.
Се вика Бог.
Бог Харалампие. :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Да, да...Ако го сакаш Харалампие, и му се улижуваш, тогаш клубот „ти оди напред“, ако не, имаш катастрофално судење на пр., по комисии те прават лом...те уништуваат...и тоа...
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
И најважно, заборавив во првиот пост.

Најлошо е за еден клуб е кога газдата нема појма од фудбал, а сака да се меша во одбирање на првата постава. Тогаш клубот пропаѓа и мора да има жртви. Најсвеж пример - Челзи. Се’ шо си донесе Мурињо се вклопи во тимот, а Роман ги донесе Балак и Шевченко и играа како баба ми кога и беа скршени двете нозе. Жртва - менаџерот, нормално.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
2.164
Поени од реакции
134
И најважно, заборавив во првиот пост.

Најлошо е за еден клуб е кога газдата нема појма од фудбал, а сака да се меша во одбирање на првата постава. Тогаш клубот пропаѓа и мора да има жртви. Најсвеж пример - Челзи. Се’ шо си донесе Мурињо се вклопи во тимот, а Роман ги донесе Балак и Шевченко и играа како баба ми кога и беа скршени двете нозе. Жртва - менаџерот, нормално.
Или кога гледа тимот да има само ѕвезди и да заработува од реклами.
Пример-Флорентино Перез додека беше во Реал упропасти многу звезди(Бекам,Самуел,Овен, има и други):tapp:
 
V

Viktoranius

Гостин
Гледајте го филмот на мтв1 Тим од соништата во 18-30 почнува. Има си се детално опишано во него како се води еден клуб. Многу добар филм.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.646
Поени од реакции
5.322
Гледајте го филмот на мтв1 Тим од соништата во 18-30 почнува. Има си се детално опишано во него како се води еден клуб. Многу добар филм.
Баш и јас тоа ќе го пишував..За животот на еден клуб во Премиер Лигата!!Многу закон!!Карл Флечер!!:wink:
 

CaMeC

Рамос - 4
Член од
18 јуни 2007
Мислења
2.266
Поени од реакции
10
I jas toj film go gledam mnogu e dobar se vo nego se slucuva.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Верувајте, далеку е филмот од реалноста на еден фудбалски клуб. ;)
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Таман работа, секој втор клуб ќе паѓаше во долгови*.
*ради недостиг на играчки кадар. Жив. :pos:


Убава тема за лаиците, се гледа кој играл Хетрик. :)
 

MILAN4EVER

MIL@NIST
Член од
27 април 2008
Мислења
969
Поени од реакции
3
Гледајте го филмот на мтв1 Тим од соништата во 18-30 почнува. Има си се детално опишано во него како се води еден клуб. Многу добар филм.
da ne znaes koga ke davaat drugi sezoni i dali ke davaat na mtv 1?
 
V

Viktoranius

Гостин
da ne znaes koga ke davaat drugi sezoni i dali ke davaat na mtv 1?
Брат појма немам, само знам дека ќе има продолженија и секој ден купувам весник за да гледам програмата. Иначе заврши 6 сезона на филмот, а читав на интернет има 10 сезони цел филм така да сто посто ќе има продолженија. Го очекувам филмот да почне некаде јули - август.

Таш паркер :back:
 

LiverpoolFC

Captain Fantastic!
Член од
10 ноември 2007
Мислења
864
Поени од реакции
15
Постои извршен директор, финансиски директор исто така.. тие служат за договарање во врска со трансферите и слично.. не знам што да пишувам за нив, се знае што прават.. Фантом на тебе препуштам да дополниш :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom