Како се станува партнер продавница на Т-Мобиле, Вип или Оне?

zivotno

the watcher
Член од
9 април 2010
Мислења
13
Поени од реакции
3
Здраво,

Кои услови треба да се задоволат и што треба да се направи за фирмата да стане партнер продавница (да продава ваучери, наплаќа фактури, итн) за мобилните оператори (Т-Мобиле, Вип или Оне)?

Позз..
 
zivotno

the watcher
Член од
9 април 2010
Мислења
13
Поени од реакции
3
Секогаш ми биле интересни луѓе што прашуваат вакви прашања на форум, од типот на како да отворам нуклеарна централа, од каде да купам машини за фабрика, и слично. Јави се на телефон кај нив, можеби ќе имаш некој прогрес, животно...
Фала за тотално непродуктивниот одговор, не мораше, неморсиус
Има некој друг кој уствари го знае одговорот?
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Фала за тотално непродуктивниот одговор, не мораше, неморсиус
Има некој друг кој уствари го знае одговорот?
Ама со добра намена беше. Сериозно, зошто да чекаш некој на форум да ти одговори, наместо да се јавиш и да направиш муабет со луѓето? :) Мислам, ако они не ти дадат информации, кој друг ќе ти даде? Онака само, со среќа! :)
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
746
Поени од реакции
533

Зато шо можеби сеа му текнало и е 3:30 сабајле... а форумов за тоа е нели... ? ама јбг и за вакви како тебе е.
 
zivotno

the watcher
Член од
9 април 2010
Мислења
13
Поени од реакции
3
Зато шо можеби сеа му текнало и е 3:30 сабајле... а форумов за тоа е нели... ? ама јбг и за вакви како тебе е.
echoffs, фала на одговорот... за жал наместо да одговориш на темата, ти ја изместуваш... и со тоа се губи квалитетот на форумот... ама јбг и за вакви како тебе е...
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
746
Поени од реакции
533
Вип нема да отвараат уште преставништва во брзо време - информација од вработен во Прилеп 1 недела стара. Т-мобиле колку што знам исто така, мислам дека политиката им е да не даваат такви преставиштва, туку тие сами си работат кај ќе одлучат. Единствено во оне би имал некоја шанса, прашај си таму. Ова иначе сето е од 'чаршиски муабети', ако те интересирало стварно ќе си знаел, ама ајде можеби стварно сега ти текнало на идејава. Happy ?
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Здраво,

Кои услови треба да се задоволат и што треба да се направи за фирмата да стане партнер продавница (да продава ваучери, наплаќа фактури, итн) за мобилните оператори (Т-Мобиле, Вип или Оне)?

Позз..
За фирмата да стане парнер продавница (САМО ако си во доменот и со приближни перформанси на Никофон, Нептун, Техномаркет, Дуна компјутери или мастерот Алма-м.... Треба да има добар обрт на средства има скала на месечно ниво, па на три месеци па годишно, па локацијата, па посетеноста на дневно, неделно месечно ниво, број на вработени, дали си ДОО, ТП, ДООЕЛ.... Многу има ме мрзи да пишувам 4:12 е) треба после окулу 9-10 да идеш во Т-Мобиле, Вип или Оне лично со едно cv од фирмата и да кажеш дека сакаш да бидеш партнер или во намала рака дилер на нивните производи. Фино лепо ке те примат едни чичковци во оделца или некоја теткица ке се расприкажете, ке падне кафе или сокче и на крај ке ти кажат фала, ако имаме во план наскоро ќе ве контактираме.

Т-Мобиле Сектор за деловни комуникации (Кеј 13ти Ноември),
Оне Сектор за деловни комуникации (бул. Кузман Ј. Питу 15) и
ВИП Сектор за корпоративни комуникации ул. Филип Втори Македонски бр.3, Соравија 8ми кат).

Бујрум и среЧно.
 
zivotno

the watcher
Член од
9 април 2010
Мислења
13
Поени од реакции
3
Вип нема да отвараат уште преставништва во брзо време - информација од вработен во Прилеп 1 недела стара. Т-мобиле колку што знам исто така, мислам дека политиката им е да не даваат такви преставиштва, туку тие сами си работат кај ќе одлучат. Единствено во оне би имал некоја шанса, прашај си таму. Ова иначе сето е од 'чаршиски муабети', ако те интересирало стварно ќе си знаел, ама ајде можеби стварно сега ти текнало на идејава. Happy ?
echoffs, не е прашањето дали или не ќе се отворат претсавништва, туку кои услови се потребни (пример: доо/дооел, минимум X милиони обрт месечно, услови со фонт 6ка, итн) за постанување дилер/партнер... дополнително... прво се распрашуваш и слушаш искуства, а после се јавуваш... фала уште еднаш на одговорот...[DOUBLEPOST=1412240241][/DOUBLEPOST]
За фирмата да стане парнер продавница (САМО ако си во доменот и со приближни перформанси на Никофон, Нептун, Техномаркет, Дуна компјутери или мастерот Алма-м.... Треба да има добар обрт на средства има скала на месечно ниво, па на три месеци па годишно, па локацијата, па посетеноста на дневно, неделно месечно ниво, број на вработени, дали си ДОО, ТП, ДООЕЛ.... Многу има ме мрзи да пишувам 4:12 е) треба после окулу 9-10 да идеш во Т-Мобиле, Вип или Оне лично со едно cv од фирмата и да кажеш дека сакаш да бидеш партнер или во намала рака дилер на нивните производи. Фино лепо ке те примат едни чичковци во оделца или некоја теткица ке се расприкажете, ке падне кафе или сокче и на крај ке ти кажат фала, ако имаме во план наскоро ќе ве контактираме.

Т-Мобиле Сектор за деловни комуникации (Кеј 13ти Ноември),
Оне Сектор за деловни комуникации (бул. Кузман Ј. Питу 15) и
ВИП Сектор за корпоративни комуникации ул. Филип Втори Македонски бр.3, Соравија 8ми кат).

Бујрум и среЧно.
Да претпоставиме дека постои обрт од X милиони денари месечно.
1. Колкави се скалите кои ги бараат? Време на исплата?
2. Која е разликата меѓу партнер и дилер?

Фала...
 
Ф

Флеш

Гостин
Фала за тотално непродуктивниот одговор, не мораше, неморсиус
Има некој друг кој уствари го знае одговорот?
Форумов е за разговор,помош,дебата ... Примената изгледа еволуира во навреди и креативно шегобиење ...
 
zivotno

the watcher
Член од
9 април 2010
Мислења
13
Поени од реакции
3
Форумов е за разговор,помош,дебата ... Примената изгледа еволуира во навреди и креативно шегобиење ...
Vori, доволен е 1 добар одговор од 100 глупости за да се задржи квалитетот на форумот. Може да го дискутираш тоа на на други подфоруми/теми.

Сега, освен PsychoalieN, кој даде неков одговор, дали некој друг знае?
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Да претпоставиме дека постои обрт од X милиони денари месечно.
1. Колкави се скалите кои ги бараат? Време на исплата?
2. Која е разликата меѓу партнер и дилер?

Фала...
Зависи од распространетоста (збориме за партнер).

Дневно ниво треба да е 60.000,00 - 80.000,00
Месечно од 2.500.000,00 - 3.000.000,00

Разликата помеѓу партнер и дилер е тоа што кога си партнер со некои од нив буквално си мини салон, продаваш апарати, ваучери, дополнуваш кредити, наплатуваш сметки, а додека дилер само продаваш ваучери, дополнуваш кредитче и тук таму некој евтин модел на моблен оние шти ги даваат во пакет за 1500-2000 ден, нешто слично како тобакава.
 
zivotno

the watcher
Член од
9 април 2010
Мислења
13
Поени од реакции
3
Зависи од распространетоста (збориме за партнер).

Дневно ниво треба да е 60.000,00 - 80.000,00
Месечно од 2.500.000,00 - 3.000.000,00

Разликата помеѓу партнер и дилер е тоа што кога си партнер со некои од нив буквално си мини салон, продаваш апарати, ваучери, дополнуваш кредити, наплатуваш сметки, а додека дилер само продаваш ваучери, дополнуваш кредитче и тук таму некој евтин модел на моблен оние шти ги даваат во пакет за 1500-2000 ден, нешто слично како тобакава.
Маливе продавници/трафики немаат дневен обрт од 1000 евра на ваучери, така да тешко веројатен/веродостоен е одговорот... фала.

Пинг други?
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Маливе продавници/трафики немаат дневен обрт од 1000 евра на ваучери, така да тешко веројатен/веродостоен е одговорот... фала.

Пинг други?
Јас конкретно ти одговорив за партнер а трафика е дилер и нормално дека ни на сон не може да има обрт од 1000 евра. И не ги лицитирај одговорите него ти кажав јас за најверодостојни одговори иди лично, тука тешко дека некој ќе ти одговори.
 
zivotno

the watcher
Член од
9 април 2010
Мислења
13
Поени од реакции
3
Јас конкретно ти одговорив за партнер а трафика е дилер и нормално дека ни на сон не може да има обрт од 1000 евра. И не ги лицитирај одговорите него ти кажав јас за најверодостојни одговори иди лично, тука тешко дека некој ќе ти одговори.
ОК, фала за твоите одговори. Јас сакам да одговори и некој друг.
Прашање за тебе: Сега кога одговори кои се условите за партнер, дали знаеш кои се условите за дилер?
 
C

cige

Гостин
За фирмата да стане парнер продавница (САМО ако си во доменот и со приближни перформанси на Никофон, Нептун, Техномаркет, Дуна компјутери или мастерот Алма-м.... Треба да има добар обрт на средства има скала на месечно ниво, па на три месеци па годишно, па локацијата, па посетеноста на дневно, неделно месечно ниво, број на вработени, дали си ДОО, ТП, ДООЕЛ.... Многу има ме мрзи да пишувам 4:12 е) треба после окулу 9-10 да идеш во Т-Мобиле, Вип или Оне лично со едно cv од фирмата и да кажеш дека сакаш да бидеш партнер или во намала рака дилер на нивните производи. Фино лепо ке те примат едни чичковци во оделца или некоја теткица ке се расприкажете, ке падне кафе или сокче и на крај ке ти кажат фала, ако имаме во план наскоро ќе ве контактираме.

Т-Мобиле Сектор за деловни комуникации (Кеј 13ти Ноември),
Оне Сектор за деловни комуникации (бул. Кузман Ј. Питу 15) и
ВИП Сектор за корпоративни комуникации ул. Филип Втори Македонски бр.3, Соравија 8ми кат).

Бујрум и среЧно.
Пред неколку денови како сум се разочарал од една волонтерка во Нептун! Ја прашувам за еден модел на сматфон со непознато име дали е кинески и ми одговори:"па сите телефони се кинески". Леле како сум се изнервирал! И јас и викам:"знам дека сите се склопени во Кина, ама мене друго ми беше прашањето!" и си излегов. Незнам одделот за човекови ресурси колку им е професионален и какви филтри имаат за да стават некој да работи, ама знам дека ова беше катастрофа
 
Kajgana Shop

На врв Bottom