Алекс, зошто може да се работи по "4 сати"? Од каде 4, зошто не повеќе или помалку?
Барбара, внимавај. Доколку ти дадат виза исклучиво за една година и за таа година завршиш англиски курс, сигурно нема да најдеш никаква работа потоа затоа што визата веќе ти е фактички истечена и немаш право на престој. Можеш да се презапишеш на други студии што би ти ја продолжила визата со што и би можела да работиш со пола работно време, само што единствен проблем е што нема да заработиш доволно за да си ги покриеш трошоците доколку нема некој друг да ти помогне финансиски.
После години поминати на форумов станат сум алергичен на луѓе што се зачленуваат и уште од првите неколку постови почнуваат веднаш со лично рекламирање. Посебно во вакви случаи каде грешен совет може да чини големи пари.