Како најлесно до работното место кое го посакуваш

Дискусија во форумот 'Вработувањa и работа' започната од leandra, 26 јануари 2009.

  1. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    22.457
    Допаѓања:
    33.499
    Секој се гледа себе си на работно место кое го прави среќен,сака да го работи тоа,вложил многу на тоа поле,но ситуацијава кај нас не му дава баш некоја голема шанса да се докаже.Принципот на вработување кај нас на сите ни е познат.Покрај одличните капацитети за тоа работно место,потребно е да имаш и некој што ќе те гурне или во најмала рака да каже некој убав збор.Бидејќи верувам дека на овој форум трошат време луѓе кој би помогнале некому,како мене што ми помогна со информации една драга личност,ми дојде идеја да ги разграничам огласите за вработување по струки,по име на фирма и информации кој би можеле да помогнат некому.Информацијата е најбитна во економијата:)

    Од мојата област - економисти:
    -Има активни огласи за ревизорска куќа КПМГ(Скопје)
    (Сите кој имаат дипломирано на насока сметководство и ревизија,ги охрабрувам да аплицираат на peopleandchange@kpmg.com.mk.Овде бараат перфектно познавање на англиски,впорчем минеш тестирање и интервју на англиски.Шансите за вработување,доколку ја разбираш областа се големи,што значи дека системот врски не функционира.Во КПМГ ќе те претворат во одличен ревизор,кој подоцна лесно ќе најде работа како финансов директор или висока позиција на финансии со одлична плата.Но секогаш има но:)Условите за работа се пеколни,таму газат преку живи луѓе за успех,колегијалноста не е на завидно ниво,работните часеви ќе си ги продолжиш сам ако сакаш да успееш,буквално посвета на работата.Платата е одлична,се покачува на секој 6 месеци и имаш можност за доусовршување настрана.Само треба да ги издржиш надредените,ретко кој успеал:))

    -Втор активен оглас е Т-Мобил
    (Имаат отворено повеќе позиции,на нивната страна можете да ги најдете.Влезот зависи само од вас,не сум слушнала дека функционира врска системот,но доколку има некој од висока позиција вработен во фирмата не елошо да спомне некој убав збор за вас.Активни св можете да оставите на самата страна,кога ќе имаат позиција ќе ве викнат на интервју кое е на англиски)

    - Уни Банка-Кичево
    (бараат референт и менаџер на експозитура,очигледно дека ја шират мрежата.За уни банка имам само да дополнам дека имаат ниски плати за разлика од останатите.)

    -Во сите банки оставете си СВ на нивните веб страни,од кај знаете може ќе ве викнат:)Кога ќе има оглас од некоја ќе пишам.

    -ЕКОНОМСКО - ПРАВНО БИРО КОМПАНИЈА НМ Скопје
    има потреба од:
    - Дипломирани економисти или економисти со средно образование со добро познавање на сметководствено работење, финансово и материјално и со познавање на англиски јазик, исклучиво со работно искуство
    Пријавите со кратка биографија и фотографија да се доставуваат на
    е-mail: contact@kompanijanm.com.mk.
    Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на разговор.
    (верувам дека бараат кадар кој знае да работи,некој што имал искуство со нив нека каже)

    -Менаџер за продукти во ВИП операторот
    (Доколку поседувате храброст, енергичност и ентузијазам, како и професионални компетенции за да се надминете себеси во горе наведените полиња, испратете мотивациско писмо и кратка биографија на англиски јазик до:
    ИТЦ Кариера,
    Ул. Архимедова ББ, (реон 60), 1000 Скопје
    E-mail: kariera@itc-co.com.mk
    The application deadline is 03/02/2009)

    Ова можам да го издвојам за економисти.
    Можете да аплицирате и по невладините организации УСАИД,УНДП,ОБСЕ и слично.Платите се над просечни за Македонски стандард,но без врска немојте ни да помислите да се надевате.За истите агенции имате веб сајт каде можете да пополните апликација за волонтери,на кој им е платен храна и превоз,но убавото е што ќе научите многу и на кој начин работат овие агенции кај нас.За волонтер ви треба среќа и англиски јазик.После волонтерската работа шансите да останете ви се зголемени.

    Да не заборавам бараат помлади асистенти на Економски факултет кој имаат просек над 8.00.За оваа работна позиција ви е потребно вујко владика,татко како редовен професор на факултет или ректорот на факултет да ви е куќен пријател.Па ако има некој да се залета,слободно нека повели:)

    Интересено зголемена е побарувачката за ПР(односи со јавност) на пазарот:
    -Трговска фирма има потреба од 4 личности за работна позиција:
    - менаџер за односи со јавност
    Тел: 02 5297 799; 070 603 256
    Или кратка биографија на Area-arty-mkd@yahoo.com

    -PR Consultant (Консултант за односи со јавност)
    Creative Designer (Дизајнер)
    Art Director (Уметнички директор)
    Event Manager (Менаџер за организација на настани)
    Event Assistant (Асистент за организација на настани)
    Office Manager (Офис менаџер)
    Вашите CV-a испратете ги на
    e-mail: konkurs@pristop.mk
    најдоцна до 30.01.2009,
    со назнака за кое работно место се пријавувате.
    И покрај глобалните струења, пробај да се качиш на нашиот брод!
    Пристоп МК - Агенција за односи со јавност


    За да ја одржиме темава активна,треба некој доброволно од другите струки да се нафати да пренесува информации.Суштината не е да ги вадиме огласите,бидејќи има таква тема,туку некој кој сака да аплицира некаде да се распраша за системот на вработување во таа фирма и да добие подршка од некој што го чита форумов и има добра душа:)Врските го вртат светот,а нас не има многу на форумов па можеме да си направиме мрежа,сепак и овде некој го истакнува својот интелект и вреди да се каже по некој убав збор.
    На Pravnice и Dee_Jay им се допаѓа ова.
  2. Johnny Stulic

    Johnny Stulic Гостин

    Odlicna tema leandra

    Ne znam kako funkcionira na oficijalen sajt na EVN Makedonija ima otvoreno rabotni mesta za elektro-inzineri i elektro-tehnicari so poznavanje na angliski ili germanski jazik

    Pa so sreka


    Edit:Imase odlicen post na nekoj blog za vrabotuvanje vo medzunarodni organizacii ke se potrudam da go najdam i da go postiram tuka

    Go najdov se nadevam deka avtorkata na tekstov nema da mi se luti deka i go prezemam vo sekoj slucaj e so altruisticki nameri od nejzina strana

    Prezemeno od blogot na Ana Pejcinova

    Како до теренска работа за меѓународни организации и компании


    Често наидувам прашања на тема ’како да се влезе во оваа бранша’ на меѓународен развој, со патувања, егзотични локации и интересни доживувања, и соодветна плата. Таквиот интерес ме радува, но се плашам дека одговорот нема во иста мера да ги израдува заинтересираните. Постов содржи основна и неизбежно несовршена мапа за вработување на теренски позиции за високо-квалифицирани луѓе, во големи владини и меѓународни организации, од типот на UN, USAID, DFID, како и приватни развојни компании. Постот не се однесува на компании од типот на Кјелог, Браун и Рут (КБР), кои се повеќе за ниско- и средно-квалифицирани кадри. Постот не се однесува ниту на безбедоносните приватни компании, добро платена работа за која не знам многу.


    Да почнам со тешките прашања, но не го сфаќајте следново во смисла на Кетберт, злиот менаџер на човечки ресурси:




    Зборувате ли англиски течно и со прецизна употреба на стручни термини? Ова се усовршува и со читање на стручни текстови.

    Дали имате солидно образование, по можност во западна земја или по западна универзитетска програма? Без диплома никој не ве зема во предвид. Магистерска е солидна. Докторат всушност е непрепорачлив, освен во професиите на советништво (advisor) и истражување (research), бидејќи академците најчесто размислуваат преапстрактно за да бидат од корист во прагматични ситуации. Освен тоа, попознати се по концентрирање на проблеми отколку на решенија. Иако сум прагматичар, исто сум подобра во анализа на проблеми отколку во нивно решавање, веднаш признавам.

    Дали имате работно искуство во меѓународна развојна организација? За почеток е доволно да се работи како локален офицер во Македонија.

    Дали сте ја прифатиле работната етика на ефикасност, деталност, квалитет во работата, временост, процедури и следење на хиерархијата (chain of command)?

    Ќе добиете ли одлични препораки ако се пријавите за работа во странство? Или од самите меѓународни организации, или од македонски високи чиновници, или високо кредибилни личности?

    Умеете ли со луѓе? Опуштени ли сте? Имате ли повеќе пријатели на работа отколку непријатели? Умеете ли успешно да работите со луѓе кои лично и не ви се допаѓаат? Умеете ли да ја одржите дистанцата помеѓу приватниот и професионалниот живот?

    Како реагирате под долготраен притисок и во криза? Ова е како јајцето и кокошката. Можеби одговорот е, ’нема да знам додека не се ставам под такви услови.’ Фер одговор.

    Толку за професионалноста. Малку и за човечката страна:

    Дали сте подготвени да работите во кризни подрачја? Да напишете тестамент, а тоа да не ве депримира или плаши премногу?

    Дали вашите најмили се согласуваат со вашето заминување и се свесни за можните последици? Дали сте подготвени да не ги гледате своите блиски почесто од секои три-четири месеци на по една до три недели?

    Дали врската со вашиот партнер ќе издржи таква разделба?

    Ако имате деца, како ќе влијае вашето отсуство на нивниот раст?

    Дали она што можете да го добиете со ваква работа ви е побитно од она што можете да го загубите?

    Имајте на ум дека теренската работа ќе ве промени. Процентот на луѓе кои се разведуваат после неколку години работа на терен е доста висок. Интензивните искуства стануваат некомпатибилни и непреводливи за оние кои останале дома. Не е правило, но можно е.

    Ако одговорите на претходните прашања ви се отприлика ’да, а можам и уште повеќе и подобро ако ми се отвори шанса,’ тогаш е време да го подготвите општото CV и Cover Letter, и да ги соберете своите три препораки од последните три работодавци.


    --------------------------------------------------------------------------------

    На веб има разни темплејти. Интересна е страната на гугл со избор на повеќе формати на CV и на Cover Letter.

    Ошта препорака: Избегнувајте бои и украси и орнаментална реторика. Концизност, информативност и технички детали се поволни. Bullet-point style е вреден да се земе во предвид.

    CV: Одредени организации имаат свој шаблон за CV кој морате да го пополните. За ООН е потребен формуларот P11 (тука), за EU е тука, со одлични совети за пишување, а за приватни развојни компании кои работат на лукративните договори со УСАИД нема предодреден формат, но се’ што ЕУ страната советува на оваа тема, важи и за американски компании.

    Cover Letter: Се претставувате како човек и професионалец. Тешко дека некој ќе интервјуира и висок стручњак, доколку овој не умее добро да се изрази и да ја опише својата работа. Од ова Писмо треба да се види конкретната мотивација на апликантот, познавањето и искуството, со специфичните барања на работното место опишани во Scope of Work/Terms of Reference. Концентрирајте се на сите посебни нешта за кои сте биле директно заслужен, лично или како дел од тим. Истакнете ги успесите на организацијата за која сте работеле, а за кои сте биле и вие заслужни. Отстранете лични и емтоивни референци, не оцрнувајте никого и не се фалете сами себеси. Едноставно, наведувајте факти и конкретни достигнувања (не обиди и можности) во репортерски стил.

    За секое работно место, и ЦВто и Писмото мора да се прекројат за да одговараат на потребата на компанијата кадешто аплицирате. Земете го описот на работното место и одговорете како точно вие го исполнувате секој услов и работна задача од наведените.
    При секое прилагодено Писмо, избришете ги вашите искуства и информации кои немаат врска со работата за која аплицирате, и разработете во детал се’ што е во врска со неа. Целта е да се претставите како идеален или скоро-идеален кандидат за таа работа, кој точно знае на што се нафаќа, лично е мотивиран, само-иницијативен е, постигнува, добро функционира и во тим, издржува пресија, запазува крајни рокови, ќе може да ја преземе работата без одложувања, проблеми и одново изучување на занаетот на терен. И така натаму. Размислувајте со умот на луѓето кои ќе го читаат вашето ЦВ и Писмо меѓу стотици други слични документи, и замислете како би изгледала идеалната апликација од нивна гледна точка. Имајте милост кон Human Resources - кажете им од почеток (со key qualifications paragraph) кои се вашите клучни квалитети поради кои ќе сакаат да го прочитаат вашето Писмо до крај.


    --------------------------------------------------------------------------------

    Ако имате веќе подготвено генерално ЦВ и Писмо, посетете ги следниоте линкови:

    a. Сајтови кои компилираат конкурси за работни места од голем број организации и компании:
    http://developmentex.com/
    http://www.reliefweb.int/
    http://www.unjobs.org
    http://jobs.undp.org/cj_view_jobs.cfm
    http://jobs.un.org/
    http://www.eurobrussels.com/

    б. Приватни развојни компании:
    Creative Associates
    GRM International
    AED
    DAI
    ARD
    Equal Access
    Relief International
    ACDI/VOCA
    Management Systems International
    NDI - National Democratic Institute
    IFES
    Coffey International
    CHF International
    NIRAS
    IWMI
    BearingPoint
    IFES
    International Crisis Group (ICG) - прилог на Калина

    http://incompass-intl.com/index.html - прилози на interpreter
    http://www.osce.org/employment/13108.html
    http://www.nato.int/kfor/structur/vacancies/index.htm

    Има и повеќе, но овие линкови ми се при рака. Останатите можете да ги најдете преку категориите под а., кадешто се целосно излистани.

    --------------------------------------------------------------------------------

    Типс:

    Додека не сте сосем сигурни дека вашите документи се ОДЛИЧНО напишани, не ги праќајте никаде. Може да завршите на црна листа и кога ќе си го поправите стилот, сепак организациите да ви ги одбиваат апликациите без да ги погледнат.

    Не се надевајте многу на официјалниот сајт за работа на ООН, Galaxy System. Таму сум пријавена со години, но ниту еднаш никој не ме контактирал за апликациите кои ги имам приложено таму. Освен тоа, во „големата пропадната реформа на ООН“, Системот Галаксија требаше да се избрише како „сосема нефункционален“, според препораките на Комисијата за евалуација. Наспроти тоа, директно аплицирање при локалните канцеларии (Field Offices) на разните агенции на ООН е далеку поуспешно.

    Многу често, огласите за работни места се веќе пополнети во времето на нивното објавување. Дали 5% се стварни. Шансата некој да ве покани на телефонско или скајп интервју сепак се зголемува правопропроционално со вашето работно искуство.

    Шансите ни се намалени и со тоа што сме од сиромашна земја, да говориме отворено. Сепак и секогаш, Американците порадо ќе изберат да работат со Американци, Англичаните со Англичани, како и Македонците со Македонци. Но и покрај тоа, работа може да се најде, под исти услови и договори како и професионалците од развиените земји.

    Помеѓу апликацијата за одредена работа и прелиминарното селектирање, поминува 1-2 месеци. Тогаш ви се јавуваат за интервју. ООН има едно интервју со повеќечлен панел. УСАИД има две интервјуа со мини-панели. Не сметајте дека сте ја добиле работата додека не го потишете договорот.

    Ако потпишете договор, не очекувајте дискриминација или финаниски неповолни услови. Договорите на ООН и на приватните компании, партнери во имплементација на УСАИД, се стандардни без разлика од која земја доаѓате. Во ООН платата има гарантиран минимум (и максимум), а во приватните развојни компании точната цифра зависи од вашата финансиска историја (УСАИД автоматски нуди 5-10% плус од вашата финансиска историја по последните три години). Здравствено и животно осигурување следува или бесплатно или под мошне поволни услови. Визи, пат, здравствени прегледи се платени, а сместувањето на терен е, исто, или бесплатно или по ниска цена. Ако влезете еднаш во системот, одлично ќе се грижат за вас - додека не ви заврши договорот.

    Не сметајте дека сигурно ќе добиете работа. Понекогаш се потребни и повеќе од 6 месеци на упорно аплицирање за да се добие понуда (ми се случило, во мртви сезони). Имам вредни колеги од развиените земји кои едноставно не добија втор договор и по една година аплицирање, па се откажаа. Има и живи сезони, како последниов месец, кога добивам директни понуди за работа, без да аплицирам, во просек еднаш неделно. Па доаѓа до дискретна аукција.


    Пазарот на работна сила за меѓународни договори е преоптоварен со апликанти од цел свет. Натпреварот е остар, почнуваме со послаб старт како Македонци, но сепак е сосем можно да се навлезе во оваа интересна бранша - без врски и не-етички потези. Понапорно е, но изводливо. А кога човек еднаш ќе навлезе во тој свет, ЦВто му се врти од организација до организација и понуди не недостасуваат.


    Има многу нешта кои не ги наведов, и во моментов сигурно не ми паѓаат на ум се’ што би можело да биде од корист некому, но ќе ги следам коментарите и ќе се потрудам да одговарам прецизно и навремено, додека не заминам на терен.

    Многу среќа и стрпливост!
  3. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    22.457
    Допаѓања:
    33.499
    Еве и за правници:

    Само да напоменам за огласите кој бараат работно искуство.Честопати се додава поголема цифра на години,се со цел да се одбие мнозинството несигурни кандидати да пратат пријава.Тоа е еден вид на заплашување,моја препорака е секаде да ги занемерите годините,освен за позициите Раководител или Менаџер кој сами по себе си подразбираат потреба од искуство.

    -ИЗВРШИТЕЛ Антончо Коштанов има потреба за вработување на еден дипломиран правник со најмалку 3 (три) години работно искуство.СВ на kostanov@gmail.com


    -Микро Кредит Лизинг Сосиети објавува оглас за следното работно место
    Дипломиран Правник
    Потребни квалификации
    - минимално работно искуство од 1 година
    -активно познавање на англиски и српски јазик
    -познавањее на работа со компјутер
    -познавање на канцелариско работење
    -флексибилност и иницијативност
    -спремност на тимска работа и дополнителна едукација
    -висок степен на иницијативност,самостојност и одговорност
    Пропратно писмо и СВ на англиски јазик и српски јазик со понова фотографија како и доказ за исполнетите услови ве молиме да ги пратите на следнава адреса ул.Вељко Влаховиќ бр.26 Скопје
    или по меил на microcredit@gmail.сом
    Огласот трае 7 дена .

    Овде е 1 година,што е ставено паушално,оние кој дипломирале пред некој ден слободно нека си аплицираат.Карактеристично е и времето за аплицирање 7 дена.Во оние огласи каде е наведено 5 дена,тоа е само процедура за да го пријават веќе примениот.Секаде каде што ќе го видите 5 дена,зачувајте си ја енергијата.


    За електро и машински:

    -Реномирана фирма од областа на електрониката и автоматиката бара:
    1. Електро инженер ЕТ и
    2. Електротехничар
    со добро познавање на англиски јазик и претходно искуство.
    Кратка биографија да се достави на
    mejl: info@vts.com.mk


    -Фирма од областа на климатизација бара
    1.машински инженер со и без работно искуство
    2. познавање на AUTO CAD
    3. познавање на MS OFFICE
    4. сопствено возило

    Ве молиме да се достави кратка автобиографија на нашата е-маил адреса info@komforklima.com.mk

    За сите оние кој имаат познавање од Албански јазик и Англиски нека си ја пробаат шансата во Шведска амбасада:
    Амбасадата на Шведска објавува оглас за ангажирање на работник на определено време. Деталните информации за критериумите, бараните квалификации и документи за аплицирање се наведени во огласот објавен во Дневник од 27.01.2009г. Адреса за аплицирање: Шведска Амвасада, 8ма Ударна Бригада бр.2, 1000 Скопје.

    -Психолози
    Центар за професионална ориентација и селекција има потреба од 5 дипл. психолози.
    Сите заинтересирани да го испратат
    своето CV и писмо за мотивација на
    e-mail: cpos@live.com



    Бидејќи не ги познавам фирмите од овие области,неможам да ви дадам инфо колку и како се влегува,можеби ќе се најде некој што знае да ги опише:smir:

    едит:
    Ќе заборавев,има оглас во Прокредит банка,таму можат да аплицираат од сите струки,не е ограничено на економисти.Политиката мислам дека сите ја знаете,одите од еден град во друг на секои 2-3 месеци,имате презентации во фирми,платата почетна ви е околу 8000.Треба само да издржите,ако сте добри ќе напредувате до 60 000,но ако не сте,ќе ја шетате Македонијава со куферчето.Заборавете на приватен живот,дечкото/девојката нема да ги гледате,но се за кариера:)Јас лично не ви го препорачувам како место на кое сакате да работите,но ваш е изборот.
  4. Tachevski

    Tachevski Делија

    Член од:
    26 јануари 2009
    Мислења:
    25
    Допаѓања:
    4
    Алал да ви е за темава, стварно може да помогне на некој!
    Да се надеваме дека никогаш нема да ми затреба. :vozbud:
  5. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    22.457
    Допаѓања:
    33.499
    Топ понуда Банки:



    ИНВЕСТБАНКА АД СКОПЈЕ
    Инвестбанка АД во стратешко партнерство со Steiermarkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва. За своите потреби огласува слободни работни позиции:
    РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА ВО БИТОЛА, ВО ТЕТОВО И ВО ГОСТИВАР (З позиции)
    Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
    • Економски факултет
    • 3-5 години работно искуство во банка или финансиски институции
    • Добри организациски и комуникациски вештини
    • Добро познавање англиски јазик
    • Одлично познавање на МС Office апликациите (Word, Excel)
    • Поседување знаење од областа планирање и стратегија
    • Познавање на финансискиот пазар, производите и регулативата
    • Способност за решавање проблеми
    • Ориентираност кон работа со клиенти
    • Возачка дозвола Б категорија
    РЕФЕРЕНТ (за Скопје - 3 позиции)
    Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
    Економски факултет
    • Задолжително познавање англиски јазик (познавање и германски јазик ќе се смета за предност)
    • Добри интерперсонални и комуникациски вештини
    • Способност за анализа, интерпретација и презентација на податоци
    • Организациски и вештини за планирање и управување со времето
    • Способност за почитување поставени рокови и цели
    • Одлично познавање MS Office апликациите
    • Возачка дозвола Б категорија
    ПРАВНИК CO ПОЛОЖЕН ПРАВОСУДЕН ИСПИТ (Скопје - 1 позиција)
    Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
    Правен факултет со положен правосуден испит
    • Задолжително познавање англиски јазик
    • Организациски и вештини за планирање и управување со времето
    • Способност за почитување на поставени рокови и цели
    • Познавање на Законите и прописите поврзани со банкарското и финансиското работење
    • Флексибилност
    • Возачка дозвола Б категорија
    БЛАГАЈНИК (за Скопје - 8 позиции)
    Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
    ССС, економски техничар или гимназија
    • Работно искуство во банка или финансиска институција
    • Познавање англиски јазик
    • Добри организациски вештини
    • Добри интерперсонални и комуникациски вештини за воспоставување односи со клиенти
    • Добро познавање на компјутерски апликации
    • Возачка дозвола Б категорија
    Банката нуди атрактивен награден пакет, континуирана обука за развој и одлични можности за кариера. Изборот на кандидати ќе се врши по претходно интервјуирање и тестирање на кандидатите од страна на специјализирана консултанска куќа.
    Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат по пошта резиме (CV) со фотографија и придружно писмо со наведување на работното место и доказ за исполнување на условите, најдоцна до 22.02.2009 година на адреса: П. фах 803, 1000 Скопје.
    Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови ќе бидат повикани на тестирање и интервју. Пристигнатите апликации после наведениот рок, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.
    Сите кандидати имаат еднаква шанса за вработување.




    Инвест банка е меѓу водечките во Македонија според висина на плата.Но за да се земе таа плата,треба да се поминат тестови и интервју.Тестовите се комбинации од општ дел,стручен (во зависност од струката),логички задачи,дел англиски превод и дел компјутер на хартија:)На некој можеби ќе му биде смешно ова компјутер на хартија,но пред да замине на тестирање,добро нека ја проучи тастатурата за да ја има во глава при решавање на прашања од типот што дава шифт+алт и слично.Оние што ќе го поминат тестирањето ќе го доживеат едно од најтешките интерјуа на кои биле:прашање за банкарски ситем,монетарна економија,дознаки и девизно работење,девалвација,платен промет во земјата,платежни картички,веб страната на Инвест банка до детал што нуди како банка,гувернер и Централна банка...ова е за економистите.Значи добро потсетете се што се сте учеле во тие 4 години,да не се случи црвени да си отидете дома,подгответесе како да одговарате за директор на фирма:)
    Врски нормално од највисок ранг,иако ја сметам банкава дека игра на карта на квалитет,но оној што може да си пружи подршка од менаџерскиот тим на банката,нема да му се слоши.
    Ова се од прва рака информации,од неколку души кои стасале до интервју,еден вработен,јас лично не сум била кај нив,кој бил нека надополни:smir:


    Стопанска банка:
    5 позиции помлади соработници во Скопје,без и со работно искуство со економски факултет,англиски и компјутери.На веб страната имате електронска пошта,побрзајте мислам дека е до утре огласот.


    Една од моите омилени банки,за која сметам дека од работа треба да летаат мин 1000 души,но еве дури 5 позиции се ослободиле поради длабока старост:)Незнам дали има тестирање,но знам дека интервјуто не е толку страшно како во Инвест и Комерцијална банка.Тоа се должи на благовремените реакции за влегување во банката.Не верувам дека некој без врска ќе влезе во овие 5 души,досега не познавам човек што влегол без врски а ги имам околу 8 души пријатели.Можеш да влезеш без ортоми на делот презентации по фирми,нешто слично како агент,по нашки трчкач,но и тоа е под прашалник.Директор е Бишев,еден од најдобрите банкари кои ги познавам,човекот според мене има големи знаење,перфектни примери и добар изглед.Се прашувам дали знае што му се случува на шалтерите и изборот на вработени,но веројатно не е слеп:)
    Така да драги мои,палете патиките и правец по пријатели:vozbud:


    Комерцијална Банка:

    Некој ќе помисли дека извадиле оглас,почекајте не е велигден:)Сите кои се власи,имаат книшка од СДСМ,вработен родител во банката имаат шанси за вработување.Одат на принципот,родителот заминува,детето седнува,што важаше во комуњарскиот систем,но принцип кој навистина го поштувам.Еден вработен по фамилија:)дали знае или незнае нема врска,се се учи.
    Сите кои сакаат да се испробаат на интервју од еден сектор во друг,со времетраење од 4 часа,од девизно,на платежни картички,на англиски,на компјутери,на општ дел,од една канцеларија во друга ротирачки,нека остават СВ во просториите на банката.И тоа не е се,треба да имате просек над 9:)бидејќи таков бил редот,лично незнаев дека се толку паметни,ама еве се имало во Македонија.Се прашувам за некои на шалтер во Скопјево кај Буњаковец и во онаа филијала над Универзална сала дали имаат 6.1,но нема да ме удостои никој со одговор.



    И бидете фер,не ме чекајте само јас да опишувам,ајде подршка:smir:
    На djolesk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.513
    Допаѓања:
    723
    Од кај па сеа толку отворени места за ПР??

    Јас сум дипломиран PR manager бај д веј...
  7. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    22.457
    Допаѓања:
    33.499
    Многу убава професија си одбрал:)
    Во тој период се појавија неколку места од таа струка.Очигледно ја сваќаат потребата од презентација на своите достигнувања,испрати СВ до сите банки,прокети на странски организации,големи фирми,јавни институци:)Ако слушнам нешто,ќе пишам.
  8. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.513
    Допаѓања:
    723
    Овие постојниве ми се некако outdated, но моето маштање да го трансформирам Бернајз во бизнис секторот не ми се оствари, затоа што во периодот кога прво ми понудија да работам како ПР, одбив бидејќи беше тоа едно од нашите министерства, а во приватен сектор немаше отворени места за таа функција, па решив да работам сам за себе... :)
  9. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    22.457
    Допаѓања:
    33.499
    ПР секогаш работи за себе,промовирајќи ја фирмата се лепи како заштитен знак:)Незнам колку профитираш сам,но знам колку земаат во проектите.Најмалку работа,најмногу плата,позиција десна рака на шефот:)Според она што го гледам секој ден,верувам дека доаѓа експанзијата на таа професија кај нас,но ја мешаат со маркетинг менаџер.Така да,каде има позиција маркетинг,имаш големи шанси за влез:smir:
  10. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.513
    Допаѓања:
    723
    Во некоја нормална држава, би се согласил тотално. Но кај нас, „десната рака“ или ПР менаџерот на генералниот и неговата фирма најчесто се...неговата љубовница, син/внук/ќерка, блиска роднина...итн. и целата работа ја препуштаат на аматери кои учат за маркетинг а не за пропаганда или ПР. Да се надеваме дека ќе сфатат и дека тоа ќе се смени :smir:
  11. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    22.457
    Допаѓања:
    33.499
    Да,за жал така е.Но се надеваме на најдобро,како што гледаш за сите позиции е така.Додека сум кај муабетов,да не ти се наоѓа случајно некој доктор во фамилија:)
    ПЗУ Специјална болница по хируршки болести
    ФИЛИП ВТОРИ
    ОГЛАС
    ПЗУ Специјална болница по хируршки болести ФИЛИП ВТОРИ има потреба од:
    - Еден новинар за односи со јавност
    Критериуми за аплицирање:
    - Завршено соодветно високо образование,
    - Минимум две години работно искуство во областа за која што се конкурира,
    - Дополнителните едукации ќе се сметаат за предност;
    Документите треба да се поднесуваат лично, најдоцна до 27.02.2009 година ( петок).
    На TpH_Bo_OkO му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Free_the_net

    Free_the_net

    Член од:
    3 јануари 2009
    Мислења:
    75
    Допаѓања:
    3
    Покрај одличните капацитети за тоа работно место,потребно е да имаш и некој што ќе те гурне или во најмала рака да каже некој убав збор.

    Сама кажа. Инаку ова е супер што го правиш но да се вработиш во оваа земја според своите квалитети е скоро невозможно.
  13. llazarus

    llazarus

    Член од:
    3 август 2008
    Мислења:
    39
    Допаѓања:
    0
    *Леандра*

    Одлична тема.... јас барам работа ама огласиве ги немам видено!
    Кажи некој директен линк ако има.

    Фала поздрав,
  14. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    22.457
    Допаѓања:
    33.499
    Ти напишав на профил.

    Еден да се вработи,од овие информации,ќе постигнеме успех.Кој успее,нека каже,нема да го тераме да части:)
    Патем,фармацевти на форумов дали има?И со средно и со факултет,има секој ден побарувачка за такви кадри.:smir:
  15. Matilda85

    Matilda85

    Член од:
    22 јули 2007
    Мислења:
    22
    Допаѓања:
    1
    Леандра исто и јас сакам да ја пофалм твојата иницијатива за отварање на темава на форумов одлична е и многу добро што сакаш да придонесеш за намалување на невработеноста во државава. Продолжи само така. А и мене исто така многу ми се потребни вакви информации.
    Поздрав

Сподели преку: