Како да станам програмер/информатичар?

Член од
31 јули 2014
Мислења
21
Поени од реакции
5
Имам дипломирано и магистрирано на друг факултет, но ете нема работа по струка и веќе 8 години работам други работи - што ќе најдам/стигнам.

Би сакал да влезам во информатичката струка, па ме интересира дали е неопходно да се заврши отпочеток факултет по информатика или пак доволни ќе бидат некакви си курсеви/сертификати?

Благодарам однапред.
 
Член од
11 мај 2013
Мислења
576
Поени од реакции
731
Колку што знам,има разни курсеви за програмирање/информатика. Доколку си успешен во тоа не верувам дека ќе прават проблем ако немаш завршено факултет.
 
Член од
25 јуни 2013
Мислења
585
Поени од реакции
247
а што факултет имаш завршено па толку нема работа?
 
Член од
31 јули 2014
Мислења
21
Поени од реакции
5
а што факултет имаш завршено па толку нема работа?
Не би сакал да кажам кој факултет.
Делумно вината е и моја - зошто повеке заработував возејки такси него што ми нудеа плата по струка.
Но тоа е друга прикаска.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Не би сакал да кажам кој факултет.
Делумно вината е и моја - зошто повеке заработував возејки такси него што ми нудеа плата по струка.
Но тоа е друга прикаска.
батали факултет, курсеви најди си и почни :)
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Би сакал да влезам во информатичката струка, па ме интересира дали е неопходно да се заврши отпочеток факултет по информатика или пак доволни ќе бидат некакви си курсеви/сертификати?

Благодарам однапред.
Друже програмер/информатичар е доста општ поим, каква ти е конкретна цел? Да заработиш некоj денар од правење некоj шит вебсаjтови или да станеш инжинер на кластер системи или системска виртуализациjа?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Нема потреба од факултет пола од предметите ти се математика и теорија, програмирање и пракса има многу малку.
Прво треба да ги прочиташ основите на програмските јазици што сакаш да ги учиш. Имаш многу книги на англиски јазик, потоа оди на некој курсеви, имаш и практични примери на youtube, јас многу работи научив и од таму. Но најважно е и да одиш на пракса во некоја компанија.
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
Ако си тип што е снаодлив и можеш да учиш сам, почни од дома со онлајн курсеви, книги, ако си сериозн за учење ќе ти пратиме и материјали од факултет, но ако не ти иде од дома тогаш ти препорачувам да се запишеш во некој курс за програмирање па понатаму ќе знаеш сам што е следниот чекор...

И да, програмер не се станува туку така, туку се живее како програмер :D мораш константно да истражуваш, учиш, подобруваш, програмираш и пиеш кафе.
 
Член од
31 јули 2014
Мислења
21
Поени од реакции
5
Друже програмер/информатичар е доста општ поим, каква ти е конкретна цел? Да заработиш некоj денар од правење некоj шит вебсаjтови или да станеш инжинер на кластер системи или системска виртуализациjа?
Не знам. Што е профитабилно и барано?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Имам дипломирано и магистрирано на друг факултет, но ете нема работа по струка и веќе 8 години работам други работи - што ќе најдам/стигнам.

Би сакал да влезам во информатичката струка, па ме интересира дали е неопходно да се заврши отпочеток факултет по информатика или пак доволни ќе бидат некакви си курсеви/сертификати?

Благодарам однапред.
Ако имаш дипломирано на некој технички нема да ти биде тешко, но ако имаш на КГФ, програмирањето не е твоја професија.
Ги имаш Сивус и Семос за курсеви
Реално да почнеш да работиш ти требаат два курса
Било кој програмски јазик и сертификат за Oracle бази. Колку да добиеш некое почетно искуство доволни ти се entry левел курсевите
 
Член од
31 јули 2014
Мислења
21
Поени од реакции
5
Значи се на се, може и без факс да се работи, доволни се курсевите и да те бива секако. Работодавецот не бара стриктно да имаш факс.

Фала за мислењата дечки.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Значи се на се, може и без факс да се работи, доволни се курсевите и да те бива секако. Работодавецот не бара стриктно да имаш факс.

Фала за мислењата дечки.
секако дека може, имаш програмери и со осмо одделение едвај завршено. Занает е ова, како што рекоа, треба константно учење, искуство и работа :) батали факултети глупости, еве јас сум при крај на феит и се што иам научено е од работата, да останев со практичното на знаење од факс ќе работев во Тинекс сега. Мое дете да сака да се занимава со ова, на курс ќе го пратам, факултет не гледа, барем не во Македонија.
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Значи се на се, може и без факс да се работи, доволни се курсевите и да те бива секако. Работодавецот не бара стриктно да имаш факс.
Фала за мислењата дечки.
1.) Факултет ти дава добра теоретска база без коjа ке ти биде малце потежко. Од почеток тоа не се приметува ама колку што повеке ке jа работиш струката ке сватиш дека ти фали добра база.
Да бидеме реални - работодавец не ти бара факултет ако веке знаеш да работиш. Тежко е да наjдеш работа со "знам нешто". Редко можат да те земат како Junior ама никоj не сака да троши време и пари за ти да научиш нешто.

2) Курсеви(зборам за офлаjн) може да ти дадат добар старт. Ама не очекуваj многу од курсевите - ке одам на курс ке научим се. Нема такво нешто. Идеш на курс + дома учиш + напорен си правиш дупло домашна од што дават на курс бараш задачи од професорот, читаш на интернет, значи мораш да бидеш многу активен = имеш некоj профит(пак до некаде, оти 1 поминат курс е ништо).
Ако ке доjдеш на курсеви со став - ете ви платив пари научете ме - ке се заебеш.

Еве ти неколку линкови што можат да ти помогнат на овоj тежок пат да станеш програмер :)
Мислам наjдобри бесплатни онлаjн курсеви (општа теориjа) - https://www.coursera.org/
Исто добри курсеви -https://www.udacity.com/
Овде можеш да почнеш да учиш курсеви кога ке сфатиш што конкретно сакаш да учиш - се плака (50 долари месечно) ама вреди http://beta.pluralsight.com/.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.394
Не знам. Што е профитабилно и барано?
незнам колку години имаш, ама ако си +30 и си слабо логичо-математички подготвен нема далекку да стасаш.
Програмирањето не е баш класичен занает, седниш и да го научиш. Мора да имаш основи и познавање. Батали овие што велат дека со туриторијали ќе научиш. Тие научиле или имале основа, па со туриторијали се унапредиле.
Тоа воглавво е за програмирањето.
Сепак има други гранки во информатиката кои небараат големи предзнаења за да ги изучиш.
Би ти препорачал да видиш курсеви во мрежи или пак анимација. За програмирање да почниш сега ќе ти требаат 4-5 години салам да го совладаш занаетот. Да беше толку лесно јас сеа ќе работев како програмер, а не нешто сосем друго. Како и да е и во анимација имаш убај плати. И мрежните инжинери земаат уба плата. (Ама далеку под програмерите), а треба помалку ввреме за изучување на истите. За анимација дури и 6 месеци ќе можиш да работиш. Знам во fx3x работат деца кои порано беа келнери.
 
Jас познавам човек коj на 41 година од професор по географиjа (!!) и познавање само како емаjл се прака, почна да учи програмиранje за една година стана доста добар програмер (и тоа С++) сеа замина во Америка да работи за америчка фирма.

Така што се е до желба и упорност. Тоа ти кажувам како сениор дев со 8+ години искуство баш во програмирањето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom