Како да се откажете од цигарите?

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
[quote="Cannabinoid, post: 6014492, member: 12594"

П.С. Како алтернатива слободно можеш да продолжиш со качак (чист 100% органски тутун), или билката во мојот аватар. ;)[/quote]

Дали си видел како се одгледува денес тутунот ме интересира како прво?
Јас како производител на тутун и тоа доста големи количини ќе ти објаснам накратко па процени самиот колку е тој тутун здрав да го пушиш и органски
1. откако ќе никне се прска едно 8-10 пати до расадување (некаде во месец-месец и пол)
2. после расадување му се удира пак прскање против перваспора, превенција од вошка и други болештиње и + течно ѓубриво за да расти повеќе ( а друго ѓубре и уреа му лупаме пред да го расадиме, после орање на нивата и тн
3. Годинава конкретно имаше тутунски вошки во изобилие, јас го испрскав тутунот само од вошки при што му додавав и билки за од пламеница и такви срања 4 пати меѓу кои некаде 7 различни билки кои спаѓаат строго во 1ва и 2 група на отрови
за другата билка не се разбирам така да тоа е на тебе, а и да процениш колку е здрав тутунот ти и било кој кој го конзумира тука :)
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
никакви лекови, ни напитоци нема да ти помогнат да се откажиш од пушењето, доклку не решиш психички да издржиш.
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Абе незнам колку се пушачи од вас што делите вака совети во стил само јака волја, цврст карактер и ќе се откажете, јас сум цврст карактер бе, еве ги имам откажувано по 3 месеци и пак после.

Знаеш кога ќе ги откажеме, кога ќе ни дојде у газот у глава, срцеви проблеми, хроничен бронхит и тако даље.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Ќе се откажеш кога ќе ти се случи нешто драстично или кога ќе немаш пари да го финансираш твоето хоби.
Тоа се деси со нашите родители кој пушеа цело време и им рековме ако пропушите пак,ние не влагаме тука.
И ден денешен не пуши мајка ми(татко ми почина) и ни се благодарни што така направивме.
Сепак се е до волјата и ќе се најде начин.
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
832
Поени од реакции
1.457
Абе незнам колку се пушачи од вас што делите вака совети во стил само јака волја, цврст карактер и ќе се откажете, јас сум цврст карактер бе, еве ги имам откажувано по 3 месеци и пак после.

Знаеш кога ќе ги откажеме, кога ќе ни дојде у газот у глава, срцеви проблеми, хроничен бронхит и тако даље.
Што значи пак прашање на волја или избор :) Кога ќе го споредиш позицијата во која си сега и хипотетичка во која имаш некаква болест, проблеми како тие што ги наброја суштински не ти се менува ништо, ти пак не си физички оневозможен да пушиш цигари, само мајнд сетот ти е поинаков. Ако би го направил тоа во вториот хипотетички случај, зошто да не и сега. Прашање на што освен на волја би било. Дека треба ем цврста волја и истрајност, дека не е лесно, не е. Веројатно зависи и кој колку страствен конзуматор е. На пример член од семејството ги има откажано пред повеќе од дваесет години и одтогаш нема запалено ниту едно цигаре. :)

Ќе се откажеш кога ќе ти се случи нешто драстично или кога ќе немаш пари да го финансираш твоето хоби.
Тоа се деси со нашите родители кој пушеа цело време и им рековме ако пропушите пак,ние не влагаме тука.
богами драстична мерка :) на моите ако им речам така ќе ми одговорот нешто во стилот па не влагај спиј надвор :LOL:
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Дали си видел како се одгледува денес тутунот ме интересира како прво?
Јас како производител на тутун и тоа доста големи количини ќе ти објаснам накратко па процени самиот колку е тој тутун здрав да го пушиш и органски
1. откако ќе никне се прска едно 8-10 пати до расадување (некаде во месец-месец и пол)
2. после расадување му се удира пак прскање против перваспора, превенција од вошка и други болештиње и + течно ѓубриво за да расти повеќе ( а друго ѓубре и уреа му лупаме пред да го расадиме, после орање на нивата и тн
3. Годинава конкретно имаше тутунски вошки во изобилие, јас го испрскав тутунот само од вошки при што му додавав и билки за од пламеница и такви срања 4 пати меѓу кои некаде 7 различни билки кои спаѓаат строго во 1ва и 2 група на отрови
за другата билка не се разбирам така да тоа е на тебе, а и да процениш колку е здрав тутунот ти и било кој кој го конзумира тука :)
Затоа сам ќе си го одгледуваш за домашна употреба во мали количини доволни за тебе и твоето семејство (доколку се пушачи нормално). Еден куп луѓе познавам кои си имаат приватни бавчички и одгледуваат здраво, непрскано органско овошје и зеленчук кое не го продаваат туку е само за нивна лична консумација.

Поентата е дека конкретно не е толку штетен самиот тутун како билка/растение, колку што е штетно денешново конвенционално одгледување на истиот (куп прскања со гунгициди, пестициди, инсектициди, ѓубриво за поголем раст, гмо тутун итн итн.).

Плус при преработка на веќе исушениот тутун има се ставаат еден куп (во повеќе од една студија се вели околу 500 хемкалии) за подобрување на вкусот, мирис, боја, споро горење....

Па сега види ти дали тутунот е штетникот тука или лошото одгледување и преработка на истиот! ;)
 
Член од
21 август 2013
Мислења
2
Поени од реакции
1
Јас го читав прирачникот баш во тој период кога ги оставав цигарите , има корисни совети во врска со храната која треба да се конзумира и се е жива вистина како и стотици други совети кои ќе ги најдете на интернет. Искрено освен вољата ништо друго не можи да ви помогни :)
И не се лажете дека пушите за да не се здебелите јас ни грам не се поправив откако прекинав со оваа гнасна навика :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Откога ќе ги турне нешто посериозно мнозинството се решаваат да ги остават. А уште поголемо прашање би било зашто почнале...
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Затоа сам ќе си го одгледуваш за домашна употреба во мали количини доволни за тебе и твоето семејство (доколку се пушачи нормално). Еден куп луѓе познавам кои си имаат приватни бавчички и одгледуваат здраво, непрскано органско овошје и зеленчук кое не го продаваат туку е само за нивна лична консумација.

Поентата е дека конкретно не е толку штетен самиот тутун како билка/растение, колку што е штетно денешново конвенционално одгледување на истиот (куп прскања со гунгициди, пестициди, инсектициди, ѓубриво за поголем раст, гмо тутун итн итн.).

Плус при преработка на веќе исушениот тутун има се ставаат еден куп (во повеќе од една студија се вели околу 500 хемкалии) за подобрување на вкусот, мирис, боја, споро горење....

Па сега види ти дали тутунот е штетникот тука или лошото одгледување и преработка на истиот! ;)
Добро утро. Ако ме разбра погоре и јас ти објаснив зошто да не се пушат цигарите поради неговата обработка и начин на одгледување. А за дома, може сади никој не те брани, јас за дома си садам бавча и не прскам ниту домати, ниту пиперки ниту ниш и вештачко ѓубриво не му тураме туку строго со гној.
Инаку имав до пред извесен период пушач дома, животот го посветив да го учам да ги остави цигарите али не ме слушаше за на крајот од нив и да замине и да ме остави во оваа ситуација во која што сум да не знам кој пат да го фатам.
А билката на аватар што ти е, сум ја пробал лично неколку пати и сум против неа. Не навлегувам дали е корисна или штетна туку дека со неа не е ист никој кога ја конзумира. Имам колега на работа кој е 24 сати на ова срање и се чудам како го трпи газдата уште, бидејќи нон стоп касни како на работа, така и со извршување на обврските.
 
Те сфатив убаво и мило ми е што се слагаме за разликата помеѓу комерцијалното одгледување/производство и домашното. Затоа признавам само во домашни квалитетни услови и исклучиво за домашна употреба.
Истото важи и за билката (конопот) ставен на мојот аватар... ;)
 
Член од
16 јуни 2013
Мислења
12
Поени од реакции
19
Ако ме разбра погоре и јас ти објаснив зошто да не се пушат цигарите поради неговата обработка и начин на одгледување.
Комерцијалната Nicotiana мислам дека е хибрид, ја нема во природата. Нека ме поправи некој ако грешам.
Те сфатив убаво и мило ми е што се слагаме за разликата помеѓу комерцијалното одгледување/производство и домашното. Затоа признавам само во домашни квалитетни услови и исклучиво за домашна употреба.
Истото важи и за билката (конопот) ставен на мојот аватар... ;)

Те прашувам како човек што има поголемо знаење за растението(по твоето име и сликата).

Не се разбирам многу во билки сеуште, но да те прашам, од каде ти е семето? Јас планирам да си садам, пошто марихуаната е многу потентен лек. Сега сеуште немам услови, но во иднина. И дали има хибридни видови или е една?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
59
Поени од реакции
22
Да ја освежам темава малце..

Имено, почнав во трета средно чисто ради љубопитност, кон четврта престанав поради тоа што ми помина кефот а и не сакав да и сметам на мојата бивша девојка која што беше непушач. Едноставно пушев но не секојдневно. Ко почнав на факултет почнав со активно пушење. 3 години после тоа станав апла активен пушач, односно исти пушач но веќе со 3 годишно искуство (двете предходно беа кога-како односно не се декларирам како активен пушач). Посебно во период ко навлегов вобизнис, трчање по клиенти, па добри нервози, печалба и слично станав врвен во овој спорт. Некогаш поминував и по 2 кутии, но никогаш помалку од една Уште една година после продолжив со тоа темпо и забавив на некој си 15-20тина цигари на ден.Кога повеќе кога помалку. Избегавав да пушам дома, но последно време си набив и таква глупа навика да неможам да заспијам без да испушам цигара пред спиење.

Пред скоро пет дена (пет дена без неколку саати) добив „луда„ идеја од девојка ми: зошто не пробам да ги оставам? Ко ми го спомна тоа, само се насмеав. Во смисла, што вака наеднаш? Додека возев на кај дома си купив кутија. Вечерта ја резервирав за работа со мојот сеуште активен клиент. Несвесно во тие 6 саати испушив една кутија цигари, и се` беше во ред, додека не забележав дека ја пушам последната цигара од таа кутија. По помислата ми се слоши и буквално повратив. Од тогаш поминаа 5 дена без цигара. Вчера имав добра криза, и благодарение на добра пријателка не ми дозволи да запалам. Денес возев повеќе од пола ден по обврски и едноставно ми прелета денот. Неверувам дека ми поминаа кризите за секогаш, но знам дека сум на добриот пат.

Нема потреба да се повторам со стотиците постови на темава, дека единствено е потребна добра воља. Нешто што може да ја зајакне таа воља е гледање на некој документарец за цигарите, анти пушачки реклами на youtube, па дури и некој мотивациони в-логови од пушачи кој се на истиот ден со тебе (Quitting Smoking - day 4-5-6-7...). Исто така на вечер Quit Smoking With Self Hypnosis на youtube или слично знае да ги намали вечерните кризи и да ти ја зајакне довербата. Прочитав на темава на неколку пати се спомна дека кафето не е исто со и без цигара. Не би искоментирал за тоа. Иако во моментов не сум пушач, морам да признам дека ми фали цигарата со кафе. Заради тоа преферирам чај или салеп последниве дена.
Од финансиска гледна точка глупаво е да разговараме за бенефитот од одкажување на цигари. Последниве 5 години пушев бос лајт. На долгорочно ниво и те како е исплатливо.
 
Член од
21 октомври 2013
Мислења
150
Поени од реакции
320
Најлесно е цигарите да ги откажеш. Рас-рас.Ако одиш со пресметки и планови, кутијава да заврши, ај ке намалам само со кафето ке чурам, така не се остава. Му доага ко грицкање нокти. Ај ке ги растам, па после само малото прсте го касапиш да не се откажеш скроз од порокот ами постепено. Ми се деси ситуација да морам да не пушам,сосила да ги откажам. Два дена не пушев абе прекрасности. Ама не издржува пусто срце тутунско и си побара цигарче. Погнасна навика нема,а ова електронскиве срања мижи Митро тулумби врнат. Или се сече од корен или ништо.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
75
Поени од реакции
17
Форумџии, кој сакат од вас да непушит требит да ја прочитат книгата од Allen Carr, Незнам дали ја имат на Македонски но за многу од вас не е проблем. Книгата е мала но многу вредна во Берлин коштат 8 до 10 е.
Прочитајтеа па после кажите. Ви посакувам успех.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom