Како да го подготвите автомобилот за првомајското патување?!

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Првомајските празници се ближат, па многумина планираат да патуваат со автомобил на излет или на одмор.
Вистинската подготовка за патувањето подразбира и детална проверка на состојбата на автомобилот, доколку не сакате возењето да ви се претвори во кошмар.

Ние ви предложуваме да ги проверите основните, но и клучните точки на автомобилот, пред да тргнете на пат.

Гуми

Според некои истражувања, најмало внимание им се обрнува на гумите од автомобилот – само 10 отсто од возачите редовно го проверуваат притисокот во пнеуматиците. Премногу напумпана, недоволно напумпана или оштетена гума, може да биде многу опасен проблем во возењето.

Со растењето на температурата, расте и притисокот во пнеуматиците, а поради тоа им се препорачува на возачите редовно да го проверуваат притисокот во гумите и да се потрудат да ги одржат во идеална мерка.

Недоволно напумпаните гуми се шират од страните и на тој начин го зголемуваат притисокот, а пренапумпаните пнеуматици имаат помалку допирни точки со патот и предизвикуваат нестабилност кај возилото. Никако не треба да се заборави проверката на притисокот и шарите на резервната гума.


Масло

Проверката на нивото на маслото пред тргнувањето на патување е повеќе од задолжителна. Оваа течност ја одржува работата на моторот и ги прави неговите делови чисти, мазни и студени.

Не треба да се заборави дека маслото кај повеќето автомобили се менува после 10 илјади поминати километри, иако експертите препорачуваат промена на маслото и на 5 илјади километри, или на секои три месеци.


Црева и ремени

За да остане студен моторот од автомобилот, потребно е да се провери состојбата на цревата и ремените. Цревата кои се на ладилникот, помагаат во циркулирањето на течноста за ладење низ моторот, а додека ремените го стартуваат вентилаторот кој овозможува ладење на системот.

Доколку цревата или ремените се напукнати, тоа ќе го прегрее ладилникот и автомобилот за брзо време ќе престане да работи. Цревата мора да бидат цврсти и никако не смее да се свиткаат, а ремените не смеат да се двојат на повеќе слоеви. На секои 60 илјади поминати километри, се зголемува опасноста од оштетени ремени.


Филтер

Во текот на зимата, филтерот за воздух може да се затне од солта по улиците, а така се зголемува трошењето на горивото дури и за 10 отсто. Филтерот најчесто треба да се менува после 20 илјади поминати километри, но тоа зависи и од патот и од временските услови по кои се вози. Доколку филтерот е премногу валкан, потребно е уште веднаш да се замени, бидејќи не е премногу скап.


Ладилник

Оптималната работна температура на моторот со внатрешно согорување е околу 93 степени. Промената на разладувачката течност мора да се прави најмалку еднаш во две години.

Доколку се појави бразда од разладувачката течност, веднаш паркирајте го вашето возило, бидејќи дошло до чадење од ладилникот. Во тој момент, неопходно е да го однесете ладилникот на сервис, за да се провери состојбата на разладувачкиот систем.


Акумулатор

Најдобриот начин за одржување на акумулаторот во оптимална работна состојба е неговото чистење. Кога ќе ја чистите целата негова површина, треба да внимавате на тоа дека тој е прицврстен и дека сите поврзани места се обезбедени. Ако возачот се посомнева дека е преполнет или дека многу брзо се празни, треба да го однесе на сервис каде што ќе се провери неговата состојба. Вистинското време за промена на акумулаторот е различно за секој тип автомобил.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Секој што регуларно учел и полагал за возачка дозвола ги знае основните работи

Работната температура од 93 степени не е многу голема.
Менувањето на антифриз на 2 години е сервисна односно трговска далавера. Минимален рок на употреба е 5-7 години
Масло за мотор имаш со разни квалитети и карактеристики.Ако ставам масло за мотор кое се препорачува да се смени на 10к јас го менувам максимум на 6000к
Ладилникот не се прегрева,моторот се прегрева и затоа перките вртат турбо.
Празен акомулатор а добар и јак алтернатор(100-200 Ah)го полни акомулаторот целосно за 15-20 минути возење,нормално без потрошувачи.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Како да го подготвите автомобилот за првомајско патување, во 3 лесни чекори:

- Тураш скара, месо и доволно пијачка за во текот на денот.
- Земаш нешто за седење (маса, столчиња за на плажа, евентуално церада/шаторско)
- Одиш до местото за излет.

VOILA.

Ако го правите ова за секои изминати 200 км, алал да ви е. Јас најчесто кревам хауба за да дотурам течност за прскање во брисачите.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.995
Поени од реакции
10.669
налет излет и све коа ке треба што се вика ремонт на колата да и направам :D поарно дома скара ке праам ебате..
 
D

dbt

Гостин
Вода (антифриз), масло и гуми задолжителна проверка. Ремени, филтри... ремонт на колата, НЕ. Толку од мене.:D

И нормално скара, столици и луѓе за дружење сам не се оди по ливади :unsure:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom