Како го разбирате светот?

S

smart ass

Гостин
Јас не трчам по пари , и не газам по лешеви за пари .
Не викам дека не сакам да ги имам , ама има многу побитни работи во животот освен пари .
Движечка енергија во светов е љубовта , а таа не се купува со пари .
И јас...ма и не ми се фини ова париве..хартија е тоа OCB е пофино:)

Туку љубовта е хемиски процес.


Светот е налик светлината т.е има свој спектар па така и посебни "бои" но штета алтруистичката е како белата....па така и "објектите"... скоро и не се загреваат...за разлика од останатите а екстремот е црната.

Маестрален е животот на човекот но и неговата перцепција како и влијанието од околината...

There is no success nor failure ..but only point's of view...and mostly of them are the warmer point's of view.

Од друг аспект гледано мноооогуу сложен систем кој сеуште не го познаваме добро...ама ентропија сепак има и тоа природна т.е истата креирана од системот.

Дали истата води кон стабилност на системот не знаеме..но можноста останува да истата да има цел негова "реинкарнација".
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Татко ми кога бев мала ми кажуваше приказна која тогаш не ја разбирав.Го прашале стогодишен старец што разбрал тој од животот за толку години поминати на земјата.Човекот не знаел што да им одговори.На крајот им рекол ,еден живот е малку за човек да разбере,човечкиот живот е премногу краток.Како помала си викав 100 години малку???Но како поминува времето постојано си го потврдувам тоа.А тоа се должи на фактот што светов е полн со контрасти и изненадувања.Таман мислите сте научиле нешто ,грешка сте има нешто ново,или вашето знаење еволуирало до ново ниво,вашето размислување е поинакво зашто духовно, емоционално и интелектуално сте напреднале.
Зрелоста е прашање на годините,навистина е така ,зашто случките кои ги доживувате вообичаено има периоди кога по правило се случуваат.
Како го разбирам светот?Кој вели дека треба да се разбере,одговорот на ова прашање го ставам под ист кош со прашањето на настанокот и дефиницијата на љубовта,зашто е прашање на себеспознание.Како го разбирате светот зависи од вашиот развој и вашите очи.
Кога подобро ќе подразмислам го разбирам како хаос и ред колку и да се спротивни меѓусебно.Хаос заради човечката разузданост на секое поле, а ред заради моралот кој не одржува да не се свртиме секој против секого.
Но можеби ќе станам и јас оној старец кој ќе рече дека еден живот е малку за да се разбере толку комплексна работа.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
115
Поени од реакции
6
Светот го разбирам како...театарска сцена каде глумците сме ние, доаѓаме на светот, живееме и си одиме. Тоа е место каде сме дојдени на гости, треба да има почит ни сега се повеќе се практикува она „јади или ќе бидеш изеден“.
Светот е место каде доаѓаме на одреден период да го покажеме она што го умееме.
 

Hatred

save.exit.planet
Член од
17 мај 2010
Мислења
83
Поени од реакции
4
kako go rabiram svetov? Kako eden ciklus na zemanje i vrakanje. Roden si - dadeno ti e. Umriras - go vrakas nazad.
премногу аватар :D...ја светот го глеам како екскурзија..дали ќе си поминеш убаво или бедно од тебе зависи..зошто работа? зошто пари? зошто власт? разбирам криминал дека ќе постои..анархија не оправдувам..ама ако сите имавме малце разум у тоа мозокот шо не го користиме ни пола од пола сеа сите ќе си лежевме со девојките/дечковците на ливада дуинг дрти тингз ќе слушавме музика ќе работевме 200 души на 2 мекдоналдси и ќе имавме да јадеме убаво..здрава храна?..доволно ќе биде шо никој нема кола да вози па сите ќе се шлаевме пешки и ќе разгледувавме наоколу сретнувајќи рандом луѓе и дознавајќи нови карактери како авантура што никогаш не завршува...да ти е мерак да умреш..така го сваќам светот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom