Како ви се допаѓа инфлацијата?

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Дали има некој релевантен доказ дека бордот на НБРМ во последно време ја посетил планетата земја која би вклучувала и мачна но сепак неопходна туристичка прошетка низ Македонија?

На нивниот интересен веб сајт можете да се информирате за интересни чудесии и мистерии,а една која на некој чуден начин се презентира како факт е 1,5% инфлација,проектирана на годишно ниво за 2010.



Дали поскапувањето на сите можни малопродажни артикли вклучително и храната која ја гледаме со свои очи не е на некој за нас,неуките, мистериозен начин поврзано со пуштање во погон на пресата за пари? :vozbud:

Дали тоа значи дека не треба да им веруваме на петте сетила,а да го активираме шестото,третото око,телепатијата и да се поврзиме со небесната мудрост и да заклучиме дека поскапувањето на храната,енергенсите и малопродажната роба не се смета за инфлација?

Или сепак се е до перцепцијата,од која страна на државната цицка се цица млекото?

П.С.
Обврски во:
домашна валута 10,00 %
домашна валута со валутна клаузула 20,00 %
странска валута 13,00 %
Фракшнл банкинг ризерв.....јеееееееах....ги следиме светските случувања...:vozbud:
 
Член од
2 август 2010
Мислења
100
Поени од реакции
38
Ова би требало да е на краток рок. Пред некој ден НБРМ испумпа 100 и кусур милиони од банките. Така да потрошувачката би требало да се намали. Сепак поскапувањето на лебот можеби е и од европската криза за пченка и пченица.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.126
Ако не качат плати (плус банките на узда), ако потрошувачката е контролирана како тие сакаат, нормално дека ќе си играат со инфлацијата.
Ако ова го изјавеше претставник на владата, тогаш ќе се очекуваше лавина обвинувања...али нбрм никогаш не греши, иако зелката одамна поскапе.

Да не се праам некој познавач кога баш и не сум, еве еден мал интересен текст за инфлацијата во Македонија
http://www.google.com/url?sa=t&source=web&cd=8&ved=0CCgQxQEwBw&url=http%3A%2F%2Fdocs.google.com%2Fviewer%3Fa%3Dv%26q%3Dcache%3AjkHDXzRDrrgJ%3Awww.cea.org.mk%2FDocuments%2FZABLUDITE%252520ZA%252520INFLACIJATA%252520VO%252520REPUBLIKA%252520MAKEDONIJA.pdf%2B%25D0%25B8%25D0%25BD%25D1%2584%25D0%25BB%25D0%25B0%25D1%2586%25D0%25B8%25D1%2598%25D0%25B0%2B1995%2B2005%26hl%3Dmk%26pid%3Dbl%26srcid%3DADGEESjAW6aE-zfiv-aNkezGlmLEC26X-gbStOfMRcULof82hlYoV-X2TuNTjtrdufOxjHY9IXqk0IPHekIZDjJNrO8Cf3wn87VLXg_Xfy0C3zllqr0uxpUCxWzE3yOcG5LJI0cv1ecp%26sig%3DAHIEtbQmoafPxHnfdikmhwMIuk4g3U3foA&rct=j&q=%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%201995%202005&ei=Nt2pTJOpBpGdOo2Q4MsM&usg=AFQjCNHsLc0xLxCsLzsp37DdhEXjmJQAXw&cad=rja
 
Член од
2 август 2010
Мислења
100
Поени од реакции
38
Ако ова го изјавеше претставник на владата, тогаш ќе се очекуваше лавина обвинувања
Секако, опозицијата немаше да пропушти таква нешто.:toe: Но зошто пак владата би излегла да збори за инфлација. Сепак тоа е работа на НБРМ, не на Министерството за финансии.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.126
Па мислам дека заради ова
Министерството за финансии ги почна подготовките за буџетот за наредната година врз основа на проектиран пораст на БДП од 3,5 проценти, инфлацијата да се движи меѓу 2 и 2,5 проценти, а дефицитот да биде на ниво од 2,5 проценти од БДП
Одговорноста паѓа на владата и централната банка
Во финансиската криза централните банки ја преплавија економијата со пари. Експертите стравуваат дека ќе дојде до поскапувања. Но, за ММФ прифатлива е инфлација и од четири проценти.
Исто така и Кристијан Кастроп од берлинското Министерство за финансии предупредува од лекомисленото отфрлање на макотрпно зацртаната инфлација
линк до утрински
Кој е одговорен за инфлацијата
посебно интересни се коментарите

и ради ова
Монетарната политика е дел од макроекономската политика на една земја.
Местото и улогата на централната банка во една земја се детерминирани од:

  • основните цели и функции на централната банка;
  • односите и надлежностите меѓу централната банка, од една страна, и државата (владата и парламентот), од друга, во врска со водењето на монетарната политика и
  • начинот на управувње со централната банка.
Да не должам -Таки Фити -Економија и основи на економија...пљус има овде струњаци што може да објаснат повеќе, ја не се разбирам, но гледам изјави и прес на влада и нбрм.


Туку батали тоа кој е одговорен...мене исто ме занима ова
Дали поскапувањето на сите можни малопродажни артикли вклучително и храната која ја гледаме со свои очи не е на некој за нас,неуките, мистериозен начин поврзано со пуштање во погон на пресата за пари? :vozbud:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716
и пак груевски не е крив и неговата политика... а инаку беше министер за економија ако не се лажам... значи експерт бил да ти ибам експертот...
 
Член од
2 август 2010
Мислења
100
Поени од реакции
38
Местото и улогата на централната банка во една земја се детерминирани од:

  • основните цели и функции на централната банка;
  • односите и надлежностите меѓу централната банка, од една страна, и државата (владата и парламентот), од друга, во врска со водењето на монетарната политика и
  • начинот на управувње со централната банка.
Точно, но работите кај нас за жал се обратни. Министерството за финансии и НБРМ моментално работат неусогласено.
 
S

smart ass

Гостин
[/LIST]
Точно, но работите кај нас за жал се обратни. Министерството за финансии и НБРМ моментално работат неусогласено.
Апсолутно си во право за една економија колку толку да ја "припитоми" стапката на инфлација(канцер на економијата ја нарекуваат) НЕОПХОДНА е координација помеѓу ФИСКАЛНАТА политика(то е буџетско трошење,фрлање пари за наколни населби и лавој) а втората мерка е МОНЕТАРНАТА политика која ја користи задолжителната резерва есконтната стапка емисијата на обврзници и сл.

Но би напоменал дека лично мислам дека инфлацијата е далеку поголема од ОФИЦИЈАЛНО прикажаната и секако има и други фактори кои влијаат врз цените пример наједноставен се скапите комуналии понатаму ЕКСТРЕМНО скапата струја кои имаат влијание на продажната цена.

Мора македонија енергетски да се стабилизира инаку...тешко нас:toe:

--- надополнето ---

Д
Н

Дали поскапувањето на сите можни малопродажни артикли вклучително и храната која ја гледаме со свои очи не е на некој за нас,неуките, мистериозен начин поврзано со пуштање во погон на пресата за пари? :vozbud:
1.5% па јас сум од јупитер ебаго:pos2:

Мислам дека употребени се статистички методи кои сега се нењсоодветни.(во пресметка влеваат основни трошоци,домување прехранбени артикли..)

Инаку не верувам да се штампаат пари бидејќи во пазарна економија и парата е стока па така ќе падне нејзината вредност или во превод на краток рок ќе се зголеми извозот оти порано за 1000 евра странците добиваат 60 000 денари а пак со нова емисија ќе добијат 70 000 на пример ова зголемување на извозот е краткорочно и има негативни последици врз економијата,имено Количината на Пари во ОПТЕК мора да се одржува барем приближно со количината на стока т.е финални производи,моментално проблеми имаат малите и средните претпријатија ама....:toe:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Апсолутно си во право за една економија колку толку да ја "припитоми" стапката на инфлација(канцер на економијата ја нарекуваат) НЕОПХОДНА е координација помеѓу ФИСКАЛНАТА политика(то е буџетско трошење,фрлање пари за наколни населби и лавој) а втората мерка е МОНЕТАРНАТА политика која ја користи задолжителната резерва есконтната стапка емисијата на обврзници и сл.

Но би напоменал дека лично мислам дека инфлацијата е далеку поголема од ОФИЦИЈАЛНО прикажаната и секако има и други фактори кои влијаат врз цените пример наједноставен се скапите комуналии понатаму ЕКСТРЕМНО скапата струја кои имаат влијание на продажната цена.

Мора македонија енергетски да се стабилизира инаку...тешко нас:toe:

--- надополнето ---



1.5% па јас сум од јупитер ебаго:pos2:

Мислам дека употребени се статистички методи кои сега се нењсоодветни.(во пресметка влеваат основни трошоци,домување прехранбени артикли..)

Инаку не верувам да се штампаат пари бидејќи во пазарна економија и парата е стока па така ќе падне нејзината вредност или во превод на краток рок ќе се зголеми извозот оти порано за 1000 евра странците добиваат 60 000 денари а пак со нова емисија ќе добијат 70 000 на пример ова зголемување на извозот е краткорочно и има негативни последици врз економијата,имено Количината на Пари во ОПТЕК мора да се одржува барем приближно со количината на стока т.е финални производи,моментално проблеми имаат малите и средните претпријатија ама....:toe:
Интересно е која е улогата на вечниот трговски дефицит и кој се крсти во него,за да опстане системов каков што е,а кој што го имаме 19 години...сега колку дојде накај милијарда долари ако и повеќе...

Нема инфлација и не се штанцаат пари?
Колку била паричната маса еве...средина на деведесетите кога фабриките работеа и сеуште имаше некоја реална економија,а не префрлање од шупливо во празно?
Кога беа 50.000+ а не 200.000 на платен список?
Значи имаме бдп на ниво од пред 25 години а за исто време зголемување на паричната маса..за колку пати (најмалку 3 а можеби и 4,5 пати).

Паричната маса е зголемена тројно а бдп-то не може да дојде на ниво на 1990!?

И нема инфлација...хехеххе....цените се наголемени тројно како што се и парите во оптек во последниве 13-14 години...
А финални производи се паразити на државна цицка кои прават најголем обрт на средства т.е реална економија има малку...
Денарот паѓа во однос на сите можни валути освен еврото со кое е врзан на политичка основа како дел од државната монетарна политика а во реалноста...подобро да не знаеме која му е вредноста...:nesvest:

За статистиките со потрошувачка кошница...веројатно биле правени према правилниците за хранење и облекување логораши во Треблинка, соодветно хигиенските услови (према кошницата доволно е да се нема тифус...) и социјален живот кој исто така према таа статистика добиена од нашите ценети економисти кореспондира со логорскиот...
Дефинитивно не слегле од вселенскиот брод “HMS Government payroll“ и не ја посетиле планетава сосе Македонија затоа имаме извештаи дека на 4-члено семејство му биле доволни 600 грама кашкавал месечно и дека немало инфлација при зголемување на паричната маса за 3-4 пати,вештачко и грчевито држење на курсот на еврото при скокање на сите валути за 10-15 денари во период од 1-2 години и дека цените шо ги гледаме дека растат постојано е резултат на некоја мистериозна,непозната сила...

Хиперинфлација is coming?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
јас ја сакам инфлацијата и одвај чекам да почне па да гледам како ми расти платата, од 28.000 на 280.000 па 2.800.000 па 28.000.000....
 
Член од
2 август 2010
Мислења
100
Поени од реакции
38
Мора македонија енергетски да се стабилизира инаку...тешко нас:toe:
Точно. Сега разговараа нешто околу енергетска либерализација на Македонскиот пазар и демек поскапувањето на струјата било некаков парадоксален ефект на краток рок :tapp:

За влакно се спасивме од рецесија. Есенва демек ќе се почуствувал некаков стопански минимален пораст и демек ликвидноста ќе тргнела од лер. Стопанската комора испрати огромен број на критики кон Ставре и владините проекти околу Ск 2014. Градиме турбо споменици односно инвестиција без поврат а стопанството иде 1 чекор напред 2 назад. Кредитите одвај некако ги олабавија но не е тоа тоа. Владата влече обврзници исто и НБРМ. Како ќе тргне ликвидноста кујзнае :toe:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
јас ја сакам инфлацијата и одвај чекам да почне па да гледам како ми расти платата, од 28.000 на 280.000 па 2.800.000 па 28.000.000....
Убај времиња доаѓаат...
Сите ќе станеме милионери...а после и милијардери....:vozbud:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Шансите за ова да се случи се еднакви на шансите во 2012 светот да се распадне. :)
Жими Роберт Мугабе, и шансите Титаник да потоне биле помали од тие дека ќе избие светска војна...во тие времиња...

а одвај чекав милијардер да станам...аххх...беља....ццц...:pos2:

--- надополнето ---

П.С. Дали има можност се распише петиција Роберт Мугабе да дојде на место гувернер на НБРМ по заминувањето на Гошев...чоекот има богато искуство со инфлацијата,знае,умее,го бидувааааааа....:vozbud:
Штета шо нема државјанство...ама и за тоа има чаре...
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Жими Роберт Мугабе, и шансите Титаник да потоне биле помали од тие дека ќе избие светска војна...во тие времиња...

а одвај чекав милијардер да станам...аххх...беља....ццц...:pos2:

--- надополнето ---

П.С. Дали има можност се распише петиција Роберт Мугабе да дојде на место гувернер на НБРМ по заминувањето на Гошев...чоекот има богато искуство со инфлацијата,знае,умее,го бидувааааааа....:vozbud:
Штета шо нема државјанство...ама и за тоа има чаре...
Види, ние како земја сме водечки по бројот на Нострадамуси кои што предвидоа хипер-инфлација во последниве 10-тина години. Мислам дека во Гинис треба да не стават. Али знаеш како иде тоа: кучињата си лаат, караванот си тера. Ти како искусен предвидувач на економските појави слободно чувај си ги своите заштеди во девизно орочени депозити(еуро) и земај си камата од 4 до 5%, а ја ке си продолжам да ги чувам во денарско орочени депозите и ке си земам камата од 8 до 10%. Ке се зачудиш колку повеќе се збогатиле оние кои ги чувале парите во денари во последните 15-тина години. Ама ако, ми се допаѓа што постојат плашила кои ги одвраќаат граѓаните да си ги чуваат парите во денари. Токму таквите плашила се една од причинати за каматата на денарите да е толку висока. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom