Какви мистерии крие Македонија?

Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Планината Кожув

Планината Кожув е полна со мистерии. Треба ли веднаш да се каже дека рудникот Алшар, на планината Кожуф кај Кавадарци, во изминативе години и децении е веќе доволно истражен за да се донесат релевантни научни заклучоци: во него во изобилство ја има талиумовата руда лорандит, која е природен детектор на "неутрино", честичка која од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди. Со други зборови, тој единствено ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото на Сонцето.


Лорандитот најмногу ги преокупира светските научни кругови, бидејќи станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија и можеби уште во Шри Ланка.
Лоцирани се 32 минералa на талиумот, од кои 17 единствено ги има во Алшар.
Во него, исто така има и злато (некои тврдат околу 20 тони, чија вредност се проценува на околу 150 милиони евра), потоа антимон, хром и бакар.
Денес постои само едно отворено окно, кое се наоѓа на 25 метри во планината. Ходникот е долг 300 метри, а постои и вертикален за вентилација.
Постојат легенди за минералот лорандит кои се поврзани со Александар Македонски. Наводно, тој прв ја открил неговата моќ, па неговата фаланга ги премачкувала своите штитови со овој минерал. Во битките, кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток, се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Со тоа и се поврзуваат успесите на Александар. Тоа, пак, се поврзува и со изгравираното сонце на нив, она од Вергина, па оттаму и култот на Македонците спрема Сонцето.[SIZE] Легендата не е начуно потврдена, само се знае дека рудникот Алшар бил активен и во антиката. Имено, при ископувањата во минатиот век се најдени рударски алатки од античкиот период, што е непобитен факт дека тогаш бил активен.
Приказните за неверојатната моќ на лорандитот во своите уметнички дела ги прикажува и академскиот сликар Ацо Станковски, кој режираше и филм.




Алшар не беше на Селечка???....:)
 

skywallker77

realen pragmaticar
Член од
1 октомври 2009
Мислења
223
Поени од реакции
28
Siguren sum 100%deka cela nasa zemja krie mn. misterii i od tuka proizleguva zelbata na nasite sosedi t.e opsesijata so nesto sto ne e nivno a uste pomalku go zasluzuvaat.MAKEDONIJA
 
S

smart ass

Гостин
добредојде на форумот.

пријателе не е до мистерии имаме историја...континуитет а они немаат затоа бугари и грчишта се палат.

сори 4 оф топик:smir:

Алшар не беше на Селечка???....:)
Алшар сепак е рзичен,имено има арсен...доста токсичен!!!

а лорантидот е приказна за самиот себе има тема мислам.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
165
Поени од реакции
19
немам што друго да кажам освен супер тема, и артикли, напиши уште некоја ваква реткост македонска баш сум заинтересиран.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
За мене најголема мистерија поврзана со нашата држава е:
Како е можно сите да крадат и пак да остане нешто што е доволно вредно?
 

skywallker77

realen pragmaticar
Член од
1 октомври 2009
Мислења
223
Поени од реакции
28
добредојде на форумот.

пријателе не е до мистерии имаме историја...континуитет а они немаат затоа бугари и грчишта се палат.

сори 4 оф топик:smir:



Алшар сепак е рзичен,имено има арсен...доста токсичен!!!

а лорантидот е приказна за самиот себе има тема мислам.

Nema nesto sto ne gi interesira vklucuvajci gi i misteriite i istorijata koja ja napravija misteriozna so nivnite okupaciski idei,a ako zboruvame za misterii ne e samo alsarot ima i pesteri i slucki i unikatni misteriozni vidovi sto gi ima samo ovde vklucuvajci i lugje.
 
S

smart ass

Гостин
Nema nesto sto ne gi interesira vklucuvajci gi i misteriite i istorijata koja ja napravija misteriozna so nivnite okupaciski idei,a ako zboruvame za misterii ne e samo alsarot ima i pesteri i slucki i unikatni misteriozni vidovi sto gi ima samo ovde vklucuvajci i lugje.

болдот ти е точен...нема две индивидуи со тотално иста ДНК...дури и клоновите со тек на развојот ќе имаат промени.

а инаку да пештерите се релативно неистражени но и се туристички потенцијал има специфични минерали.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Ова што го најдов не се мистерии ама се интересни факти што би требало секој македонец да ги знае.

1. Прва зоолошка на Балканот - е во Скопје.

2.
120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години
(а ние за малце ќе ги потопевме со вештачко езеро...)

3.
Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер Скопска Црна Гора
Во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на Титаник. Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод, со господа, кој не го пуштиле.
Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се вратил по преживеани.Спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.


4.
Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец..
Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објави во весникот Нова Македонија и денес истата е химна на Арапскиот свет.


5.
Според НАСА, Кокино е 4 на листата најстари опсерватории во светот...
Останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia.
Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.


6. Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век.

7. Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха.
Во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години,
а човекот од егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија, кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост.
Со пронајдокот од Егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот,особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека, тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок!

8. Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична како измислените пештери во филмот господарот на прстените.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.689
Поени од реакции
4.825
Опсерваторијата Кокино е на дедо ми :pos2:,т.е. целиот тој имот во кој спаѓа и опсерваторијата и таа мала трошна куќичка во близина на камењата(опсерваторија)се на негово име ,како дете живеел во Кокино до опсерваторијата и како единец на него му припаѓа местото сега.:toe: НАЈсериозно
 

v140

giallorosso
Член од
26 август 2009
Мислења
191
Поени од реакции
5
Исто така имам слушнато дека и на Велешкото езеро некаде кај браната имало големи сомови кои биле неподвижни и само шмукале храна :)


аха и у велешково има сомови кој се не подвижни и лежат кај браната и само шмукаат ...
пред може 5 години имаше нуркачи од хрбадска мислам дека беа гоемити да ја измерат длабочината на езерово и коа ги здогледале одма испаднаа и рекоа дека е опасно да се нурка таму :toe:
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
158
Поени од реакции
9
Незнам дали некој слушнал за пукотниците и гласовите во Мариово.
Се верува дека потекнуваат уште од 1.С.В.
Јас бев во Мариово,не слушнав ништо но само затоа што не бев на тоа место,но затоа мојот наставник по историја бил и тие звуци биле многу морничави.
 

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
83
и самото име МАКЕДОНИЈА мистерија. пишете во google translate "world od mother" и преведетего од англиски на хинди јазик и слушнете како се изговара
МАКЕДОНИЈА
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
и самото име МАКЕДОНИЈА мистерија. пишете во google translate "world od mother" и преведетего од англиски на хинди јазик и слушнете како се изговара
МАКЕДОНИЈА
Не разбирам можиш да образложиш?
 

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
83
ке идеш овде
http://translate.google.com/#en|hi|world of mother
и ке избереш превод од англиски на хинди јазик, па потоа ке кликнеш на ПРЕВЕДИ и од десна страна ке кликнеш на СЛУШНЕТЕ
вклучи го звучникот на компјутерот и ке слушнес што значи преводот кога ке биде изговорен
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
ке идеш овде
http://translate.google.com/#en|hi|world of mother
и ке избереш превод од англиски на хинди јазик, па потоа ке кликнеш на ПРЕВЕДИ и од десна страна ке кликнеш на СЛУШНЕТЕ
вклучи го звучникот на компјутерот и ке слушнес што значи преводот кога ке биде изговорен
Ок процедурата ама не ми е јасен изговорот, неможам да сватам шо кажвит жената? то образложи
 

Kajgana Shop

На врв Bottom