- Член од
- 3 јануари 2021
- Мислења
- 2
- Поени од реакции
- 0
Кој може да каже кај се најдобрите слатки/благо во Скопје?
Апче е останато како поим за култно место ама мене слатките ми се тапа, само бозата им е сериозно добра.апче/шарлота
Зафир и Делиција ... и двете прават екстремно добри колачиња и торти.Кој може да каже кај се најдобрите слатки/благо во Скопје?
Палачинките од Milky или благиот врап од White horse, некој добри благи, не бас слаткари.апче/шарлота
Во Малага скоро пробав благо, не ги бива.Истражував и јас едно време. Особено што сум љубител на благото.
Реално пазарот ни е преплавен со многу лоша роба, се оди на масовно производство без квалитет. Незнам дали пазарот ни е таков, каде народов јаде се и сешто и обилно, само да е евтино.
Па подобро ќе купам 5 слатки поубави отколку 50 лоши. Исти пари ќе се дадат.
Пример за лоши слатки се Блондина. Аман ги знам луѓево од самиот почеток кога носеа по 4-5 пакувања во Тинекс. Беа супер, но потоа удрија на масовно производство, евтина цена и најлошо од се лош квалитет.
Колачите им создаваат ќиселина, од што е толку неквалитетно
Да се вратам на темава.
Јас од тоа што имам видено и пробано, а имам речиси секаде.
би ги препорачал Ла Крем, Ако се прашувам на што прво помислувам кога станува збор за благо, тоа е
Ла КРем.
Имам одено околу 20-30 пати имаат квалитетни и вкусни колачи, а фино и педантно работат, што особено ми се допаѓа.
Луѓево со еден збор сериозно си ја сфатиле работата.
2. Кремисимо
Реално само еднаш имам отидено со гости што имав.
Немаа некој голем избор, барем не кога јас отидов.
Но тоа што го имаше беше квалитетно направено.
Исто така педантни. Би ги посетил пак да видам дали има промени
3. на трето место би ги ставил
Slatkarnica Karamela
Slatkarnica Karamela е на Facebook. Придружи се на Facebook за да се поврзеш со Slatkarnica Karamela и другите кои ги познаваш. Facebook им дава сила на луѓето да споделуваат и го отвора и поврзува...www.facebook.com
Овие се некоја слаткарница од Струмица, но носат и по локалниве маркети Индијанки и други колачи.
Вкусот многу ме потсетува на индијанките кои ги купувавме како мали пред 20 години кога одевме на летување во Дојран, би рекол сигурно 90-95% исти.
Незнам дали 20 години постои Слаткарница Карамела, но вкусот е стварно супер, и составот што го пишува е делумно ок.
Ете ако има некој од Струмица може да пише од кога постојат и нешто повеќе за нив. Дали се работи квалитетно, педантно и со каков квалитет.
Баш ме интересира ова.
Но реално малку ме одвраќа од купување цената која е ниска, и имам една мала недоверба за квалитетот. Пак ќе кажам ако има некој тука од Струмица да каже повеќе, супер би било.
4. Чоколадна Солзичка
Чоколадна Солза – Marieli Cakes Shop
marielicakes.mk
Ако не сто го пробале, обавезно морате. Почнувајќи од името, па до слатката навистина е се супер.
ги има во Тинекс, а можеби и во другиве маркети.
Мана е што фирмава има само еден вкус и цело време тој го продаваат, а тој брзо здосадува.
Е сега за лошите каде не би одел
1. Најлоши се Палма Аеродром.
Скапо, а воопшто неквалитетно. Познавам еден куп луѓе кои имале проблем со стомак откако јаделе таму. Веројатно лоши состојќи,а цени набилдани. Не вреди.
Можеби местоположбата е ок, ама слатките далеку од добри.
2. Шехерезада си се традиционално лоши. Тука со еден збор нема квалитет.
Немам отидено и сакам да одам во Малага кај Талат.
Претпоставувам дека ќе биде нешто како во стилот на Апче, или грешка сум.
Еве некој што бил може да каже.
дали вреди да посети или не?