Каде може да се најде најдобриот бургер во Скопје?

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.679
Поени од реакции
38.867
не е само да јадеш бргу него и битно е колку ти собира торбата, овие што се такмичат може да изедат по 2-3 кила храна, просечен човек јаде пола кило до кило
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.545
Побарајте го Matt Stonie на јутуб. 3 Како оние од сликата ќе изеди за 20 мин
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Добро, јасно е дека има такви фаци што одат по натпревари и за ои ова е ништо ама не е таков секој втор ропак што ќе отиде да проба само за на Инстаграм.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.844
Поени од реакции
24.280
Маркетиншки трик е, да се исили пола северен фиром дека ќе го изеде, на крај секако нема да го изеде и ќе си плати 500че. Реално, завидувам на идејава.
Многу нормално. Нов локал отворија и со добар PR и маркетинг гледаат да привлечат луѓе. Не знам зашто се напнаа толку луѓево у темава. :pos:
Иначе прав љубител на бургери и онака никогаш не би го јадел ова.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Маркетиншки трик е, да се исили пола северен фиром дека ќе го изеде, на крај секако нема да го изеде и ќе си плати 500че. Реално, завидувам на идејава.
Мене кога ќе видам олку непрактично нешто баш обратно ме брка место да ме натера да го купам.
Инаку има стока во државава што ќе го изеде за 20мин, голем број луѓе може да го изедат, ама за 20 мин само ако јадат како куче, лапни-голтни.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Никој не очекува да идеш да го јадеш, туку да збориш за тоа и ти или некој друг да иде да проба нормален бургер :icon_lol:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Никој не очекува да идеш да го јадеш, туку да збориш за тоа и ти или некој друг да иде да проба нормален бургер :icon_lol:
Епа од "нормалниве бургери“ јас се разочарав последните 2 пати, имав повеќе пати јадено и ми беа ок бургерите од Брејкинг Бед, арно ама последно месото полно рскавици, ми го дадоа со суво лепче кое од сокот на карамелизираниот ајсберг и кромид се распадна уште непочнат да јадам, благо мислиш милиброд сум купил...стандард северџански бизнис, добро почнаа ама со тек на време го заебаа квалитетот, пуста желба да се стани чорбаџија преку ноќ ;)
 
Член од
1 април 2017
Мислења
282
Поени од реакции
43
Брв прееска. Баш до Ангелковски е. 20 минути чекав за сендвич од шѕо имаше гужва. Првпат јадам кај нив и сендвичитр се одлични. Најдобри во градот.
Кај се наоѓа поточно и што е најдобро да се земе таму?
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Baking Bread кога почнаа пред година и нешто беа феноменални, со оглед на фактот што 99% работеа достава.

Не се чекаше премногу, максимум 45 минути и ми беа достсвени бургерите, за разлика од другиве. И денес релативно брзо доставуваат. Бургерите и во зима им се релативно топли, не се камен ко некои останати хајпнати конкуренти.

Нормално, на почеток кога се пробиваш во секаков бизнис ќе бидеш подобар.
Со тек на време паднаа на квалитет, имаа 300 перипетии, не работеа, сменија газда, сеа се проширија, и нормално дека нема да се снаоѓаат на почеток при експанзија. Нејсе, пак ми се cool.

Не очекувам најсјајни бургери преку достава, има разлика од in house и доставено до дома. Како и да е, бејкинг бред секогаш е добра идеја за бургери, ако сакаш да јадеш дома.

Исто и маџо, бургерите у последно време не се 1% од тоа што беа порано, иако мислам дека Baking Bread пред година и нешто (на почеток) беа дури и боље од маџо.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Baking Bread имаат голем минус од мене (за у НЛ зборам). Да ми утнат еднаш, два пати ќе разберам, гужви има, неискуство, брзање итн.. Али до сега ни една нарачка по тел. кога ја правам не е точна. А јадам многу едноставно. Јуниор со голем помфрит, сендвичот без салати/зеленчук. Празен. Абе ни еднаш не ми го погодиле. А башка тоа што хемиско не ја пере облеката кога ќе им влезеш таму..
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.819
Поени од реакции
10.966
Baking Bread имаат голем минус од мене (за у НЛ зборам). Да ми утнат еднаш, два пати ќе разберам, гужви има, неискуство, брзање итн.. Али до сега ни една нарачка по тел. кога ја правам не е точна. А јадам многу едноставно. Јуниор со голем помфрит, сендвичот без салати/зеленчук. Празен. Абе ни еднаш не ми го погодиле. А башка тоа што хемиско не ја пере облеката кога ќе им влезеш таму..
Најголемиот минус ова. Не ни помислувајте внатре да јадете и да чекате, нарачувај и бегај одма надвор. Една минута доволно е да се умирисаш цел.
 
Член од
6 август 2015
Мислења
463
Поени од реакции
769
Пред некое време јадев за прв пат во "Bаking Bread" во Аеродром. Сендвичот беше "Walter Junior".

Оценка ... 5/10. Тотално просечно.
 
Член од
1 јули 2015
Мислења
58
Поени од реакции
34
Пробав пред неколку дена од "Grand Burger" за прв пат, во Карпош. Пријатно ме изненади. "Бејкон бургер" беше, 140 денари без помфрит, солидна големина.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Најубава плескавица, лепиња, растурен батак, помфрит, само во оние минијатурнине продавнички Тетекс...превкусна и толку сочна плескавица ниту мајка ми знае да направи(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom