Исчезнувањето на пчелите

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Теориите за исчезнувањето на пчелите се повеќе - пестициди, мобилни телефони т.е нивното зрачење, космички зрачења, климатските промени, осцилациите во магнетните полиња итн... факт е дека нешто навистина се случува со нив. На форумов своевремено имаше тема за оваа појава но истата беше во несоодветен подфорум и со неговото згаснување, згасна и таа. Интересен проблем со кој се бават многу експерти, на прв поглед нема некоја голема важност, барем за оние помалку упатените, за останатите... епа свесни се за хорор иднината која би следела ако ова исчезнување продолжи со големи размери...

Последно нешто кое го читав на нет и ме инспирираше за темава:

Исплашени дека мистериозното исчезнување на пчелите ќе доведе до глад на островот во иднина, британските власти покренаа проект од 10 милиони фунти за следење на инсектите и утврдување на причината за нивното истребување.

Упатените тврдат дека исхраната на луѓето во голем дел зависи од пчелите кои се одговорни за опрашување на овошките. Доколку нема доволно инсекти кои што ќе ги оплодуваат растенијата, земјоделците нема да можат да продолжат да одгледуваат јаболка, тикви и јагоди, затоа што овошки кои не се оплодени правилно, не можат да растат правилно.


Според претходни истражувања, пчелите од Англија исчезнуваат побрзо отколку во која било друга земја во Европа, при што во последните 20 години изумреле повеќе од 20 кошници. Бројот на пеперугите и останатите инсекти исто така е во опаѓање, делумно и заради климатските промени.

Ситуацијата со исчезнување на пчелите на островот е до толку сериозна што Владата започнала проект вреден 10 милиони фунти за откривање на причината заради која исчезнуваат инсектите. Пчелите ќе се следат со мали радио-локатори за да се утврди колку далеку летаат и колку полен собираат а ќе се испитува и влијанието на комбинација на пестициди врз пчелите.

Инсектите, британската економија годишно ја чинат 440 милиони фунти. Мет Шердлоу од добротворната организација Buglife изјавил дека луѓето зависат од бесплатните услуги на дивите опрашувачи.

“Меѓутоа, опстанокот на повеќе од 250 врсти на опрашувачи на храната за нашите потомци е под закана,“ додал Шердлоу.


он.нет

можеби неповрзано, но во последниов период има појава на некои чудни мали инсекти... ситни како мравки но со крилја и со бели шари на задниот дел... касаат пеколно болно и после каснувањето се појавуваат отоци или пликови... кај секого е различно (ме каснале неколкупати и ми се направија кругови/модринки)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Не знам оти то би било алармантно?
пчелите знат да боцнат а тој шо е алергичен може и да умре од убод на пчела.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Colony Collapse Disorder (CCD) or sometimes honey bee depopulation syndrome (HBDS) is a phenomenon in which worker bees from a beehive or European honey bee colony abruptly disappear
In 2009 the U.S. reported that 1/3rd of the bees did not survive the winter. This has led to fears of a widespread 'biological disaster'.

Причини кои најмногу се посочуваат за изумирање на пчеливе се .. пестициди, генетички модифицирани растенија (Some genetically modified (GM) crops produce the natural insecticide Bt toxin), Електромагнетна радијација, климатски промени ..

Не е за потценување .. пази ова ..
They are responsible for pollination of approximately one third of the United States' crop species, including such species as almonds, peaches, soybeans, apples, pears, cherries, raspberries, blackberries, cranberries, watermelons, cantaloupes, cucumbers and strawberries.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.715
Поени од реакции
12.137
Според податоците, за последните 35 години изумрени се половина од пчелните колонии во САД.

Сеа некој ќе критикува што ги користам мислите на АА :)
It was once said by Albert Einstein that if bees were to disappear, the same would happen to man only a few years down the line. Four years down the line to be exact.
Но има голема вистина. Најголем дел од она што го јадеме е резултат на овие суштества. Доколку се прекине опрашувањето, се прекинува и ланецот на исхрана за човекот и домажните животни (кравата на пример зависи од опрашената луцерка), целиот екосистем се доведува во опасност.
Некои изумираат од вируси, а некои...во Ирак пример се исчезнати околу 90% од колониите благодарение на Заливската војна и испарувањата од нафтените полиња.

Нема кајсии, праски, крастајци...ќе испоцркаме
 

L-A-V

who cares? =)
Член од
2 декември 2008
Мислења
477
Поени од реакции
57
абе вистина си имаат некои позитивни значења пчелите ама ни мед сум сакал, ни пчели. така да сеедно ми е дали ќе изумрат, дали ќе исчезнат или ќе се размножат :toe:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
абе вистина си имаат некои позитивни значења пчелите ама ни мед сум сакал, ни пчели. така да сеедно ми е дали ќе изумрат, дали ќе исчезнат или ќе се размножат :toe:
читате шо е темава .. или Пчели одма на мед асоцираат па не читате тема туку на ветер си билдате постови ..
 

L-A-V

who cares? =)
Член од
2 декември 2008
Мислења
477
Поени од реакции
57
читате шо е темава .. или Пчели одма на мед асоцираат па не читате тема туку на ветер си билдате постови ..
прочитав и видов дека овој дел: Упатените тврдат дека исхраната на луѓето во голем дел зависи од пчелите кои се одговорни за опрашување на овошките. Доколку нема доволно инсекти кои што ќе ги оплодуваат растенијата, земјоделците нема да можат да продолжат да одгледуваат јаболка, тикви и јагоди, затоа што овошки кои не се оплодени правилно, не можат да растат правилно ..... е најважниот. ама што можеме ние да направиме во врска со исчезнувањето на пчелите?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
прочитав и видов дека овој дел: Упатените тврдат дека исхраната на луѓето во голем дел зависи од пчелите кои се одговорни за опрашување на овошките. Доколку нема доволно инсекти кои што ќе ги оплодуваат растенијата, земјоделците нема да можат да продолжат да одгледуваат јаболка, тикви и јагоди, затоа што овошки кои не се оплодени правилно, не можат да растат правилно ..... е најважниот. ама што можеме ние да направиме во врска со исчезнувањето на пчелите?
Ние ништо... ама еве има служби кои ќе се обидат да сторат нешто во врска со тоа. Инаку многу работи се поврзани во природата... ако ги снема овие, ќе снема и куп други работи, а треба допрва да се открие каде одат пчелите... т.е зошто ги снемува
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
Да го поттикнеме нивното множење, одгледување, да ги пронајдеме причините за нивното исчезнување како и да ги минимизираме истите. Ова се неколку работи што МОЖЕМЕ да ги направиме, ама се додека не дојдат на работ на исчезнување, никој нема да го заболи за пчелите, пошо знаеме дека нафтата е приоритет на денешницава, а не храната од која директно зависи пред се опстанокот на ЧОВЕКОТ!
 
F

FilipMacedon

Гостин
Според податоците, за последните 35 години изумрени се половина од пчелните колонии во САД.
И ние мислиме будали биле индијанците што си ја чувале природата...ние сме будалите:uvo:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.715
Поени од реакции
12.137
Кога човекот изигрува Господ, менува гени (наместо да признае дека ништо не знае од последиците на своите "успешни научни откритија")
Генетски инженеринг, предаватели за електронски медиуми, мобилна телефонија и кабелски тв-а, труење со пестициди, болести
Мистерија за болеста на пчелата
Од досегашните сознанија со кои располагаат во Министерството за земјоделство, вирусот или синдромот ЦЦД се смета за постоен во одредена средина дури откако ќе се констатира дека исчезнале барем 50 отсто од пчелните заедници. Безмалку откако и човекот ќе забележи дека пчелите се на работ на опстанокот, тогаш се вклучува алармот. Досега не е расветлена мистеријата околу болеста што го напаѓа имунолошкиот систем на пчелата-работничка, а постојат повеќе претпоставки. Засега изгледа дека, иако секој од факторите поединечно не се смета за главен причинител, комбинацијата на повеќе фактори придонесува за оваа состојба. На пример, покрај пестицидите и електромагнетната радијација, покрај стандардните болести како варозата, за настанување на ЦЦД, односно за ослабување на имунитетот кај пчелите, придонесуваат и климатските промени и дохранувањето на пчелите во зимските месеци со пити во кои има голема концентрација фруктоза, добиена од генетички модифицирана пченка.

Сакале или не, и за оваа чума прстот прецизно е вперен кон виновникот. Одговорните научници во светот денес тврдат дека биотехнолошките мултинационални компании, раководени од алчноста за профит, всушност негуваат неверојатен презир кон животот. И презирот и профитот, се подразбира, ги остваруваат со помош на неодговорни и неетични научни платеници-легионери. Како последица на едно такво содружништво на науката и профитот, во седумдесеттите години од 20 век се популаризираше генетички модифицираната храна (се креираа генетички модифицирани семиња). Крајната цел, наводно, беше благородна, а тоа е зголемено производство на храна, потребно за растечката светска популација. Но, ете, четири децении потоа, и биотехнолозите признаа дека нивната теорија за поголема продуктивност, преку генетички инженеринг не е точна. Се покажа дека генот не претставува целина на еден идентитет. Аналогно, буричкањето во него со цел да се измени, не што не ги реши проблемите со храната, туку ги намножи со нови. Некои научници дури јавно опоменуваат дека поигрувањето со гените е исто како да решавате осумнасочник – може да води во сите правци, а да ве доведе до незамисливи катастрофи.

Значи, во случајот со производство на генетички модифицирано семе, за жал на човештвото, експериментот стоотстотно „успеа“ само кај памукот, пченката, сојата и индустриската маслодајна репка. Тамам до толку за да исчезнат пеперутките, врапчињата, а пчелите да дојдат до работ на тотално уништување.

Некорумпираните биолози во светот тврдат дека досегашните експерименти докажале дека е невозможна коегзистенција или соживот помеѓу генетички модифицирани и природни растенија. Велат дека тоа е невозможно дури и на ниво на лабораториски искреиран стерилен амбиент, а камоли во природа. Како пример ги наведуваат вирусите на птичји и свински грип, кои се мутации предизвикани со генетички инженеринг и кои, иако се одгледувале во изолирани лабораториски услови, успешно избегале од контрола.
ступидноста на цивилизациите
Конкретно, за спас на пчелите ЕУ донела директива дека, помеѓу поле засеано со генетички модифицирано семе и природно поле треба да постои оддалеченост од 25 километри. Во тој граничен простор треба да се садат високи дрвја, со цел да го спречеле ветерот да го пренесува вештачкиот полен на природните видови. Слична е и директивата што им кажува на земјоделците во различно време да го сеат генетички модифицираното семе наспроти природниот семенски материјал, со намера да ги спречат пчелите да ги измешаат додека собираат нектар.

Македонија многу сака да стане членка на ЕУ. Кога ќе ги почне преговорите, кога ќе се отворат поглавјата, ќе се сретнат со вакви ступидни или неспроведливи одредници. Заради ниското образовно и сознајно ниво на нашата политичка и експертска елита (а за медиумската и да не зборуваме), заради нашата имплантирана склоност кон демократскиот централизам, кој нé учи беспоговорно да прифаќаме и „имплементираме“ секакви директиви, тешко е да се замисли дека македонските преговарачи би биле поуспешни во одбраната на биотичкиот суверенитет на државата, кога досега благонаклонето дозволуваа генетички инженеринг врз Македонија и Македонците. Имено, во земја како Македонија, со површина и распоред на обработливото земјиште, како и она што е ливадско или под пасишта, практично не може ни да се спроведе стандардот од 25 километри оддалеченост помеѓу вештачките и природните насеви. Уште помалку е веројатно дека ќе профункционира поместувањето на времето за садење само заради пчелите. Оттаму, препорачливо е уште отсега Министерството за земјоделство да ја подготвува мапата на Македонија со нејзините геолошки, климатски, просторни и други карактеристики ако сака да и парира на тврдокорната евробирократија, која не се занимава со „детали“.
Ова последното да не се доведеме во позиција на еу-земјите во врска со исчезнувањето на пчелите.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
aeeee, site se skoncentrirale na: pcelite bodat, alergicen sum, ne sakam med itn itn......pcelite se odgovorni za poleniranje, sto e mnogu mnogu bitna funkcija. Plus, sekoe zivo nesto e bitno. Ako edno go snema, se narusuva a zivotot na drugo :toe:
 

Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
Ланската година еден другар мој имаше проект за ЦЦД, нешо како изборен проект по биологија и фати добра оцена, али колку шо памтам од то шо ѕирнав во проектчето, пчелното поленирање има фкрај голема улога и во другите ланци на исхрана, како со прочитав погоре и за луцерката и бла бла.. али стварно чуден феномен е ова, ма да никако да ми беше јасно ко објасна професорицата :D
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
:nesvest:По исчезнувањето на пчелите од планетава„ на луѓето им остануваат само 4 години живот“ А.Ајнштајн
После исчезновенија с планеты пчёл «лјудјам останетсја только четыре года жизни»
(А. Эјнштејн).

--- надополнето ---

filmot "Silence of the Bees" tokmu za nivnoto isceznuvanje govori
 

Kajgana Shop

На врв Bottom