Исхрана и диететика при болест

a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
498
Поени од реакции
274
Години веќе имам проблем со желудникот и едноставно храната е многу битен фактор кога сме болни и секоја храна различно влијае при одредена болест.
Читам на интернет и се занимавам, пробувам што ми пречи, а што не.
Гледам баш и ова на Ремедика т.е. се придружувам до таа диета:
upload_2017-7-31_16-12-30.png upload_2017-7-31_16-12-40.png
http://www.remedika.com.mk/PRINCIPI NA ISHRANA.pdf


А покрај ова активен сум во спортот и вежбам, но еве сега сакам да пробам и сурутка протеин 80% Vitalia да видам како делува.

Добредојдени сте ми сите за совет со слична исхрана, рефлуксно враќање, проблем со грчеви и надуваност во стомакот, гастритис..
Многу ми фали сувото овоштије али јбг.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Ок е листата со одредени замерки.

1. Млеко, јајца, сирење, се апсолутно лоши за дигестивен систем - желудец, ова им е огромна грешка во "диетата"

2. Обезмастена храна е полоша од полно масна, поготово ако мастите се од растително потекло.

3. Антиациди се најголемата глупост во историјата на човештвото, тие се тие што го прават проблемот ДАЛЕКУ поголем на долг рок, луѓето кои патат од ждригавец, киселини и слично всушност имаат зголемена pH вредност, и така храната им се вари многу споро, од таму доаѓаат сите проблеми, НЕ од премногу киселина кој бета блокерите ја третираат, кога ќе испиеш бета блокер, додатно ја намалуваш киселоста на желудецот, и тука доаѓа до не ефикасна употреба на микро нутриентите од храната - развивање на лоша бактерија, пад на имунитетот па дури и развивање на патогена бактерија - која подоцна го убрзува процесот на атерогени лезии.

4. Многу битен момент, 30 минути до 1h пред било какво јадење да се прекини со пиење вода а исто така 1h после јадење најмалце да се чека пред да се пие вода, или БИЛО каква течност.


5. Број 1 причинител на овие проблем е бактеријата H Pylori


6. Билки кои целосно го елиминираат проблемот, доколку се конзумираат редовно се:

a) Анасон
b) Ѓумбир
c) Кумин
d) Кориандер
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Морам да го додадам овде чајот (и маслото) од кантарион, мене многу ми помогна.
Исто така од помош ми беа капки од прополис и чај од невен.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.109
Поени од реакции
16.044
Прочитај го постов, можеби ќе ти помогне.

Мене ми се појави истиот проблем со дигестија на храната во желудникот пред два месеци, т.е. после секој оброк ми се јавуваше чувство на надуеност во желудникот кое на моменти беше неподносливо тешко што резултираше со тотална апатија и безволност. Пропратно со надуеноста повремено ме мачеа и киселини кои ги третирав со ранитидин или пак сода бикарбона ( ова второво чисто за да проверам дали навистина функционира и дали ќе ми помогне ) и чести и невообичаено течни столици. Симптомите и нивниот интензитет ми варираа во зависност од типот на храна што ја конзумирам и најлошо ми беше кога ќе се напиев кафе, посебно нескафе со млеко или топло турско кафе, тоа беше тотално кинење за мојот желудник, зелена салата како марула, зелка, краставица истотака многу ми пречеа и ми даваа изразена симптоматологија како и пиење на вода после јадење која ја чувствував како цигла во стомакот буквално. Осеќав како храната ми стои по цел ден во желудник и не ми се вари, обично појадував насабајле и цел ден се до вечер, т.е. до вечерата кога веќе конечно ќе осетев дека сум гладен и дека можам да јадам. Ја имав истата мака пред некоја година, кога истотака пролетно време ми се јавија истите симптоми и тогаш се влечкав по лекари, се до моментот кога требаше да правам гастроскопија и се откажав поради страв. Тогаш проблемот го третирав со ланзул кој можеби го пиев скоро пола година, но сепак покрај него морав многу да внимавам што јадам. Не ми дадоа дијагноза, а мојата претпоставка беше дека се работи за некој вид на сезонски гастрит.

Е сега, по консултација и препорака со еден форумџија, имено @Psyside ( голема благодарност до него за несебичноста и времето одвоено за мене и моето здравје ), установивме дека најверојатно се работи за недоволна количина на желудочна киселина, иако јас мислев дека се работи за хиперпродукција на желудочна киселина со оглед на силните тегоби налик киселина кои ми се јавуваа после оброк. Сепак, недоволната количина на желудочна киселина е изворот на проблемот и затоа храната полека се вари и останува долго време во желудник и после извесно време почнува да скапува и веројатно оттаму и се предизвикуваат киселините.

По препорака на @Psyside, од исхрана исфрлив домати, краставици, пиперки, марула, зелка, кромид, се што содржи бел шеќер и брашно, се што е од пченица или има глутен, како и кафето ( ова ми беше и сеуште ми е најтежок предизвик и не бев баш строго дисциплиниран во однос на кафето ). Престанав да конзумирам млеко и месо ( месо на недела дена, млекото сеуште не го пијам, а не ни планирам во блиска иднина да пијам млеко зашто ептен ми смета, ама многу многу ). Избегнувам запршки и зачини, зголемив количина на јаткасти плодови - ги внесувам секојдневно за разлика од порано, гледам да јадам помали количини на оброци за да не го оптоварувам желудникот да се мачи со варење. Вода саат време пред и после јадење не пијам.

Тоа што е доста важно, и што мислам дека во мојот случај има круцијална улога, по препорака на членот си купив чај од анасон, ѓумбир, коријандер и нане. Од анасонот, коријандерот и нането ставам по една лажичка, а од ѓумбирот третина и тоа ми е една доза, која обично ја конзумирам како чај со јадење најчесто пред. После половина час веќе сум многу гладен и можам убаво да јадам. Чајот го пијам двапати дневно. Истотака си купив и дигестивни ензими, имено Дигестон од Healthaid, капсули кои се конзумираат до двапати дневно заедно со оброк. Единствено глутамин не земав.

За не повеќе од недела дена, само со овие препораки, мене проблемите и мачнината со желудникот ми се сведоа на минимум, дури би можел да кажам дека целосно се повлекоа, затоа што можам буквално се да јадам ( веќе втората недела почнав да ги кршам рестрикциите и си јадам буквално се од тоа што требаше да го исфрлам, освен млеко ).

Секако, водам сметка да не претерам со количината и обемноста на оброкот, за да не го оптоварувам непотребно желудникот.
Последниве три недели и месото го имам исфрлено, освен можеби во две или три прилики кога сум напраил исклучок, а сакам целосно. Се чувствувам одлично бтв.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Ок е листата со одредени замерки.

1. Млеко, јајца, сирење, се апсолутно лоши за дигестивен систем - желудец, ова им е огромна грешка во "диетата"

2. Обезмастена храна е полоша од полно масна, поготово ако мастите се од растително потекло.

3. Антиациди се најголемата глупост во историјата на човештвото, тие се тие што го прават проблемот ДАЛЕКУ поголем на долг рок, луѓето кои патат од ждригавец, киселини и слично всушност имаат зголемена pH вредност, и така храната им се вари многу споро, од таму доаѓаат сите проблеми, НЕ од премногу киселина кој бета блокерите ја третираат, кога ќе испиеш бета блокер, додатно ја намалуваш киселоста на желудецот, и тука доаѓа до не ефикасна употреба на микро нутриентите од храната - развивање на лоша бактерија, пад на имунитетот па дури и развивање на патогена бактерија - која подоцна го убрзува процесот на атерогени лезии.

4. Многу битен момент, 30 минути до 1h пред било какво јадење да се прекини со пиење вода а исто така 1h после јадење најмалце да се чека пред да се пие вода, или БИЛО каква течност.


5. Број 1 причинител на овие проблем е бактеријата H Pylori


6. Билки кои целосно го елиминираат проблемот, доколку се конзумираат редовно се:

a) Анасон
b) Ѓумбир
c) Кумин
d) Кориандер
Неможеш да тврдиш дека има огромна грешка у системот за исхрана кога не си стручен на таа тема!
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Демант? Контра аргумент?
Не,не сум стручен на таа тема.Но доколку јас би имал здравствени проблеми поврзани со исхраната,радо би им верувал и би се придржувал до тоа што ќе ми го кажат докотрите,кој се имаат посветено на тоа,одклоку на некој што чита статии на интернет.Се разбравме екимбабе ? ;)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.723
Поени од реакции
34.997
Ок е листата со одредени замерки.

1. Млеко, јајца, сирење, се апсолутно лоши за дигестивен систем - желудец, ова им е огромна грешка во "диетата"
...потполно се сложувам, умерено користење посебно на млекото кое назад со илјада години го користеше човечанство како извор на калциум за добро развивање на коските, забите и избегнување на остеопороза, во последните 20 години укажува на неконзумирање на кравје млеко како несварливо и како неприменливо како неутрализатор на желудачната киселина со што го преферираат антацидот што апсолутно е погрешно толкување во најново време, доколку е така јас би прашала зашто во последните години „исчезнале“ од производство многуте користени антациди (Компенсан од Алкалоид, Бизмут субсалицилат, Алуминиум хидроксид, Магнезиум хидроксид ...итн ? ) м?
затоа што при редовно користење на овие анатциди дава повеќе негативни ефекти од тип на тврда столица и др стомачни тегоби, инсуфициенција на бубрези како формирање на камен во бубрег како и неконтролирано намалување на желудачна киселина во желудник доведува до збувнување на бактерии кои порано се уништува од самата желудачна киселина...
Јас сум сигурна дека е печатна грешка или особата што ги пишувала правилата од Ремедика ги испомеша поимите на антацид со антиулкус...
...би рекла да правилно користење на кравјо млеко наутро и навечер дава смиреност, и мирен и длабок сон давајќи рамнотежа меѓу паметот и интелегенцијата на човекот, тој чуствува мир и среќа и затоа од искона велеле ајде една чаша млеко за убав сон и право во кревет...
да не спомнам дека сите работници во печатница и индустрии со разни хемикалии и тешки метали кои се подложени на разни токсични агенси им се давало во текот и после работното време доволно млеко да се испие...што мислите зошто? дека е штетно?
п.с.
...и Да!!! не се сложувам со напишаното во правилата дека треба после оброк да се седи исправен уште еден час, напротив пожелно е да се „прилегне“ или пак да се спушти телото надоле на столица да би се ослободила стегата на превиткан стомак / желудник како и жолчката и жолчните канали кои влеваат жолчни киселини во цревата бидат „непревиткани“ од седечката положба што во моментот на исхрана се активираат и може да нема добар проток што е една од причините на стварање на камен во жолчка или жолчните канали !
 
Последно уредено:

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Јас разбирам од здравствени причини да не се конзумира одреден тип на храна.Али стварно ми е несватливо од помодарство стануваат вегетаријанци,или па ке се начитаат интернет,и одма млекото е штетно,лебот е штетен вака така.Ако си јдеш ти се во умерени количини,ништо не е штетно.Апсурд е да се тврди дека месото и млекото се штетни.
 
B

Bafra

Гостин
Не,не сум стручен на таа тема.Но доколку јас би имал здравствени проблеми поврзани со исхраната,радо би им верувал и би се придржувал до тоа што ќе ми го кажат докотрите,кој се имаат посветено на тоа,одклоку на некој што чита статии на интернет.Се разбравме екимбабе ? ;)
Ne daj boze da imas potreba od nasite doktori, posle niv ke stanes I vernik.

Komercijalnoto mleko t.e vo prodavnici e stetno :
- nema nikakva korist od nego, bidejki izvadeni mu se mastite koi se bitnite za nasiot organizam. Svari kupecko mleko kajmak 0, svari prirodno mleko kajmak imas 2cm sloj.

- zivotnite od koi e dobieno se hranat t.e. se tovat so koncentrati od koi se razboluvaat a se tretirani so ogromen broj na antibiotici I hormoni. Pri pasterizacija tie bakterii se mrtvi NO so antibioticite I hormonite zavrsuvaat vo mlekoto koe go piete. I tie se pricinata sto predizvikuvaat netolerancija I zdravstveni problemi.

Plus mleko pijte cisto, ne biskviti, leb ili banana frape. Sekoja kombinacija so ovie proizvodi OTROV vi pravi vo stomakot.

Za lebot ako treba seuste da se objasnuva brasno sol I seker dali se zdravi ili ne, zalosno e.

I daj toa lepinjata so kajmak sho gi sluzite popecheni prajte gi,a ne ziv lebot :mad:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
...потполно се сложувам, умерено користење посебно на млекото кое назад со илјада години го користеше човечанство како извор на калциум за добро развивање на коските, забите и избегнување на остеопороза, во последните 20 години укажува на неконзумирање на кравје млеко како несварливо и како неприменливо како неутрализатор на желудачната киселина со што го преферираат антацидот што апсолутно е погрешно толкување во најново време, доколку е така јас би прашала зашто во последните години „исчезнале“ од производство многуте користени антациди (Компенсан од Алкалоид, Бизмут субсалицилат, Алуминиум хидроксид, Магнезиум хидроксид ...итн ? ) м?
затоа што при редовно користење на овие анатциди дава повеќе негативни ефекти од тип на тврда столица и др стомачни тегоби, инсуфициенција на бубрези како формирање на камен во бубрег како и неконтролирано намалување на желудачна киселина во желудник доведува до збувнување на бактерии кои порано се уништува од самата желудачна киселина...
Јас сум сигурна дека е печатна грешка или особата што ги пишувала правилата од Ремедика ги испомеша поимите на антацид со антиулкус...
...би рекла да правилно користење на кравјо млеко наутро и навечер дава смиреност, и мирен и длабок сон давајќи рамнотежа меѓу паметот и интелегенцијата на човекот, тој чуствува мир и среќа и затоа од искона велеле ајде една чаша млеко за убав сон и право во кревет...
да не спомнам дека сите работници во печатница и индустрии со разни хемикалии и тешки метали кои се подложени на разни токсични агенси им се давало во текот и после работното време доволно млеко да се испие...што мислите зошто? дека е штетно?
п.с.
...и Да!!! не се сложувам со напишаното во правилата дека треба после оброк да се седи исправен уште еден час, напротив пожелно е да се „прилегне“ или пак да се спушти телото надоле на столица да би се ослободила стегата на превиткан стомак / желудник како и жолчката и жолчните канали кои влеваат жолчни киселини во цревата бидат „непревиткани“ од седечката положба што во моментот на исхрана се активираат и може да нема добар проток што е една од причините на стварање на камен во жолчка или жолчните канали !
Калциумот од млекото не е скоро воопшто искористлив од телото, и наместо да помага создава далеку повеќе проблеми, но за да не кршам прсти, еве ви се на тацна, да се уверите сами.



Млекото е ок само во најрани години, после треба да се избегнува - истото е горе доле за било која храна од животно. Значи одма да се разбереме, не збориме за вкус, не збориме за мерак, не збориме за гурмански моменти - него за бенефит наспроти негативен ефект, друг момент каде месото и животински протеин е за билдери и професионални спортисти, (IGF1) за кои перформансите и мускулната маса се пред здравјето, за сите други држете се подалеку, и да во умерни количини пак се промовира атеросклероза, само поспоро - не се спречува, него САМО се успорува.

Долга и напорна е оваа тема и има многу спротиставени страни, како квалитетна форма на протеин ако се мора, само морска храна - сардини и ситни ракчиња на пример.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
@Psyside

Зошто само сардини, а не и друга риба ?
Omega 3/selenium и ниско ниво на жива. Може и други "морски плодови" ама треба да се пази на контаминација, сардината е безбедна.
 
B

Bafra

Гостин
Калциумот од млекото не е скоро воопшто искористлив од телото, и наместо да помага создава далеку повеќе проблеми, но за да не кршам прсти, еве ви се на тацна, да се уверите сами.



Млекото е ок само во најрани години, после треба да се избегнува - истото е горе доле за било која храна од животно. Значи одма да се разбереме, не збориме за вкус, не збориме за мерак, не збориме за гурмански моменти - него за бенефит наспроти негативен ефект, друг момент каде месото и животински протеин е за билдери и професионални спортисти, (IGF1) за кои перформансите и мускулната маса се пред здравјето, за сите други држете се подалеку, и да во умерни количини пак се промовира атеросклероза, само поспоро - не се спречува, него САМО се успорува.

Долга и напорна е оваа тема и има многу спротиставени страни, како квалитетна форма на протеин ако се мора, само морска храна - сардини и ситни ракчиња на пример.
И што ни даде на тацна жити се .... во првото видео направија корелација: жените што пиеле млеко повеќе умирале :confused: .
Ако овој заклучок за тебе е на тацна и ти е логичен, ти си ист како нашите доктори.

Млекото е ок само во најрани години, после треба да се избегнува
Како е можно во најрани години да е ОК а после проблеми прави ... ако предизвикува проблеми посебно во најрани години најлесно ќе прави проблеми а не да е совршена храна ????
Ајде земи бебиња близнаци и едното храни го со вегетеријанска (млеко од Соја, од Бадем, зеленчук итн итн) а другото со млеко путер и жолчка од јајца и сподели резултати :D

и да во умерни количини пак се промовира атеросклероза, само поспоро - не се спречува, него САМО се успорува.
Значи имаме 7 милијарди болни од атеросклероза според твоево тврдење :cautious:
Јасно ти е дека со фактот што голем број на луѓе кои конзумираат млеко, јајца немаат проблем со атеросклероза ни срцеви проблеми, се поништува твоево тврдење. Или пак дека и вегани дека се болни од атеросклерози, висок холестерол, срце итн итн
Бидејќи сите органи кај човекот работат на ист принцип и исто се однесуваат спрема внесот на храната и неможе кај едни да не прави проблеми а кај други да прави. ;)

Само еден орган различно се однесува а ти никаде и никогаш не го земаш во предвид. Затоа голем дел од тврдењата ти се погрешни за причините за дисбаланс во телото.

За третирање на проблемите ОК ти се советите, но причинителите :neetaka:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
...и Да!!! не се сложувам со напишаното во правилата дека треба после оброк да се седи исправен уште еден час, напротив пожелно е да се „прилегне“ или пак да се спушти телото надоле на столица да би се ослободила стегата на превиткан стомак / желудник како и жолчката и жолчните канали кои влеваат жолчни киселини во цревата бидат „непревиткани“ од седечката положба што во моментот на исхрана се активираат и може да нема добар проток што е една од причините на стварање на камен во жолчка или жолчните канали !
Апсолутно неточно.
Имав мали проблеми со дигестија, кога почнав после јадење да шетам 15 минути, ми стана ЗНАЧИТЕЛНО помирно во стомакот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom