Ислам и Фатализам

Член од
25 октомври 2010
Мислења
12
Поени од реакции
5
Мир и спас (Селам Алејкум) на сите членови.

Одсекогаш секој се интересирал за судбината, а претежно поврзаноста на религијата со судбината. Па еве во една немногу обилна тема ќе ви ја претставам сликата за судбината од Исламска страна, а за вистината сами ќе ни одговорите.

Ислам и Фатализам

Фатализмот се нарекува сваќање по кое сите работи се случуваат според однапред одредена судбина. Фаталистичкото сваќање било карактеристично за првите етапи на развојот на човековите мисли, кога човекот стоел беспомошен пред природните сили, чии текови не ги разбирал. Околу тоа нас најдобро ни сведочи античката уметност, така преокупирана со проблемот на судбината. Хомер зборува за судбината како една интерперсонална моќ која човекот го прави како играчка на боговите. Хезиод судбината ја персонифицира и ја нарекува “ ќерка на ноќта “ . Есхил моќта на судбината ја издигнува над боговите, а Софокле ја сметал за неизбежна судбината во животот на сите луѓе.
Во античката филозофија исто така е разгледуван проблемот на судбината. Детерминизмот на Демокрит и Сеукип во добар дел бил фаталистички ориентиран, поради што бил критикуван од страна на Епикура. Народите сметале дека судбината е предмет на еден апсолутно рационален закон. Нивниот детерминизам имал фаталистички карактер , затоа што неизбежното го изедначувале со судбина, односно судбината била разбирана како неизбежност на сите работи. Затоа што не може да се измени редоследот на работите, т.е. треба машки да се поднесуваат ударите на судбината.

Многу, било тоа да е со одредена тенденција или од непознавање на самите работи, би сакале фатализмот во најтежок облик да го препишат на Исламот. Во угледни печатени медиуми во разни рубрики под името на “ Мали лексикони “ со наслов “ Фатализам “ помеѓу другото се тврди и тоа дека :
“Во религиозното учење судбината игра голема улога. Во Христијанството конструкцијата на сите судбини е припишувана на Бога, кој одлучува околу сите случувања, иако се признава извесна улога на поединецот кој со својата побожност и насочување може да влијае на Божјата милост за ублажување на својата судбина. Меѓутоа, во Исламот судбината (к`смет) има апсолутна сила која се смета за неизбежна и ги надминува сите физички закони на универзумот. Главна одлика на ваков примитивен фатализам е потполната рамнодушност, се се прифаќа мирно како одлука на судбината “.

Не можеме да кажеме дека овие тврдења се без никаква основа и дека се потполно произволни. Како што е познато, во исламската апологетика постоел правец кој го застапувал потполниот фатализам и потполно ја негирал слободната волја на човекот. Човекот според ова учење е изедначен со останатите работи во природата, на него му е се предодредено и наметнато. Тој се движи и ја развива својата активност, не по одлуките на слободната волја, туку според волјата на сила која е над него, а која исто така еднакво управува со ветрот, громот, дождот и другите појави. Привзаниците на овој правец се нарекуваат “Џеберијје“.

Според тоа нашите деца помеѓу првите основни запознавања за Исламот учат за иманските шартови : “ Ве бил кадери хајрихи ве шеррихи миналлахи теала “, да се што се случува, било добро или лошо, потекнува од Аллах и се одвива по Неговата волја .
Понатаму, декадентниот период на развојот на муслиманите, кој траел низ многуте столетија и кој бил карактеристичен по општата и сестраната заостанатост, е фаворизиран за ширење помеѓу муслиманските маси. Таквиот поглед одговарал за состојбата на тотална стагнација. Во него се пронајдени оправдувањата на тешките злодела кои се направени кон Исламот, најдено е оправдување за една неопислива состојба, која настанала токму поради случувањата кои го занемаруваат субјективниот човечки елемент. Се сакало совесно, но погрешно и нечесно, да се симне одговорноста од себе и да се префрли на другиот, на судбината што значи на Бога . Судбината, која секако Бог ја одредува, е крива што ги снемало муслиманите од Шпанија, што е уништена една сјајна цивилизација и што, последните векови сите муслимани од светот што робувале и биле најгрубо експлоатирани. Да, судбината е виновна и одговорна за нашата ситуација и положба, а не ние . Ние можеме да си седеме со прекрстени раце, да мируваме, ништо да не преземаме, а сепак на нешто да се надеваме, она што ни е судено мора да не стигне.

Не можеме да порекнеме дека ваквите сваќања помеѓу широките муслимански слоеви, па дури и кај имамите, особено во периодот на општото пропаѓање, не биле. Дури и “ Ве бил кадери хајрихи ве шеррихи “ се толкувало и објаснувало во тој правец .
Не ни е ни малку пријатно, но мораме да го истакнеме фактот дека мнозинството на заблуди, кои извесни елементи се користени во борбата против Исламот, преземени се од неисламските практикувања на самите муслимани. Таков е и случајот со фатализмот, кој противниците би сакале да го припишат на Исламот.
Фатализам, меѓутоа нема ништо заедничко со она што во Исламот се нарекува судбина, ако така го преведеме “ када “ и “ кадар ”(силен). Сосема е погрешно и неточно “ када “ и “ кадар “ дека значи рамнодушност, тивко прифаќање како одлука на судбината и нејзиното потполно предавање . Вистинската смисла на “ кадаа “ и “ кадар “ кој одговара на основната концепција на Исламот, се состои во верувањето дека Семоќниот однапред има одредено по цврст и сигурен ред по кој се одвива животот на целокупната природа, вклучувајќи го тука и човекот. Ние тој ред денес го нарекуваме природен, односно историски закон, во зависност од тоа дали станува збор за природен или општествен развој. По пат на тие закони, кои Свемоќниот ги поставил, се манифестира неговата волја. Во границите на тие закони се одвива се, живее и се развива се што постои. Надвор од тие закони не може ништо да се случува. Тие ја одредуваат судбината на сите работи. Судено е она што следува како неопходна последица на одредени фактори и причинители. Јас, на пример не можам да живеам без храна. Ако одредено време не земам храна, јас ќе умрам. Тоа ќе ми биде неизбежна сидбина. Одржувањето на животот има свој ред и свои закони. Без нив животот не може да се одржува. Така сакал Свемоќниот, и ние тука не можеме ништо да изменеме.
Добивањето на храна има, исто така свои закони. Покрај останатото треба прописно да се ора, ѓубри, посее со доволна количина на влага и сонце, па да се добие храна. Судбината на водата на пример е одредена на температура под нулата, исто како и судбината на температури над 100 Целзиусови степени.
Така е со сите појави, случувања и процеси. Се е строго одредено со својот внатрешен ред и своите сеопфатни закони на развојот.
И човекот е, како што се кажува дел од природата. Неговиот живот и психички и физички се одвива во склад со општите закони. Ако скокне во оган ќе изгори. Ако скокне од одредена висина ќе се повреди итн., тој може да прави што сака. Слободен е во своите одлуки. Може да сака се, но да оствари може само она што е во скалд со неговите физички и психички способности и со општите работи.

Судбината на секој човек е строго одредена според неговите дела на кои се одлучува на основната слободна волја и потполно слободно одбирање. Тој во одлучувањето е потполно слободен, без никакви ограничувања. Меѓутоа кај остварувањето и реализирањето на одлуките мора да се води сметка за редот на законите по кои се одвиваат самите работи и појави. Се има свој ред врз основ по кој се создава, развива и завршува. Ако сакам да остварам една одлука, да завршам едно дело, морам, пред се да спознаам што и како треба да преземам да тоа дело да го завршам. Треба да се познава редот по кој Семоќниот го има пропишано за секоја работа, секоја појава и секој процес. Се има свој закон, и само врз основ на тој закон се случува, развива и исчезнува. Ако сакаме успешно да делуваме и успешно да ги спроведуваме своите слободни одлуки, мораме да ги познаваме и почитуваме редот на работите и да ја ускладиме нашата волја со општата Божја волја, која се отчитува преку природните и историските закони. Колку и да е бескорисно и штетно да донесуваме илузорни одлуки, исто толку е штетно реалните одлуки да ги оствариме преку илузорни методи и начини. Тајната на успехот лежи исклучиво во усогласувањето на нашата волја, нашите одлуки и начини на остварување на тие одлуки со одлуките на Божјата волја.

Тоа на кратко би била вистинската смисла на “ када “ и “ кадар “ во Исламот. Не се работи тука како што се гледа за никаков фатализам , за никакво пасивно држење, за никаква рамнодушност према случувањата. Напротив “ када” и “ кадар “ условува со полна активност и ангажирање и вкучување во текот на случувањата.

Човекот е многу важен фактор во сите случувања. Семоќниот баш токму поради тоа што човекот го има обдарено со разум и слободна волја му ја има наменето и највозвишената мисија. Дадено му во име на Семоќниот да управува со работите и со нив да се служи, и тоа во нивна права смисла во нивната намена. Злоупотребата на овие работи , која може да настане поради слободното управување на работите од страна на човекот представува грев. Секоја работа така речено има своја мисија, свој смисол и своја цел. Тоа е всушност оправдување на нејзиното постоење. Меѓутоа таа може и да се злоупотреби. Господ ги има објаснето целите на работите, има посочено на патот на среќата и спасот и на патот на заблудата, лошото и несреќата, дадено му е на човекот можност да избира за себе по кој пат сака да оди, но за тоа пропишано му е и одговорност. Ако веќе по слободна волја човекот сам на себе си избира пат, тогаш е логично и да ги сноси последиците од таквиот пат.

Човекот како застапник на Господ на земјата со самото тоа веќе на себе има голема обврска да работите што му се ставени на располагање (а тоа е се што се наоѓа на земјата и небото) ќе ги користи во нивната основна цел за кои и тие постојат. За злоупотреба треба да сноси одговорност пред Господовата правда. Ако човекот од атомската енергија , која Господ ја има доверено на луѓето со неа да се користат и да ја употребуваат за подобра среќа и благосостојба, а тој направи атомска бомба и со нејзина помош разурнува цели градови и убива луѓе, тој секако без никаква сомнеж ја има направено најголемата злоупотреба и ја заслужил најголемата казна.

Според тоа човекот не може и не смее да стои настрана од случувањата, тој секако мора да е нивни извршител и главен актер. Да би управувал со природата и да ја користи мора подобро да ја открива и запознава.
Оној на кого му е дадена природата да управува со неа и кој ја сноси најголемата одговорност за нејзиното правилно користење, односно злоупотреба, не може што е сосем јасно и логично, против неа фаталистички да се однесува. Не може човекот мирно и пасивно да набљудува од страна.

Да не би се рекло дека овие размислувања се само плод на моите лични и субјективни гледања, тука ќе се повикам на двајца најголеми авторитети; едниот е – Газалија кој умрел пред 925 години и – Шејх Шелтут кој умрел пред 50 години.
Газалија на едно место во делото “ Китабул Ербеин фи Усулиддин “ многу генијално и интересно го дефинира “ када “ и “ кадар “ и дословно кажува : “ Ел – кадау хувел вад`ул куллијју лил есбабил куллијјети би харекатихел мадудетил махсубети ила мусеббебатихел мадудетил махдудети би кадерин ма`лумин. Ла јазиду ве лајенкусу “ .
“Када “и “кадар “е постоење на општи универзални и постојани причини кои делуваат во смисла на предизвикување на одредени последици “.

На ваквото објаснување на судбината (када и кадар) не би се имало денеска што да се додаде или одземе. Газалија овде сосема јасно ја означува судбината со делување на законите. Човековото друштво како и останатата природа се развива и се случува се во смисла на делувањето на одредени закони. Секоја појава и секој процес , било во животот на луѓето или во животот на природата, се како неопходна последица на делувањето на соодветните закони. Одредените причини секогаш мора да дадат одредени последици. Тоа е она што во Исламот, според Газалија се нарекува “ када “ и “кадар “.

Продолжува...
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
12
Поени од реакции
5
Шејхот Шелтут познат ректор на универзитетот Ал-Азхар во своето дело “ Ел-Исламу акидетен ве шериатен “ на страна 62 пишува :
“Када и кадар “(судбина) кој во Кур`анот се спомнува и кој луѓето го поврзуваат со своите дела и со својот животен пат, не е ништо друго туку закони по кој се развива и живее приридата и друштвото и кои непходно бараат поврзување на причините со последиците и просторните заклучоци. Тоа се всушност природно-историски закони, кои константно и без исклучок секогаш делуваат. Еден од тие закони е законот по кој човекот слободно ја развива својата активност сосема слободно без никаков притисок од страна.

Многу одамна мушриците пробувале за своето идолопоклонство да најдат изговор на таквото верување дека на тоа се присилени со Божјата волја, затоа што Господ сакал такви и да бидат. Таквиот изговор Семоќниот нејенергично го отфрла. Во Кур`анот стои :“ Идолопоклониците ќе речат : Да сакал Гопод, ние немаше да бидеме идолопоклоници. Ни нашите татковци не би биле тоа, ниту ние на себе би направиле што е забрането. Така и оние пред нив ги наговарале на лага пратениците (пејгамберите), па ја вкусија нашата казна. Кажи: Ако вие нешто знаете, тоа јасно кажете го. Вие ги следете несигурните мисли и внесувате само чиста лага. Кај Господ се најјасните и најсигурните докази “.

“Вистина е дека Господ со своето сеопфатно знаење знае на кого и што ќе му се случи, знае дали некој ќе биде добар или лош, на прав пат или во заблуда. Се тоа Тој го знае, ама тоа никако не значи дека Господ со тоа врши притисок да тој мора да бидет таков. Тоа е само откривање на тоа што ќе се случи, а што следува како последица на законите и редот кои преовладуваат со општиот развој на настаните, вклучувајќи ја тука и слободната волја на човекот врз која се заснова принципот на одговорноста, казнување и наградување ”.

Накратко Исламот не му дозволува на човекот да за своите скршнувања и заблуди наоѓа изговор во судбината (када и кадар). Ако тоа би било така, зошто тогаш испраќање на Господови пратеници и книги ? Зошто објави и повикување на луѓето да веруваат? Зошто обврски? Зошто одговорности, награди и казни? Зошто Пекол и Рај? Се тоа во тој случај би било обична игра.
Ова е, заклучува Шејх Шелтут, ставот на Исламот наспроти проблемот на слободната волја кај човекот.

Превземено од: www.plasnica.org
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.722
Поени од реакции
11.786
Добар текст, ми се допаѓа...

П.С. И ++ за потписот :)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Toa postoi imeno mnogu malku mozeme nie, da ne nabrrojuvam deka nit sme birale dali ke se rodime kako macor, papagal... covek , masko ili zensko, koja rasa, koe mesto vreme, nisto ne sme birale, posle znaeme kolku malku zavisi od nas a i za toa posilniot motiv gi predopdreduva nasite postapki, posle toa ucenje koe go ima vo site oblasti i vo naukata filozofijata i religijata i kaj ateisti i vernici kazuva deka nie imame cuvstvo na sloboda no nemame slobodna volja, no konkretno za islamot, koa se veli ima Sudbina saka da se kaze ne si zemaj pri srce... sto bilo moralo taka da bide ne se jadosuvaj so ona e vaka da bese, znaci da si svesen deka do tebe sto e napravi najdobro sto mozes a sto e poveke od toa nikogas ne se samobvinuvaj ne si gospod i ne si zemaj pri srce za se i sesto kolku i da ti e draga nekoja osoba smrtta e Bozja naredba taka bilo pisano znaci vinata ne e tvoja odgovornosta ja zema Bog koj odredil se...Ova vo sustina e dlaboka vistina koja e dokazana i naucno i filozofski a ja ima kaj site bez razlika na vera, ideologija ....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom