Инцест претставува сексуален однос со членови од потесното семејство. Нема некои правила кога и каде се појавува, а претставува општествено табу. Во нашето законодавство е забрането влегување во брак на лица до второ колено сродство (втори братучеди) но оваа појава позната и како “семејна забава“ е присутна со векови посебно во северозападните краишта на нашата земја...
Како што е познато ваквиот тип на односи кои некои ги сметаат за противприроден блуд најчесто се случуваат кога децата не ја надраснуваат основната едиповска фаза или кога има сексуална привлечност меѓу брат-сестра,братучед-братучеда и слично.
Генетиката не е наклонета кон ваков вид на врски и сексуални односи поради големата можност да се вкрстат гени кои би резултирале со хендикепирано потомство,од даунов синдром преку ментална ретардација до психолошки и физички аномалии...
Но сепак некои се решаваат на ваков вид односи...
http://www.taratur.com/index.php?q=node/265
http://forum.kajgana.com/showthread.php?38504-Што-би-направиле&p=2495933#post2495933
Кој е вашиот став за оваа појава,дали некогаш сте се “напалиле“ на член/ка на потесното или поширокото семејство и дали го оправдувате овој вид љубовни односи?
Дали сметате дека инцестот треба да се легализира бидејќи сепак во многу случаи се работи за автентична љубов со таа разлика што од останатите се разликуваат само по крвното сродство...