Инвестициски БУМ во Македонија

Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Овие од ВМРО ве горат, секој ден нови инвестиции најавуваат. И луѓе се вработуваат. Што правиме.... понатаму
 
B

Bafra

Гостин
Овие од ВМРО ве горат, секој ден нови инвестиции најавуваат. И луѓе се вработуваат. Што правиме.... понатаму
Дај бе жити се кажи ми како дпмне (не вмро) вработува луѓе... која е нивна фирма, што произведува или ако е услужна дејсност која услуга ја продава, од каде плата им дава на нововработените кога НЕ пријавува профит таа фирма.

За тие странските инвестиции супер, САМО уште да ми кажеш од каде дпмне ги земаат парите што им ги исплаќаат на странските инвеститори за придонесите на вработените :toe:

Ах таа дрога наречена - социјализам :popce:
 
S

silmarillion

Гостин
Денес вмровските медиуми финансирани од парите на македонските даночни обврзници, во bulk-ови постираа
„The Hill“ пишува за економските достигнувања: Македонија е отворена за бизнис"

The HIll не пишува ништо, The Hill има блог во кој се објавуваат статии од независни контрибутори како што е и секако во нашиов случај, и каде што на крајот од текстот има јасен disclaimer
"The views expressed by authors are their own and not the views of The Hill."

Автор на текстот е извесен Паскал Хјуз кој е CEO во некоја фармацевска компанија во Лондон а со педигре во инвестмент бенкингот односно трчи-лажи екипата директно одговорна за секој финансиски bubble што се случува во светот.

Авторот меѓу другото изнесува тези чија што намена веројатно нема да привлече странци како Дрекселци кои ќе бидат робовладетели, него нашите домашни владини куртони да имаат што да постираат божем ете стварно ја бивало владава.

А од друга страна па и кој знае, може упатува јавен повик до сите во стилот - дојдете кај будаливе, ем ве субвенционираат ем ве ослободуваат од данок на сметка на домашните им мали и средни претпријатија и секако слеп народ.

Во врска со тезите, он вика дека сме имале најмал данок 10%, и тоа као ударната вест. Па добро ок, Северна Кореја e официјално tax-free земја па не гледам да се потепаа фирмиве да отворат таму свои претставништва и погони.

Идемо даље, Македонија била прва во светот во Doing Business. Мислам дека за ова мачкање на очи и небитен фактор за тоа колку брзо се отвара фирма е доволно зборено да збориме како релевантна информација што еден потенцијален инвеститор би ја имал во предвид.

Идемо даље, Македонија намалила невработеност за 10%. Ок во ред, седиш негде близу Liverpool Street, има еден убав паб таму, и скролаш по нетов да видиш некоја банту земја која може да ти биде интересна за наредната колумна и налетуваш на нас. Ко за беља незнаеш дека државата отпишала доста убав дел од невработените на разни основи, се иселиле богзнае колку луѓе последните 10 години, и рестото што фигурира како фактор за намалување на невработеност се должи на масовното партиско вработување во јавната администрација од каде што не се генерира никаков приход. Одличен совет за потенцијалните инвеститори :)

И ко за крај, еден слем данк на тема туризам. Македонија имала невиден раст на туризмот. Толку е невиден што не го ни гледаме. А го финансираме. Преку разни субвенции за Wizzair, преку субвенции на пакет аранжмани за доодени Холанѓани во Охрид. Па незнам дали некој на господинов му има дадено инфо дека од што е толку туризмот во пораст, Рим, Прага и Цирих ги откажаа редовните линии во тек од една недела. Веројатно човекот кога дошол (ако дошол) од ВИП-от на аеродром директ во Мечката од 600к ЕУР, од таму директ во Мериот и назад. Ама па и што ќе му е повеќе.

И така господинот Паскал Хјуз CEO на извесна фирма Levrett веројатно сеуште се мисли дали да отвори своја подружница и погон или со што и да се бави во оваа прекрасна инвестициска дестинација, ама затоа ни 5 минути не се мисли да ги покани другите инвеститори да го направат тоа.

Којзнае, можда еден ќе дознаеме колку е платен овој РR :)
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
755
Поени од реакции
356
Еве како си поминуваат тие што решиле да инвестираат во Македонија:

ДЕСЕТ ГОДИНИ ПО ПРВОТО СКИЈАЊЕ

Стечај за скицентарот Кожуф

Во Основниот суд во Велес отворена e стечајна постапка за фирмата што требаше да го изгради најголемиот скијачки центар на планината Кожуф.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/stechaj-za-skicentarot-kozhuf
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Еве како си поминуваат тие што решиле да инвестираат во Македонија:

ДЕСЕТ ГОДИНИ ПО ПРВОТО СКИЈАЊЕ

Стечај за скицентарот Кожуф

Во Основниот суд во Велес отворена e стечајна постапка за фирмата што требаше да го изгради најголемиот скијачки центар на планината Кожуф.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/stechaj-za-skicentarot-kozhuf
bez gajle
kje dojdat sea kamcev/mijalkov da go spasat centarot. oni se odlicni pretpriemaci
 
S

silmarillion

Гостин
Искинаа PR "аналитичариве" :) Којзнае која пара се дава за ова.

Избришано од админ.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Не сфаќам зошто толку пари фрлаат на овие аналитичари кога рајата што ги гласа овие работи воопшто не ги разбира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom