Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Добро ова веќе звучи како јавувач кај Јанко :)
немам поим за кое земјиште зборуваш. Знам дека имаше некаква процедура луѓето конечно си ги откупија дворовите и земјиштето кое беше со статус кво. За екстремниот случај во сите овие години немало случај на некого куќа да му земат да добие помалку. Јас знам пример на кој град Ск сакаше да земем за поевтино делови од денационализирани земјишта (ваљда размислувале у стил еј ви ги вративме сега ќе дадете малце попуст кога ќе ги откупуваме) после натегање и закани за тужби град ск им даде фер цена.
Учебници не коментирам не сум ги видел откако завршив школо. Тоа за децата колку ќе научат најмногу зависи од нив според мене. Во наше време ни децата имаа мобилен ни наставниците. Сега сум приметил дека децава нон стоп зјапаат во мобилните ама пак има некој учат некој не учат во тоа сум сигурен. Екстерно тестирање не мора да е стрес затоа што функционира во многу други држави па не гледам дека децата се спобудалени :) Мислиш во Јапан ги жалат дечињата како нашиве родители кои до 40 години им одат по гзот на дечињата? Волови од 35 години спијат до 12 и си живеат со родителите?
Да, мислам дека можам, затоа што за да стане некој личност најмногу влијаат родителите и друштвото ама ај да не навлегуваме во тие води :)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Браво за Прилеп.

Груевски: „Гентерм“ ќе отвори 2.000 работни места
Петок, 27 Февруари 2015 15:55


Со инвестицијата на американската компанија „Гентерм“ во изградба на фабрика во индустриската зона во Прилеп ќе се отворат 2.000 нови вработувања и ќе има многу работа на локалните фирми, истакна денеска премиерот Никола Груевски.


- Како што објавија претседателот на компанијата и другите негови соработници, „Гентерм“ влегува во Македонија и го одбра Прилеп за локација. Градбата ќе почне многу брзо, некаде март, април и ќе заврши брзо некаде во октомври, затоа што тие веќе ги прават подготовките, рече Груевски, по пуштањето во употреба на спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во село Љубанци.

Вработувањата, истакна, ќе почнат во октомври и постепено ќе се достигне бројката од 2.000 луѓе. Компанијата објави дека ќе почне да ги регрутира првите вработени и да ги испраќаат на тренинг затоа што во октомври некој треба веќе да започне со работа и тоа е добро, а во октомври ќе почнат помасовно да примаат луѓе.

- Ќе биде одлично за граѓаните на Прилеп и на целиот прилепски регион затоа што сите што живеат во тој регион ќе имаат можност да конкурираат и да се вработат и да бидат дел од овие 2.000 луѓе. Ќе има доста работа и за локалните фирми коишто можат да бидат добавувачи на „Гентерм“, истакна Груевски и додаде дека „Гентерм“ веќе има 8.600 вработени во автомобилската индустрија.

Инвестицијата, како што рече, е резултат на заеднички сили од повеќе лица и долго работење на Владата со оваа компанија, по долги убедувања.

-Во конкуренција на пет други држави, Македонија беше избрана како најдобра локација за градба на нивната следна фабрика, додаде премиерот Груевски.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/191297-Gruevski-Genterm-ke-otvori-2000-rabotni-mesta?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed:+kurir/makedonija+(Курир+-+Македонија)[DOUBLEPOST=1425074009][/DOUBLEPOST]Браво и за Валандово. Пред се се радувам што инвеститорот се залага за еколошко ископување.

Инвестиција од 250 милиони евра, нови 250 вработувања во рудник кај Казандол
Петок, 27 Февруари 2015 13:21


Вкупна инвестиција од 250 милиони евра за четири години и 250 нови вработувања само во првата фаза предвидува договорот за концесија за експлоатација на бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол што денеска го потпишаа министерот за економија Беким Незири и менаџерите на компанијата САРДИЧ МЦ ДООЕЛ – Скопје.


Согласно договорот, најпрво ќе се гради фабрика за катоден бакар со капацитет од 4.000 тони годишно, а геолошките истражувања продолжуваат на уште два локалитета каде се планира изградба и на објекти за финални производи.

- Владата продолжува со активностите за привлекување странски инвестиции кои имаат позитивен ефект врз растот и развојот на економијата. Компанијата САРДИЧ со англиско-украински капитал во првата фаза од проектот ќе вложи 25 милиони евра и ќе вработи 250 лица, но плановите не застануваат тука, рече министерот Незири пред потпишувањето на договорот.

Како што информира извршниот управител на компанијата Генадиј Сичов, изградбата на фабриката почнува во мај, а производството треба да стартува најдоцна до крајот на годинава.

- Експлоатацијата на бакарната руда ќе се врши со најсовремена технологија, според сите еколошки стандарди, без какви било влијанија на животната средина, напомена Сичов.



Бакарните катоди ќе бидат наменети за македонскиот пазар, но дел и ќе се извезува. Се очекува приливот на средства во државата да изнесува околу два милиона евра.

Во подготвителните активности за целиот процес САРДИЧ досега вложи пет милиони евра.

Компанијата во јануари минатата година по електронското наддавање го доби тендерот за детални геолошки истражувања во рудните наоѓалишта Казандол, Плавуш и Петрошница. Истражувањата завршија во рекордно време и беа изготвени потребните елаборати. Новиот капацитет на САРДИЧ ќе користи напредна, веќе разработена технологија за извлекување бакар. Станува збор за специфичен процес во затворен циклус на извлекување и преработка со електролиза без испуштање какви било гасови, течности или тврди отпадоци во околината
http://kurir.mk/makedonija/vesti/191271-Investicija-od-250-milioni-evra--novi-250-vrabotuvanja-vo-rudnik-kaj-Kazandol[DOUBLEPOST=1425074157][/DOUBLEPOST]Ова уште не е официјално ама чим премиерот го спонува сигурно е 99,997%. Само уште да се открије локацијата

Груевски: Американска автомобилска компанија ќе гради фабрика во Македонија
Американска компанија од автомобилската индустрија не извести дека донеле одлука за градба на нова фабрика која ќе биде лоцирана во поголем град во северозападна Македонија и во која ќе се вработат 2.000 до 2.500 лица, изјави денеска премиерот Никола Груевски.


Компанијата, според очекувањата на Владата, ќе ја објави и сама инвестицијата во наредните месец до два.

- Тоа ме радува затоа што во тој дел има потреба од доста вработувања. Ќе имаат квалитетна работна сила, а многу луѓе од тој регион ќе си најдат работа, ќе ги згрижат своите семејства со заработувачка која што ќе ја остваруваат во таа фабрика- рече Груевски по пуштањето во употреба на спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во село Љубанци, Општина Бутел.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=46079
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
O psihopati mamicata vi ja ebam..
Zatvaraat mali dukani ako dnevniot promet ne im se slozuval za 20 denari, a ni otvaraat kampovi za moderni robovi i zgora na se se falat?!

edit:
I rudnicite nashi gi prodavaat?
Ke gorat vo pekolot!!!
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Се е тоа во ред, само според мене некоректно е да даваш интервјуа и да даваш некои свои проценки а во исто време со добил шанса која многумина други не ја добиле. Малку себично. И овој дел ми е најјак - Јас имав среќа работа да најдам уште од Скопје, непосредно пред да заминеме. Тоа дополнително ни го олесни целиот процес, бидејќи сме ослободени од стресот што го носи живеењето само од македонската заштеда и неизвесноста дали ќе се најде работа или не.
Супер. Сме му помогнале да се исели, е сега некој што решил да остане останал без таа позиција за година две ама нема везе битно он е среќен меѓу хепи кенадианс.:)
Добро ти знаеш ли што правиш муабет, озбилно ?
Демек овој му ја зел работната позиција на некој, од тоа направил заштеда и така ние (а незнам кои сме тие ние) сме му помогнале да се исели ?
И после се чудиме зошто некои македонски менаџери/директори се изживуваат со луѓето на работа, демек ако некој ти даде работа (која патем се добива со помош на интервју) те поседува и сите работи што ти си ги купиш/ направил и слично, он ти помогнал во тоа.
Ова ти е логиката на македонски сељачки менаџер, демек ако отидеш на одмор со пари од платата, он уствари ти помогнал за тоа.
Можам да зборувам колку што сакаш на оваа тема (а можат и многу луѓе) бидејќи сум начекал многу од нив, ама ќе ти кажам дека ТРЕБА ДА СИ ГО ПРОЧИТАШ ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Па и со се слики ги копирал. :pos:

Еден куп инвестиции од странски компании. Веќе цел свет знае каде има телиња што ќе им работат за 250 евра. :X3:
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Гоооглав и најдов дека најниска плата во Кина е 400 долари,па зашто да не дојдат кај нас за 150 евра
НИЕ НЕ ИЗМИСЛИВМЕ ТОПЛА ВОДА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ,САМО ДАДОВМЕ СЕ ЗА ЏАБЕ САМО ДА ДОЈДАТ.
Повеке ме плаши фактот што многу стари компании домашни и странски кој предходно даваа солидна плата сега и тие ја намалија...
Дали не сме созреани за капиталистички начин на уредување,тоа почнав да размислувам
Но тоа е друга тема се разбира.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Eve go maliot monstrum gruevski shto saka da napravi od nashiot narod.

 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Инвестициски БУМ во Македонија! :pos:
Самава фраза во насловов треба да се заштити како културно богатство. Следните генерации ќе не слават за тоа.

Фали уште цел кабинет по еден bj да им дава на “инвеститориве“, кога ќе се симнат од авион, и пак имаат еден од најлошите резултати во цела Европа. Светот си ги затна ушите од татнежот! :pos:

Ја мислев дека е невозможно да се има полоша економска политика од таа што ја имавме до 2005, ама ете...... у тесна трка се.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Ќе се прави анализа колку ни користат странските инвестиции. Странски консултанти од Хрватска ќе ја прават анализата за 100.000 еур.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Што добиваат странските компании кои почнуваат со работа во Македонија?


Даночни, царински и комунални ослободувања, ослободување од плаќање ДДВ, ослободување од плаќање данок на добивка, ослободување од плаќање персонален данок на доход во период и до максимални 10 години, долгорочен закуп на градежно земјиште до 99 години и дополнително – државна помош од 100 000 до 500 000 евра за изградба на фабриките. Ова се само дел од поволностите што Владата им ги нуди на странските инвеститори кои ќе решат да отворат бизнис во рамките на слободните економски зони, но и надвор од нив.
Анализата на поединечните извештаи за доделување државна помош покажува дека фирмите добиваат готовинска поддршка по неколку основи: пари за создавање работни места, пари за исплата на корпоративен данок на добивка, пари за исплата на персоналниот данок на вработените, државна помош за трошоци при обука на вработени.

Истовремено, компаниите добиваат поволности и на локално ниво. Тие се ослободени од плаќање надомест на општините за уредување на градежното земјиште и за добивање градежни дозволи.

Дополнително, странските компании имаат пристап до бесплатен приклучок за гасовод, водоводна и канализациска мрежа.

Бенефициите што ги добиваат странските инвеститори се делат врз основа на два закона: за технолошко-индустриски зони и за државна помош. Преку овие закони, освен даночните и царинските ослободувања, се спроведуваат и директните финансирања во форма на готовинска исплата од буџетот на сметка на странските компании. Право на финансиска поддршка имаат странските фирми што работат во и надвор од слободните зони.

„Грант од хххххх евра во денарска противвредност за покривање на трошоците за изградба на градежен објект. Помош за одобрените трошоци за обука и усовршување во максимална висина од ххххх евра во денарска противвредност“, пишува буквално во Договорот со компанијата „Ван Хоол“ објавен од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Вака, со ознаката „ххххх“ наместо сума на пари, изгледаат извештаите за доделената помош и за другите фирми.

http://prizma.birn.eu.com/мк/стории/xxx-евра-за-колку-ги-купивме-странските-инвеститори
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Нема потреба од проверка...Општо позната вистина која ја премолчува народот,трагедијата да биде поголема народецот ги подржува преродбениците и гласни скандира, аплаудира и очекува подобро утре од преварантите.......................
 

Kajgana Shop

На врв Bottom