Инвестирање во злато!?

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Се зборуваше за овој фонд од поодамна. Треба да се оствари и да стане вистина.

Мислам нашата држава имаше политика и со закон донесено, секоја количина пронајдена и направена злато на нејзина територија, од рудниците или од каде било, мора да и се продаде, нормално по разумна цена но не смее да се продаде на некој друг.
 
антонија

модел
Член од
22 август 2010
Мислења
144
Поени од реакции
6
ако се размисле добро е многу испалатливо кога знаеме дека златото расте како топола .
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Koj da razmisli Antonija? Ovie od vladata? Pa nemaat vreme od "silni" matematiki. A i sami te rezervi od drzavava vlozuvaat vo "zlatni" fondovi. Idioti! Barem nesto dobro da napravat za narodecov. Da izvrsat izmeni vo zakonodavstvoto koe ja tangira ovaa problematika.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Сега ми е јасно оти девојка ми ме вика злато, она ивестирала во мене. ;)
 
Член од
2 август 2010
Мислења
100
Поени од реакции
38
Сигурна инвестиција моментално. Златото има дефлаторна карактеристика затоа и земјите кои излегоа од златен стандард забележаа најголем економски раст.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Пазете златото може да е само asset-bubble на монетарната експанзија.. Исто како куќите можи да се случи
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Пазете златото може да е само asset-bubble на монетарната експанзија.. Исто како куќите можи да се случи

Не би рекол! Хипотекарната криза е сосем нешто друго! Златото е пара, интернационална! Парите се сурогат за златото! Со златото тргуваат сите и секаде, додека со куќите од Флорида на пример кои сега чинат по 18-20,000 Долари, тешко дека нешто можеш да купиш! Златото и енергенсите бар засега се неприкосновени! Да, секако може да му падне цената на златото, но за тоа се потребни економски предуслови! Да зајакне економијата во УСА и ЕУ (што е малку веројатно во наскоро време).... мислам дека цената на златото оди обратно-пропорционално со цената на Доларот (веројатно сега и на Еврото)... значи јак Долар евтино злато и обратно каква што сега имаме ситуација.... Веројатно многу не му веруват веќе на Доларот па инвестират во Голд.... Едно аматерско размислување. Немој да се жестите економисти!!! Кажете си го мислењето. Ако е кризата 2 години, зошто 7 години златото поскапува по 15-16% годишно?
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Пазете златото може да е само asset-bubble на монетарната експанзија.. Исто како куќите можи да се случи
Случајно ја најдов оваа бајата тема. Интересно што пишувал томасасо за златото. Пред некое време(2-3 месеци) беше најголем промотор на благородните метали. Во право е најверојатно ќе стане меур но, тоа не значи дека во меѓувреме не може пари да се направата. Меурот ќе пукне само не сега. САД и ЕУ се заглавени до гуша со долгови и неможе да ги дигнат каматните стапки и да го пукнат меурот. Инаку од кога е отворена темава ( малку повеќе од година дена) златото од 1300 е на 1800 40% раст што укажува дека меурот се побрзо се дуе и дека ќе има да пукне. Јас лично сметам дека нема да биде наскоро минимум за 2-3 години. После може и шортови така да може и од тоа пари да се направат.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Меурот мислам дека веќе пукна врвот беше 1900 долари за унца сега иде накај 1800 ама тешко не верувам дека ќе отиде повторно над 1900, очекувам скок на берзите во јанури месец што би го "крадело" дополнителниот раст на златото
--- надополнето: Nov 10, 2011 12:21 AM ---
Што се случува последниве неколку месеци секоја негативна иформација околу Грција. Италија, еврото и слично доведува до пад на еврото (што е разбирливо) НО и РАСТ на доларот, порано ова не беше толку изразено паѓаше еврото но разликата ја правеа Швај. франк јен и слично сега доларот е алтернатива, САД должи (јавен долг) околу 100% од БДП што релативно не е многу, но во апосолутен износ е повеќе од најмногу, евентуален банкрот на САД (како што некои пропагираат, јас не верувам) би значело финансиск,а економска и секаква друга апокалипса НУКЛЕАРНА ВОЈНА КРАЈ НА СВЕТОТ. Тоа нема да се случи иако ни доаѓа 2012 =) Со Европа проблемот е во Грција а друг проблем е што тој долг не е од вчера (како што се создава впечаток) Дужен си ко грчка има векавна традиција уште од 19 век. Италија; Ирска, Шпанија се мачкини кашлици во однос на Грција, а оваа пак низ БДП е 2% од БДП на ЕУ па сега видете дали ситуацијата е толку загрижувачка или неко/иј ја пласираат шпекулативно да создадат паника, пад на цените и голема понуда на берзите за да купат ефтини финан. средства кои што во иднина би им донеле многу ама многу повеќе.
 
САД нема да банкротира бидејќи може да печати пари колку сака за разлика од Грција и Италија. Но има една последица на тоа, инфлација. 100% од БДП не е малку туку многу е мислам дека Италија е на 100% Грција е малку повеќе. На краток рок најверојатно ќе има пад на акциите и златоот а раст на доларот. Но, на долг рок и акцитте и златото ќе растат бидејќи САД мора да печати долари за да го врати долгот и држи каматните стапки ниско. Што дополнитлано ќе го притиска златото и акциите горе. Малку да се расчисти должничката криза и акцитте и златото ќе рипнат и над 1900.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/investiciskite-fondovi-od-regionot-investiraat-vo-zlato
се прашувам зошто не доесе законска регулатива за тргување со злато? Се плашат веројатно да не им *позлатат* половина штедни влогови!?
Еве зошто >>> http://www.time.mk/read/cbf8e97bb6/f7625604eb/index.html
Следете ги модерните банкаро-вампири што прават и немате промашај,тие најдобро знаат што и како следува на светската финансиска сцена,како што се на пример најавите за пропаста на еврото како валута и слични вести.(y)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Еве зошто >>> http://www.time.mk/read/cbf8e97bb6/f7625604eb/index.html
Следете ги модерните банкаро-вампири што прават и немате промашај,тие најдобро знаат што и како следува на светската финансиска сцена,како што се на пример најавите за пропаста на еврото како валута и слични вести.(y)
После година и кусур!?....
И ми се свиѓа одговорот.... Особено за овие ‘‘Банкаро-вампири‘‘ ...тие значи се по бистри и и од Сосиете Женерал и од Дојче Банк, од Џеј Пи Морган...... кои сите редум остварива огромни загуби со кризава?.... Знаеш што, ми се чини дека се тие попаметни од ‘Џеј‘ ама Од Џеј Рамадановски, иако и во тоа не сум сигурен... бидејки овој споменатиов од банкар ‘шибицер‘ во Скопјево.... стана банкар Турбо-фолкер!
‘‘Тие‘‘ велиш ‘‘таму некаде‘‘ најбанкаришта вампири (како ми се допаѓа ова ‘‘вампири‘‘ - мене сите банки ми изгледаат вампири дури и Комерцијална или Стопанска! :)
Но да се вратиме на овие....велиш знаат за многу работи!? За балонот наречен ‘‘злато‘‘ за пропаста на Еврото? и сл.... (се прашувам која валута ке остане? Руската Рубља? романскиот Леи или албаскиот Лек..... дали тие знаат дали Елвис е жив? Чисто онака прашувам! Или Мајкл Џексон - Џеко, многу го сакав онака бел! ... Знаеш што? Ми се чини дека оние онаму... незнаат да ми погодат и на која страна лежи! А пази имаат 50% посто шанси! Уживај бре младичу и не се замарај со вакви срања!
Знаеш, дневно од такви мајмуни-гуруа.... има по 100-тина иљади предвидувања! Дневно!... Е сега Србин вели и чорава кока погоди неко зрно.... ама овие вампириве ти велам и што нема да погодат!
 
T

Tetro

Гостин
Дали некој од вас купил злато?
Дали некој од вас продал злато?
Кои сајтови ги користите за тргување?
--- надополнето: 11 март 2012 во 18:13 ---
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Дали некој од вас купил злато?
Дали некој од вас продал злато?
Кои сајтови ги користите за тргување?
--- надополнето: 11 март 2012 во 18:13 ---
Јас тргувам со злато и сребро. Во главно го користам bullionvault.com и за левериџ etoro.com. Ако те интересира нешто поконкретно прашај или пишии ПП.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom