Им текна: Македонија може да учествува во „Јужен тек“. Апдејт: веќе учествува!

Член од
9 јануари 2010
Мислења
24
Поени од реакции
14
И дефинитивно, не влегуваме во ниедна комбинација во еден од најголемите руско-европски eнергетски проекти. Главниот извршен директор (генерален директор, кажано со “стариот речник“ од социјализмоот) на Газпром, Алексеј Милер денес обелодени дека најдоцна до Декември месец оваа година почнува со изградба долгонајавуваниот и најамбизциозен проект, т.н. Јужен тек, а богами и големи задкулисни политчки и дипломатски игри за дефинитивната траса на овој гасовод за плин кој Русија треба да ја снабдува ЕУ со оваа многу важна енергетска суровина...>>>>Повеќе
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ние од САД ќе се снабдуваме со вахабизам, тоа ние главно гориво овде.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.111
кога еднаш ќе ја прокоцкаш шансата- тешко дека ќе ти дадат и втора
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Глупи Словени поделени полни со омраза идеален плен за странските пропаганди.
Русија со Турција се договори и Грција а неможе со Украина и Македонија.
Бугарите врти гз они се со сите, нема проблем со нив, само да не ги рокнат еден ден случајно.
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
„Газпром“ има подготвено нацрт договор за приклучување на Македонија кон проектот „Јужен поток“.

Во текот на следниот месец преку руското Министерство за енергетика ќе биде доставен на разгледување во Владата на Руската Федерација по што ќе ни биде предаден Нацрт договор за потпишување.



http://kurir.mk/makedonija/vesti/75367-Dogovor-so-Gazprom-za-vlez-vo-Juzen-potok
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Очигледно , долниот крак кој требаше да минува низ Грција - ОТПАЃА .......................................



„Газпром“ ја исклучи Грција од гасоводот „Јужен поток“

Грција е отстранета од плановите за изградба на гасоводот „Јужен поток“ кој се очекува да почне да доставува гас за Западна Европа во 2015 година. Ова го соопштиле од рускиот енергетски гигант „Газпром“.
Како што јави „Катимерини“, претставници на „Газпром“ на прес-конференција во Москва соопштиле дека одлуката е донесена поради тоа што побарувачката на грчкиот пазар не може да ги покрие трошоците за инвестицијата.
- Нема да го градиме гасоводот за да биде празен, изјави Леонид Чугунов, шеф на одделот за менаџирање со проектот.
Тој информира дека неговата компанија ги исцрпила плановите за изградба на јужниот дел од „Јужен поток“ во Италија преку Грција во догледна иднина и даде јасно на знаење дека цел на проектот се само пазари кои се во состојба да понудат значајна потрошувачка. Тоа не е случај со Грција или јужна Италија.
Плановите за Грција да биде дел од Јужен поток се резултат на делумно добрите односи меѓу Атина и Москва за време на Кабинетот на Костас Караманлис и се поврзани со позитивниот став на неговата Влада во промоцијата на нафтоводот „Бургас – Александропулос“, пишува „Катимерини“. Уште од тогаш беше јасно дека грчкиот дел од Јужен Поток нема да се базира на финансиски критериуми.
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
330
Поени од реакции
104
Бугариа окончателно подписа договорот за Jужен поток по продолжиле цела ноќ преговори со Газпром.
Разврска дошла по разговорот по телефон на Б. Борисов со Путин.
  • Газот за Бугариа се намалува со 20%.
  • Гасоводот е 50/50 сопственост на Бугарија и Русија, како Бугарија нема да плати денар за него.
  • Газпром е наавил интерес за изградбата на газови електроцентрали.
  • Газпром става спонсор на ФК Левски.
БРАВО НА БОРИСОВ!
http://gazprom.ru/press/news/2012/november/article148552/
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
„Газпром“ има подготвено нацрт договор за приклучување на Македонија кон проектот „Јужен поток“.

Во текот на следниот месец преку руското Министерство за енергетика ќе биде доставен на разгледување во Владата на Руската Федерација по што ќе ни биде предаден Нацрт договор за потпишување.



http://kurir.mk/makedonija/vesti/75367-Dogovor-so-Gazprom-za-vlez-vo-Juzen-potok
Jас едно не гледам да се споменува во целата работа - РМ ке е потрошувач,транзитер или и двете?
Има информации,колко е заполнен постоечкиот гасовод во моментот?
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
330
Поени од реакции
104
Jас едно не гледам да се споменува во целата работа - РМ ке е потрошувач,транзитер или и двете?
Има информации,колко е заполнен постоечкиот гасовод во моментот?
Па потрошувач ке е, многу jасно, сите договори по трасето се потписани веке. Ама они и на тоа се радуват.
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Jас едно не гледам да се споменува во целата работа - РМ ке е потрошувач,транзитер или и двете?
Има информации,колко е заполнен постоечкиот гасовод во моментот?
fmi , сто пати ова го дебатиравме ...или сакаш да ме провоцираш или имаш меморија на златна рипка :rolleyes: ......за Македонија никогаш (повторувам НИКОГАШ ) не сум кажал дека е земја транзитер . Главната рута на гасоводот е одамна утврдена и ние на неа се приклучуваме .

Се разбира во иднина постои можност преку нас да се приклучат и Албанија и Косово , но тоа сеуште спаѓа во потенцијална можност ......

Сегашната искористеност на постојниот гасовод е незначителна поради што и цената е непопуларна . Со Јужен Поток очекуваме тоа да се промени ....

Па потрошувач ке е, многу jасно, сите договори по трасето се потписани веке. Ама они и на тоа се радуват.
Ништо ти не си разбрал .....
Радувањето братучед е во тоа што сестра ви Грчка по оваа тематика го доби ОВА.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Jacнo дeка не "разбрал", бугap e тoa.

Bиди бoлдoт подолy:


Рускиот Гаспром склучи договори со Бугарија и Унгарија за гасоводот Јужен тек, кој треба да поминува низ нивните територии, но правецот ќе ја заобиколи Хрватска.


Правецот на гасоводот од 3.600 километри ќе почне во Русија, ќе поминува по дното на Црното Море до Бугарија, а потоа и до Србија, Унгарија, Словенија, и ќе заврши во Италија, објави Правда во вторникот (20-ти ноември).

„Во моментов можеме само да кажеме дека Хрватска се разгледува како опција за изградбата на страничен крак за гасот, за да се организира снабдување за потенцијалните клиенти“, се вели во изјавата за SETimes на директоратот за информации на Гаспром.

Владата на поранешната премиерка Јадранка Косор ја отфрли понудата за Гаспром за 270-километарски главен правец и покажа интерес само за поврзување на еден крак на главниот гасовод, според Радимир Чачиќ, поранешен вицепремиер на Хрватска.

„Новата влада повторно го отвори ова прашање, посочувајќи на бенефициите од тоа Хрватска да има главен гасоводен правец. За жал, поради обврските на Русија кон Унгарија, ништо не се промени“, рече Чачиќ заSETimes.

Хрватска увезува скоро 70 отсто од својата енергија и е ранлива на флуктуациите на цената. Цените на електричната енергија и гасот се зголемија во мај за 20, односно 22 отсто.

Крајниот резултат беше економска загуба за Хрватска, рече Бранко Блажевиќ, економски аналитичар и член на хрватското Здружение на економисти.

„Јавноста не е запознаена со тоа колку, всушност, ние добиваме со Јужен тек и можеби тоа е, исто така, причина за тоа што работата пропадна“, рече Блажевиќ.
Хрватска ќе заработуваше околу 50 милиони евра годишно од транзитни такси, според експертите.

„Хрватската влада си постави свои услови, не направи ништо и чекаше Гаспром да ги создаде сите решенија“, рече заSETimesАлександар Горбунов, директор на Креатио реализацион консалтинг, агенција со седиште во Загреб, која се занимава со руските инвестиции во Хрватска.

Делот од гасоводот, во должина од 540 километри, што поминува низ Бугарија, а кој ќе чини 3,3 милијарди евра, исто така, покрена прашања.

Приходите од транзитните такси што Бугарија ќе ги собира во текот на првите 15 години од работењето на гасоводот, наводно, ќе бидат искористени за исплата на градежните трошоци на Гаспром.

„Бугарија нема да добие никакви приходи од овој гасовод“ во текот на овој период, се вели во соопштението на опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), макар што се потврдува дека партијата категорично го поддржува проектот Јужен тек.

„Што ќе се случи ако профитите на заедничкото претпријатие се покажат недоволни за подмирување на кредитот од Гаспром? Може ли Гаспром да го искористи долгот за шема на капитал во акции и да стане мнозински сопственик, или може ли да се случи на Бугарија да ј требаат децении да го врати долгот, при што државата во меѓувреме нема да добие дивиденди?“, запраша БСП.

Министерот за финансии, Симеон Џанков, рече дека нема да има државни гаранции или какво било државно финансирање за проектот.

„Економистите и енергетските експерти треба да одлучат дали Јужен тек е добар [за Бугарија], но ниту еден пени од државниот буџет нема да биде употребен за истиот“, рече Џанков за SETimes.

Oколу 18 милијарди кубни метри руски природен гас, кој влегува во бугарската мрежа кај Негру Вода во југоисточна Романија, се дистрибуира годишно во Македонија, Грција и Турција.

Откако Јужен тек ќе почне со работа, гасот ќе биде транспортиран преку 900-километарскиот крајбрежен дел на морското дно од Црното Море од Анапа во Русија до Варна во Бугарија и ќе влегува во постојната мрежа кај Провадиа.

Гасоводот се очекува да почне со работа на крајот од 2015 година. Во полн капацитет, истиот ќе пренесува 63 милијарди кубни метри руски природен гас во Европа годишно.

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2012/11/22/feature-02
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Да го обележиме моментот.

Ставрески: Македонија од самиот почеток e партнер во проектот Јужен поток




Како дел од Јужен поток Македонија ќе нема проблеми во снабдување со гас


Министерството за транспорт и врски веќе почнало постапка и изготвување и на студија за развој на регионалната мрежа, односно за секундарната и терцирајарна мрежа.
- Веќе правиме проектна програма и очекувам до крајот на годинава или најдоцна во јануари следната година да распишеме повик за изработка на регионалната дистрибутивна мрежа, бидејќи не е доволно да се развие само националната мрежа, туку треба да одиме чекор напред, информира министерот за транспорт.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ќути ја фативме куката од последниот вагон.
Треба да "плешеме" на меѓународната сцена, името Македонија е бренд кој задолжил многу држави, треба да искористиме секоја можност за да преживееме.
Јас тука би ја спомнал Бугарија која има многу интелегентна надворешна политика, таа е во нато и еу ама и добро игра со Русија.
 
Член од
25 јануари 2012
Мислења
130
Поени од реакции
68
И шо стана бе батка? Македониjа ке учествува ли во jужен тек? На какво се радува Ставрески точно?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom