Името повторно на маса?

Дали некогаш (хипотетички) би гласале за промена на името? (како услов за влез во НАТО и ЕУ)

  • Да.

    Гласови: 43 29,7%
  • Не.

    Гласови: 87 60,0%
  • Можеби.

    Гласови: 15 10,3%

  • Вкупно гласачи
    145

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
1) Темава е првично отворена од: @jamajka
2) Mодератор: @RickyLFC9
_____________________________________

Оргинален текст:


Името повторно на маса?

Медијаторот Метју Нимиц е подготвен одново да почнат преговорите меѓу Македонија и Грција за спорот со името, но прво да се состави новата Влада, пренесува грчкиот весник „Катимерини“. На почетокот од новата 2017- ма година Нимиц со план да го посети Скопје за да ги чуе новите планови на Владата, па Атина. Откако ќе ги добие потребните сознанија, весникот пренесува дека ќе се произнесе со конкрети ставови и предлози.
„Медијаторот на ОН, кој во септември се сретна со министрите за надворешни работи на двете држави, од искуство знае дека предуслов за да има напредок во преговорите е да постојат силни влади и во двете држави“, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Според весникот, западните дипломати стравуваат дека доколку се формира слаба и нестабилна Влада во земјава, тешко ќе се справи со затворање на спорот со името.

„Катимерини“ пренесува дека каков договор и да биде постигнат ќе биде неопходно да биде одобрен од широко мнозинство во парламентот.

Западните дипломати, како што пренесува весникот, велат дека грчкиот Министер за надворешни работи Никос Коѕијас е умерен за прашањето со името и дека направил позитивни чекори како Мерките за градење на доверба.

Тој во август годинава дојде во Скопје на средба со шефот на дипломатијата Никола Попоски. Тогаш тема на средбата не беше спорот со името, затоа што на Коѕијас му беше несоодветен момент порати тоа што наидуваа изборите.

„Прво, сум навивач на компромисите. Но, како што кажав на добрите компромиис а не на расипанирте компромиси. Компромис којшто ќе ни ослободат со почитување секогаш на историјта. Не можеме да ја менуваме историјата, но и не може да се продолжи и понатаму за да се напише нова историја“, изјави шефот на грчката дипломатија во август годинава.

Пред две години македонскиот преговарач за спорот со името Васко Наумовски, заедно со грчкиот Адамантиос Василакис беа на средба со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк, но немаше напредок.

Двајцата министри за надворешни работи, Попоски и Коѕијас во април во 2015 беа на средба во Будимпешта каде што разменија листи за мерките за градење на доверба, две недели подоцна во Њујорк грчкиот шеф на дипломатијата се сретна медијаторот Метју Нимиц и со тогашниот генерален секретар на обиденитете нации Бан Ки Мун кои разговарале за прашањето со името.

По средбите Македонија и Грција официјално ги затоплија заемните односи со меѓусебни посети.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Историја на Бугарија.
Како што на запад ги интерпретираат: Васил во Басил, Визант во Бизант,
така го интерпетираат:
вулгар - Булгар.
Бугари - погрешна интерпретација на грчки погрд назив на турците.
Крај.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Јасно и гласно НЕ. Би сакал тие што гласале Да, да образложат малку повеќе или барем да се јават тука...
 

DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.911
Поени од реакции
165
НЕ

Зарем може да рече некој македонец да за ова???
Зарем може ова да се постави како прашање???
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.103
Поени од реакции
5.754
Зошто не може да се види кој за што гласал?
 
S

silmarillion

Гостин
Ех пушти ја анкетава после кратење на плати во администрација. Вака со пун мев сите сме јаки на збор.

Ја не сум за мењање на името, бидејќи евентуална промена би можело за чудо да ја внесе Македонија во ЕУ, а тоа е место кај што најмалце заслужува да биде. Доволно е Бугарија и Романија што ги протнаа па сеа си ја чукаат главата кој им го сервираше тоа.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.622
Поени од реакции
12.432
Да.

420 000 ги ( нарочито пишувам ГИ ) гласавте СДСМ, кои на „дневен план“ им е федерализација, промена на устав, промена на знаме. КАД ЈЕ БАЛ НЕК Е МАСКЕМБАЛ
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
Да ја сум да го смениме името ама од ФИРОМ назад во Македонија, се друго не доаѓа во предвид а за оние што гласале под број 1:
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
За нато и еу сигурно не би го мењал, влез у нато и еу не гарантира подобар живот.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Хипотетички веќе имаме 6 продадени души(n)
јас веќе ги ликвидирав, се разбира хипотетички.
Инаку на темата. Ова прашање е можеби и патриотско, но според мене и човек што не го интересира никаков патриотизам би требало да биде против затоа што барањето од страна на грција е шовинистичко понижувачко и што уште не. Верувам дека дел од Грците и сега а уште повеќе во иднина ќе разберат за каква глупост се работи. Името на нашата држава е Република Македонија односно Republic of Macedonia и со тоа е разрешено се. Све друго се глупи шовинистички трикови на политичарите во Грција кои од ним познати причини го креираа и сеуште го одржуваат овој бесмислен спор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom