Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.749
- Поени од реакции
- 1.855
Дали се ценкате по пазари или прдавници додека купувате? Навика ви е, го практикувате тоа често или воопшто не ни помислувате? Ако е не, која е причината за истото?
Темава ја отварам дека уште си се смеам на една ситуација од вчера ... никогаш не сум се ценкала, незнам како и воопшто не ни помислувам да го правам тоа. Арно ама вчера ненамерно си купив поевтина маичка ... ми кажува продавачката колку е, и викам во ред ја земам, вртам уште некој круг по бутикот и се враќам на каса со двоумење колку пари ми кажа ... срам ми беше да ја прашам дека не поминаа ни 5 минути откако ми кажа, па си викам во ред ќе и дадам 500 ден. и ќе ми врати кусур колку што треба (мислев дека ми кажа 400 или 450 ден.). Типката ми ја дава маичката, дечкото на каса ги зема парите и си прекрстува раце. Јас чекам, чекам, чекам ... ме фати непријатно, гледам не реагираат и ја прашувам дали беше 400 или 450 ден. маичката ... таа ми се врти и ми вика: маичката е 600 денари, ама ајде за 500 ти ја давам дека толку ми остави.
Леееее срам! Почесто си купувам таму, има убавки работи ама незнам дали ќе влезам пак!
За тие што се ценкаат еве ви нова финта ... испадна баш така, како да се правам мутава за да ми намали цена ... премногу се усрамив, не ми се верува како можев!:icon_redf
Мојов случај на страна (морав да си го пишам дека ми тежеше ), продолжете си на темата